Многу е тешко да се преболи, да водиш 19 разлика, и во последните секунди да не решат. :cry:
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)
Инаку денеска според мене Латовиќ беше најдобар од нашите, феноменално изигра, а за останатите ќе го кажам следното - Богоев просечно се трудеше колку можеше ама нешто не му одеше како што треба, Дарко Соколов - една од неговите послаби игри, Тони Грнчаров - извинете ама денес на утакмица скоро ништо не покажа од квалитетот кој го поседува, Пуповиќ - досега така не го бев видел да игра, Тасовски - се изнапромаши, Бошњак - можеше и подобро ама не беше лош денес, Грујиќ - како втор центар во тимот искрено добро изигра, се градеше, даваше кошеви. И нешто да му забележам на Давитков е тоа што ме разочара бидејќи не го пушти Виктор Крстевски во игра, според мене човекот е цар во кризни моменти, поточно кажано џокер од клупа.