Ферус Мустафов и се` е можно!

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Нора Шаќири, Тони Михајловски, Ферус Мустафов се значајни имиња од македонската култура според авторите на учебникот по општество за петто одделение во основното образование.
Колку е непроценлива вредноста токму на овие личности за македонската култура па морале да бидат ставени во учебник не одговори министерот Тодоров, сепак одговорноста за содржината ја префрлува врз рецензентите на учебниците.
„Точно, затоа и тие рецензенти се ставени на корицата, можеме да ги прочитаме нивните имиња и они со нивниот професионален дигнитет и кредибилитет стојат веројатно позади тоа што го рецензирале. Доколку има пропусти, нормално се нарушува и кредибилитетот и професионалниот дигнитет на оние кои што ги рецензирале учебниците“, изјави Никола Тодоров, министер за образование.
Рецензентот на овој учебник професорката Антоанела Петковска од Филозофскиот факултет тврди дека немала ингеренции да се меша во неговата содржина.
Открива дека има низа недостатоци во начинот на рецензија на учебниците и таа најчесто била од технички карактер, се оценувале сликите, застапеноста на темите и слично, а помалку содржината, за неа биле одговорни авторите.



Министерот Тодоров признава дека не го прочитал овој учебник иако е испечатен од неговото министерство, а за содржината не можел да коментира.
„Ниту јас ниту било кој во државата не може да биде стручен и да ја еволуира содржината на секој учебник“, додаде Никола Тодоров, министер за образование.
Потпишани автори на учебникот се Кристина Краљева, Весна Павловиќ, Елена Станојковиќ и Соња Кирковска. Може да се забележи дека авторите меѓу значајните личности за македонската култура не ставиле сликари, музичари и писатели.
Па така нема имиња како Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Тодор Скаловски, Гане Тодоровски.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
И јас би се насмеал на хонорарите као рецензент (заради тоа и постои рецензијата) или одговорен у МОН, а да не одговарам за она што го потпишувам. Изи мани...аур мани
Резил за оние кои го подготвиле учебникот и за министерството (за МОН btw ова е резил по ен-ти пат)...со наши пари можеле да го стават и Бојан 13.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Док неаме деца или фамилија до седмо колено која ќе учи од овој купусарник - да...
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
- Добро деца, денеска ќе испрашувам за модерната македонска култура.
Трпе, дали можеш да ми кажеш која е омилената разонода на Тони Михајловски и Нора Шаќири.

Трпе: Пушење марихуана и бодење во вена?


- Точно. А можеби и знаеш колку пари бара Ферус по свадба.


Трпе: Ех тоа е лесно наставниче, 500 евра.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Док неаме деца или фамилија до седмо колено која ќе учи од овој купусарник - да...
А како тек ќе се бориш против Сцили и Харибди...кога ќе треба мимо "фактите" од учебникот (па и оние за другите предмети) да му објасниш дека дел од тие факти се сосем поинакви, па кога за истото ќе се фатиш во костец со предметниот наставник (ќе се замериш), па кога ќе му стави послаба оценка затоа што "не учел" како што пишува во книгата...ќе газиш и газиш по трње ако сакаш дете да ти научи она што треба, во спротивно ако го оставиш на учебниците, ќе добие "знаење" кое ќе се коси со она во средно, од интернет податоци, на факултет, во муабет и контакти, на работа...макар и од општа култура.
Се ми се чини како свесно да не праат американци, ако не со стандард, тогаш со знаење. Реално, шансите вакви податоци случајно да минат низ толку голем број лица кои истите ги контролираат + рецензентите, се мнооогу мали...доколку секој од нив си ја вршел работата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom