Одлична игра на Де Блекере и Штарк,едноставно фантастични беа заедно со нивниот колега Бусака оваа сезона.Воопшто не се нервирам затоа што знаев дека ова ќе заврши вака уште од 61 минута на Бернабеу.Вечерва повторно познатиот Де Блекере си ја заврши работата против Мурињо што му беше доделена од УЕФА(овојпат успешно за разлика од лани),ни поништи чист гол на Игуаин ај да речеме да не се важи голот но фаул над Маскерано ало па Роналдо додека паѓал имал намера да го удри со грбот,СМЕШНО.Да не ги споменувам безбројните фаули што не беа досудени пред шестнаесетникот на циганите и вечерва се покажа дека никој не смее да го фаулира хобитот и колку само Бускец е одличен глумец,БРАВО.Е сега што се однесува до нас
Касиљас-треба ли нешто да се каже?Фантастичен тоа е зборот со што можам да го опишам нашиот капитен
Албиол-колку и да го мразите тој вечерва одигра одлично за негови можности иако сезонава правеше грешки кои значеа многу
Арбелоа-вечерва одигра одлично,прво не му дозволиа на виља ама баш ништо да направи освен да се дере кон публиката,а исто и во нападот имаше неколку одлични моменти
Карваљо-мислам дека денеска не беше негов ден,иако сезонава е најдобро засилување во одбраната што можеше да биде донесено
Марсело-во животна форма и еден од најдобрите играчи сезонава,денеска беше фанастичен постигна гол едноставно немам зборови за тоа каков класа играч е Марсело и само нека продолжи да игра како офанзивен бек
Рамос-не играше вечерва,оваа сезона беше ај да кажам просечна за него,иако играше добро сите знаеме каков е вистинскиот Серхио Рамос кога игра во најдобра форма
Пепе-борбениот психопат кој го засакав сезонава,одлично играше и покажа да игра дека може да игра и во средината и тоа многу подобро отколку како стопер
Гарај-не добиваше шанси цела сезона туку беше резерва и гледаше како Албиол прави грешки како стартер и тука мислам дека Мурињо направи грешка
Ласс-вечерва одличен,иако не добиваше многу шанси како стартер покрај Кедира се на се просечно добра сезона за Ласс
Чаби Алонсо-вистински предводник на тој дел од средината,вечерва и не толку сјаен,но уште една одлична сезона за Чаби како и минатата
Кедира-иако малку несмасен и со не баш добро чуство за гол и за додавање,Сами беше одлично засилување во десктруктивниот дел од срединта и мислам дека уште многу ќе гледаме од него
Гаго-јас не се сеќавам доби ли човеков шанса бар да игра на два натпревари,така да нема да коментирам.
Гранеро-Ел Пиррата ова сезона не добиваше толку шанси како лани кога беше стартер и можам да кажам дека имаше добра сезона за неговите играчки способности
Педро Леон-Каков гол против Милан
во наместената утакмица на Сан Сиро,иако многу се надевавме мислам дека доколку добие шанса има уште многу да гледаме од Ел Мотиво
Каналес-мислам дека следнава сезона подхитно треба да иде на позајмица некаде,затоа што нема за него сеуште место во Реал Мадрид,иако мене сеуште ме потсеќа на Гути
Кака-многу очекувавме оваа сезона од него,но повторно тие не беа исполнети,прво онаа повреда која траеше до Јануари,па сега ова вечерашно бледо издание против циганите,оваа сезона само против Билбао и Валенсија го видовме Кака кој го чекаме две години и мислам дека од него тешко веќе дека ќе гледаме фудбал така да следна станица Манчестер Сити
Ди Мариа-фантастичен според мене најдоброто засилување ова лето заедно со Озил,одличен техничар,добар шут и одличен дриблер,како и целата сезона и вечерва одигра одлично,БРАВО
Озил-Германскиот Турчин си продолжи да игра во истата добра форма како и во СП,како што кажав тој и Ди Мариа се најдобрите засилувања во нападот оваа сезона
Кристијано Роналдо-колку сакате можете да плукате по него,но тој е за мене најдобриот играч на светот,оваа сезона ни донесе титула во купот,многу голови и радост,вечерва беше исто така добар и мене ме нервираа некои негови реакции како онаа во средата но сепак неможете да плукате толку по играчот кој значи многу
Игуаин-не толку добар почеток на сезоната,потоа онаа повреда од 6 месеци и сега овие бледи партии донесоа многу лоша сезона за нашиот минатогодишен најдобар стрелец
Бензема-многу долго го чекавме да проработи,многу нервози ни донесе,но потоа се разбуди конечно и го видовме оној вистински Бензема од Лион и можам да кажам дека тој ни донесе 1/4 финале и победа против Лион
Адебајор-дојде на почетокот на втората полусезона,неколку голови(оние најважни со кои го поминавме Тотенхем) и се надевам дека ќе остане и до година затоа што навистина се трудеше и беше борбен како и вечерва така оние други натпревари
Мурињо-освен оној дебакл против циганите,за друго не можам да му замерам,едноставно тој е најдобриот тренер на светот и се надевам дека барем уште 2-3 години ќе остане со нас
Тоа е за оваа сезона имаше многу успеси и падови,многу нервирања и радости,една титула во купот после 18 години,трофеј унаказен од Рамос и полуфинале во ЛШ за кое не жалам што испаднавме затоа што видовме кој ја заврши работата.Да се надеваме дека УЕФА нема да биде толку пристрастна догодина и дека конечно ќе гледаме Фер Плеј.
!!!HALA MADRID!!!