- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.942
- Поени од реакции
- 12.342
Ама на феминистките не им е поентата во тоа да имаат исти можности за вработување и исти плати како мажите.Ако сакаат феминистките да прават повеќе пари, нека научат занает и нека редат плочки, изолација, ѕидање, клима монтери и тн и тн... и ќе добиваат поголем принос !
На феминистките поентата им е во тоа дека со милениуми жената била домаќинката која го одржувала домот и ги чувала и ги израснувала децата, а сега кога дојде времето на рамноправноста, треба да следува и ретроаткивно наплаќање за сите тие милениуми робување на жената во домот додека мажот се шетал по биртии.
Ем сакаат да бидат платени за маките на нивните претходнички, ем сакаат да си ги сменат местата со мажите - сега мажот да го одржува домот и да ги чува и да ги израснува децата, а жените да шетаат по модни ревии, галерии и театри - е не, по биртии ќе шетаат - но не се до толку расположени да копаат и да садат или да мешаат малтер, бетон или лепак за плочки. А сепак некој ќе мора да го ора, сее и жнее полето, сепак некој ќе мора да ги меша малтерот, бетонот, лепакот за плочки, сепак некој ќе мора да копа по рудниците, ама тоа не им е меѓу омилените професии на феминистките - секоја им чест на исклучоците за кои претпоставувам дека сепак постојат.
Феминистките во пракса сакаат се` што е лесно за нив, а се` што е тешко за мажите.
Тоа не е модел за рамноправност, туку модел за поделба на луѓето и понатамошно деградирање на општеството.