С
сашенко
Гостин
Милер играше добро против Рафа и на Вимболдон исто очекував и тука и се покажа во првиот сет како силен противник ама не издржа до крај.Ме радува тоа што Надал почна пак да игра агресивно и полека почнува да си ја враќа самодовербата.Во Синсинати и Монтреал премногу грешеше и кога ке почнеше да игра агресивно и да нападне со форхендот многу често претеруваше со топката и губеше поени од изградени позиции.Како изминува Us Open почнува да игра се посамоуверено, игра одлични поени, форхендот и бехендот функционираа одлично против Милер сега, сервисот може уште се подобри ама полека, има време.Ке мора да работи уште многу за да влезе во топ форма и да се врати на старите патеки.На почетокот не верував ни до тука дека ке стигне но ете стигна и тоа со добра игра која ветува.Родик мора да го помине мада очекувам тежок дуел тука а со Мареј ке биде вистинскиот тест.На Us Open Мареј секогаш правел проблеми и ако успее сега да го помине ке биде феноменално.Еве хајлајтс од мечот со Милер