Фан клуб: BMW

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.344
BMW (Bayerische Motoren Werke)е германска марка на автомобили, мотори и моторцикли, со седиште во Минхен, Германија
Компанијата е основана 1916 година. БМВ исто така ги поседува и произведува брендовите Мини и Ролс Ројс. БМВ произведува и моторцикли, БМВ Motorrad иHUSKVARNA. БМВ е познат по своите луксузни автомобили со високи перформанси
Мотото на компанијата е “The Ultimate Driving Machine” од англискиот јазик


Историја

БМВ компанијата настанала 1916 година, кога Густав Ото ја здружил својата авио компанија со фирмата RappMotorenwerke. Првата година, новооформената компанија се бавела со склопување на В12 мотори за потребите на Austro-Daimler кои подоцна станале Mercedes-Daimler
Називот Bayerische Motoren Werkeнастанал во 1917 година откога и заштитен знак на фирмата е кругот со плаво-бели бои
После Првата светска војна, БМВ бил приморан да прекине со производство авионски мотори според условите на Версајскиот договор. Поради тоа компанијата почнала со производство на моторцикли во 1923 година. Кога Версајскиот договор престанал да важи, компанијата повторно се вратила на производсвто на автомобили во 1928-1929 година. БМВ во 1928 година го превзема германскиот производител на автомобили Eisenach, кои во тоа време го произведувал моделот Dixi под лиценца од британскиот Austin. Кога во 1931 година истекла лиценцата за Dixi, БМВ го дизајнирал својот прв модел под назив 3/20. После тој модел следи моделот 303 со карактеристична предна маска во облик на 2 бубрега

Моторцикли

БМВ почнува да произведува моторцикли после првата светска војна под називот BMW Motorrad.
Први модели билеHelios, Flink а потоа првиот успешен моделR32 со boxer motorom
За време на втората светска војна се произведува моделот R 75, моторцикл со приколка од страната, користен во голема мера од страна на Vermaht.Во 1983 се воведува К-серијата со водено ладење на моторите, а во почетокот на деведесетуите години од 20 век, воздушното ладење се заменува со делумно ладење со уље.
2004 година на пазарот излегува K1200S Sports Bike со 167 коњски сили
Во Јули 2007 година го купуваат шведскиот Husqvarna за 93 милиони евра

Модели на автомобили

БМВ Серија 1 – е најмал модел на БМВ, кој излезе во верзија coupe/cabrio (E82/E88) иhatchback (E81/E87).
БМВ Серија 3 – првиот модел е излезен 1973 година како Е21, потоа следатЕ30, Е36, Е46 и актуелниот Е90 од кого настанаа Е91 Touring, Е92 Coupe и Е93 Carbio
БМВ Серија 5 – Прв пат се појавува во 1972 година и до сега е 6 пати обновувана. Првиот модел носи ознака Е12, потоа следат Е28, Е34, Е39, Е60/61, актуелниот модел F10/11 и 5-Series Gran Turismo F07
БМВ Серија 6 – 1976 излегува првиот модел E9 coupé, а во 2003 излегува актуелниотcoupe/cabrio E63/E64. За2011 се најавени моделите F12 coupè i F13 cabrio
БМВ Серија 7 – прв пат излегува во 1977 како најлуксузен автомобил од БМВ. Првиот модел имал ознака Е23, потоа следат Е32, Е38, Е65/66 и актуелниот F01
БМВ Х1 – Х1 е компактен SUV кој се произведува од 2009 година
БМВ Х3 – Х3 (Е82) е базиран на моделот Е46 од серија3, и прв пат е произведен во 2004 година
БМВ Х5 – Првиот модел се произведува од 1999 како Е53, а после него следи актуелниот Е70
БМВ Х6 – Направен е врз база на Х5 Е70. Почнува да се произведува од 2008
БМВ Z4 – Замена на претходните BMW Z1, BMW 507, BMW Z8, i BMW Z3 модели. Фабричка ознака на актуелниот модел е Е89

М – Модели

М3 – Прв пат се произведува 1986 и има ознака Е30 М3, следат Е36 М3 од 1992, Е46 М кој излегува во 2 верзии купе и кабрио
Актуелните модели имаат ознака Е90 М3 лимузина, Е92 М3 купе, Е93 М3 кабрио
М5 – Базиран на стандардната Е28 лимузина, излегува 1984 со ознака Е28 М5. Во 1989 излегува новиот Е34 М5, 1998 Е39 М5, 2006 Е60 М5 а за 2011 е предвидено да излезе F10 M5
М6 – 1983 излегува E24 M635CSi M6. Актуелниот модел M6 Coupe (E63/64) се произведува од 2005 година
Х5 М – Се произведува од 2009 година
Х6 М – Се произведува од 2009 година



БМВ е еден од автомобилските брендови со најголем број на фанови, меѓу кои сум и јас. :D
Се надевам дека на форумот има уште многу фанови на БМВ, па така што ќе може да дискутираме околу нивните модели, новости, планови и се останато поврзано со овој бренд.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
интересно е што кај серија 5 турбо дизел мотор категорија беше прогласен мотор на годината и тоа четири пати по ред:)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Kолава :love:
Оштра кривина со 120 си ја фаќа без мака,не се ни осеќа колку возиш :D
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.344
Новиве модели на серија 3 (F30) со дизел мотор им се интересни сега
Солидни перформанси со многу мала потрошувачка (од околу 5 литри градска), а богами и на око е одлична
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
Новиве модели на серија 3 (F30) со дизел мотор им се интересни сега
Солидни перформанси со многу мала потрошувачка (од околу 5 литри градска), а богами и на око е одлична
за таков мотор турбо дизел ме интересираше само ме замисли што велат дека имал маана околу дизни или бош али јас не верувам.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.344
За овој модел е рано да дискутираме околу тоа. Да помине некое време па ќе видиме како ќе се покажат. Сеуште е нов модел на пазарот
Но штом држат цена, мора и квалитет да понудат добар :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Па се знае кои се најдобри. БеЕмВе :love:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Освен 1 и X сериите сите други автомобили им се одлични.Таков баланс помеѓу агресија и отменост во изгледот нема ниеден друг производител.Перформансите се одлични и благодарение на задниот погон овозможено е прекарсно управување.Меѓутоа нешто што најмногу го мразам кај БМВ се сопствениците.Има и фини сопственици кои не се понашаат како да го фатиле господ за јајца но поголем дел од сопствениците на БМВ се без елементарна сообраќајна и општа култура и се најголеми идиоти.Се однесуваат како мафијашки босови иако не се ништо освен татини мази со БМВ купено од последната заштеда на тате за синчето да биде најјако во градот.Исти е случајот и со споствениците на мерцедес.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ама БМВ биле многу гади во нарачките.
Дека вујко ми работи во фабрика за цевки во Швајцарија(цевки за моторни возила),вика БМВ се убедливо најгадни за нарачка.Ако порачале точно 157 цевки,а ти му дадеш 158 цевки по цена од 157,цела нарачка ти ја враќа.Исто и обратно,порачал 156,ти си му дал 157 ги враќаат :D :D
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Кво ште кажете за F07 Grand Turismo?
 
Член од
7 јули 2012
Мислења
42
Поени од реакции
26
Да ве прашам нешто.Дали се знае цената на овааа МАШИНА Бмв М5 Ф10 ! Ако ја знае некој нека пишува ! :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: m58-1.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom