Ферари го направи првиот моторцикл

Член од
7 јануари 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Ferrari на две тркала кое и Michael Schumacher радо би го јавнал. Ова сосема сигурно не е првиот обид да се направи Ferrari на две тркала, но сосема сигурно е дека спаѓа меѓу најдобрите досега. Мотоциклот Ferrari пред се, се одликува со реален и оригинален дизајн.


Славно време на мотоциклот Ferrari била 1970 година кога главните инженери на Ferrari навистина конструирале тркачки мотоцикл, кој сега би вредел повеќе од половина милион долари, а бил посветен на легендарниот Enzo Ferrari.
Во 80 – те години од минатиот век легендарниот конструктор на мотоцикли, Arlen Ness, направил chopper мотоцикл на основа на автомобилот Testarossa.

Минатата 2007 година, направен е custom мотоцикл наречен Scuderia Ferrari Chopper за пензионираниот Michael Schumacher кој започна интензивно да се занимава со мотоциклистички трки. Ferrari V4 Concept го придвижува мотор од автомобилот Ferrari Enzo кој има 8 цилиндари помалку.

Концептниот мотоцикл кој го гледате на приложените фотографии го смислил израелскиот дизајнер Amir Glinik, кој целокупниот дизајн на овој мотоцикл првин го подредил на теоретското размислување.
Погон на концептниот мотоцикл за почетокот го земал оригиналниот V12 мотор од серискиот Ferrari Enzo и го намалил само на 4 цилиндри за моторот да може да се вметне во рамот на мотоциклот и да придвижува само едно тркало.

Така настанал мотоциклистичкиот V4 агрегат на Ferrari. Оклопот на концептниот мотоцикл Ferrari V4 е футуристички, со чисти линии и многу впечатлив.
Кога ги одредил димензиите на погонскиот V4 агрегат и го одредил издувниот систем, останатото за него било само рутина. Обликот на оклоп на концепниот мотоцикл Ferrari е футуристички, со чисти линии, но многу впечатлив.

Контролата и сигнализацијата во кокпитот е изведена по пример на надзвучниот ловец F-16. Уверени сме дека Michael Schumacher дефинитивно му се израдувал на овој концепт и со желба чека да го јавне.




 
С

Спенсер

Гостин
а колку кубика,коња,максимална??има такви информации:??
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Само што моторот сеуште не е направен, туку е концепт. Онака, нацртан на компјутер :toe:
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
според мене тешко сра*е со футуристички дизајн :) позз
 

devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
Kako sto rece acid ova e samo kompjuterska slika.Inace motorov e top.Se nadevam deka Michael Schumacher prv ke go proba!:smir:
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
нема ветробранско стакло колку што приметив а и држачите за стапала или како се викаат се многу назад па терсене ке бидат за тргање инаку чекаме да видиме краен производ, овака не ми се допаѓа
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не сум љубител на мотори, повеќе сакам SUV автомобили, но ми се допаѓа моторов, иако се` уште не е конструиран. Фантомски дизајн.
Но колку што е убав, толку може да биде и кобен...
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Не ми се свиѓа некако ама воопшто. Многу чудно ми изгледа а и непрактично.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Топ е мотовор!!! Мислам дека би можел да биде мааалку повисок ама топ е и така!:).
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
изгледов некако ми е глупав особено од напред:nenene:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom