Не би се сложил дека екипата е послаба од лани.
Како и дека ова е лош трансфер периодот досега.
И ние бараме преку леб погача.
До пред две години дркавме на Мараш, кој дојде како тотален анонимус од Академија Метличич-Балиќ Сплит
, сеа не ни чинат Сери, Хосни и Дејвис.
Носиме 2 играчи од Француска лига ( втора најјака лига во светот).
Нешто шо беше незамисливо до ова сезона за Пелистер.
Самиот факт шо си член на тим од Стар Лигата во Франција значи дека си постигнал нешто во светот на ракометот и дека вредиш.
Дејвис е играч шо долги години е по француските лиги, играл во Порто итн, шо значи нешто, самото то кажва нешто за играчот и за неговиот квалитет.
Го носиш голманот на Словенска репка, ко беа 3ти во свет.
Голман шо долги сезони бранеше во Бундеслига и беше прв голман на Хановер.
Го носиш првиот пикер на македонската репка, чоек шо се докажа во Бундес Лига дека не е за фрлање. ( јас му замервам на дечкото шо не игра одбрана, ама сепак тој е мој вкус, инаку за напаѓачките квалитети неам замерка).
Носиш Руски репрезентативец, Мотор Запорожје не беше шогоде тим, а дечкото се докажал таму низ годините, значи има квалитет.
И ПАК НИЕ НЕ СМЕ ЗАДОВОЛНИ?
Е, не можи 20 играчи да земат странци, по 5 играчи да имаме на секоја позиција, ко Киелце, за да се задоволат страстите овде/
Треба постепено да се гради екипата.
Ако ги анализираме реално играчите, споредба ланската бековска линија со оваа сега, на бековска позиција добиваме 4 играчи од калибар шо ни фалеше лани.
Нешто шо ќе го напрај нашиот напад далеку поопасен, за рзлика од минатите сезони.
Руди Сери е играч во 2 правци, со богато искуство зад себе.
Не знам дали се сеќава некој на него, пред 3 години играше во Бидасоа Ирун ( Шпанија ), кои беа во иста група со Работник.
Страшни партии даде дечкото, топ во раката, шутој страшни, од 10 метри, мислам дека ќе се увери за брзо рајата овде за шо зборам.
Овај е поснажен од Стипе, потежок за чување за противниците.
Шо е многу поважно Сери игра салам одбрана, за разлика од Стипе манекенот, Периќ кои беа бескорисни во одбрана.
Многу е важно ова, да добиеме играчи во екипа шо нема да има потреба по секој напад да трчаат назад за да се сменат.
Се прај хаос во концепцијата, а и на останатите играчи од одбрана им се отежнува дефанзивата, дури да се намести одбраната и да се позиционират играчите и да се постави зоната веќе сме примиле гол од брз центар.
Да не прајме муабет за грешките при измена шо ги праевме лани, дури чекавме да се сменат Граџан, Периќ, Стипе.
Ехеее, дури да се сменат овие веќе ни кренал судијата рака за пасивен напад.
Па се чудевме после зошто не можевме со екипи како Нексе, Вардар дома ни до 25 гола да стигниме. ( ова беше заради слаба тактика, лош избор на играчи на Бабиќ и немање храброст да се нападни противникот машки).
Помина времето на еднонасочни играчи, за брзо ќе ги снема од елитниот ракомет.
Друга работа, сите го забораваат Павле Аанасијевиќ.
Не знам зошто се тресат луѓето дали ќе се погодел Дејвис, кога веќе го имаме Павле.
Дечкото е машина, можи да игра на сите бековски позиции, плус многу важно знај одбрана да игра детето, со него во екипа можиме да имаме квалитетна 5-1 одбрана, а зошто да не е 3-2-1,. ете кога веќе ги имаме и Радовиќ и Маџоски на 2 и 5, нешто шо немавме лани, кога со оние играчи единтвено шо можевме да си дозволиме беше да се игра статична 6-0 зона.
Долги раце има, брзина, координација, кондиција, можи да игра во два правци без замена најмалку 10-15 минути по полувреме.
Плус, има страшен удар детето, не е ни чудо, широк распон на раце, добар скок, брзина, координација, преглед на игра.
Лани то ни фалеше на среден,, некој да растерети во напад и да извај некој скок шут, да ја рашири одбраната на противниците.
Периќ безопасен од надвор, прочитана книга, единствено некоја под зона топка ако поминеше.
Тоа го знаеа и противниците и ја затвораа средината.
Не треба да фрлаат пари за нов среден бек, греота е ваков играч да имаш, а да не му дајш шанса.
Мислам дека детето ќе експлодира сезонава,ако му се дај шанса.
Дејвис, интересен играч.
Сигурно не стигнал до кај шо е ако немал квалитет.
Португалците отсекогаш имале одлични бековски решенија, а со она искуство шо го има сигурно треба да се смета на него.
По она шо ги видов од клипојте, дечкото или веќе дедото има то шо ни треба.
Добра моторика, брзи нозе, добра техника, а и солидна висина за среден, за разлика од хендикепот на Периќ во висина, шо го оневозможуваше на скок шут игра.
Многу негативни коментари, демек стар бил, ваков бил, таков бил, во Иври не играл стандардно.
Чекајте бе, нека изигра некоја утакмица, овде уште недојден му залепија
ЕКСПЕРТСКО МИСЛЕЊЕ ДЕКА НЕ ГО БИВА.
Мислам дека ќе се покажи стариот, за да ги демантира скептиците.
Посебно со неговата 1 на 1 игра, за да ги разигра пикерите, за кои ќе треба доста напор од бекојте за да добијат топки.
Плус и Павле има добра соработка со пикерите, тука добиваме доста.
И Жарета и Васиљев се тешкаши, со не толку сјајни и елегантни движења околу линијата, ќе треба добро да им се сервираат топки за да бидат опасни кон голот.
Ама, ако е опасна бековската линија со шутеви од надвор, то ќе значи дека противнците ќе мора да излегуваат на бековите, па ќе се отвори простор за пикерите.
За среден бек е добро затворена позицијата.
Плус тука е Танкосен
, сеа опоравен од рскавицата, јачи него икад, можи ќе му тргни.
Самиот рече дека е ова неговото време, па да видиме.
Муабетите од типот на Данци, Скандинавци, на позајмица, или не знам кој се крајно лош и непотребен потег.
Нема потреба од позајмица на играчи.
Ниту пак да се трупат некој краткорочни решенија, или пак некој повредени играчи, па да го чекаме да се врати ко во најдобрите деној, за 1 сезона.
Таман дошол, да замини.
Хосни.
Доста интересен играч, далеку побрз од Мараш, шо е нормално, Мараш беше 203 см, тежок на нозе, на прв чекор, слаб на техника и склон на технички грешки.
Овај е различен тип на играч, шо појќе би ни бркало работа, за разлика од лани кога цела сала урлаше Мараш да се одважи и да шутни.
Лесно е со Татабања и со АЕК, кога водиш со 10 разлика на 10 минути до крај да шутираш.
Важно беше во утакмиците кои висеа, со Вардар,, Нексе, да имаме бекап од десната страна.
А, Мараш беше премлад да го износи товарот, плус не беше калибар на играч за прва постава.
Чоек шо се плаши да се крени на шут, таман се кренал, ја изгубил цела сила во скокот и на крај вади шут шо е лесен плен за просечен голман.
Требаше да се задржи, како втора опција, ама веќе ко се решил за таму кај шо замина нека му е среќен патот.
Мислам дека Хосни ќе биди еден од новите лидери на екипата.
Никогаш Пелистер немал ваков десен бек, отсекогаш десниот бек беше најдефицитарна позиција.
Ехеее, од времето на Лазаров се мачиме за десен бек шо ќе има важна улога во екипата.
Кој се не помина овде, па и во времето од 2004/5, со Пепи, Мојсо, Бранче, Кире Поповски и пола репка во екипа немавме десен бек салам.
Чекавме Олег Маљцев да се опорави
, се изначекавме цело сезона, ја поминавме со Пинки, кој на 20 години го изнесе цел товар во сезоната.
Е,сега за замена за Хосни и Сери, тука е маката и евентуални несакани повреди на овие двајца би можеле да ни донесат проблеми.
Велковски покажа дека има сенс за асистенција до пикер, крило.
Ама, маката со дечкото е шо се враќа од тешка повреда, а да се вратиш од таква повреда не е едноставно и ова е коцкање со ваков играч да тераш сезона..
Плус, хендикеп е шо не игра одбрана, единствено би нашол место со Радовиќ на 5ка, овај да оди на последен.
Ризик е со Велковски,ама ќе видиме да не брзаме.
Овде можи има простор за едно засилување, некој различен калибар од Велковски, пред се во висина и шут.
Кукуловски е интересен играч и заслужва да му се дај шанса, борец е, има предиспозиции.
Добро е шо ги вклучија Петровиќ и Ѓорѓовски, требаше и на Арсеновски да му дат шанса.
За да биди сликата комплетна.
Е, сеа ќе видиме, дали Петровиќ и Ѓорѓовски се земени само да тренират со првата екипа или ќе ги задржат,
Штом не ги објавија како Цветан и Павле, најверојатно калкулират засега со децата, чекат уште некое засилување, шо не е добро за децата.
Подобро ќе биди ко веќе се земени со првата екипа да му дат шанса, да се докажат, макар до полусезона, пред да ги вратат во втора екипа.
Ако веќе не сметат на нив и планират да носат нови играчи, треба да се уиграват со втората екипа.
Веќе следат мечевите со Алпла Хард.
Ќе видиме, јас сум оптимист и мислам дека ова екипа ќе напрај многу работи ова сезона.
Само треба да му се дај подршка.
Не смејме уште непочнати да ги критикуваме и да му прајме притисоци.
Бабиќ доби 100 шанси, шо не ги заслужи, никој не му праеше притисок до ланска сезона.
Треба да се остај Валтер, да му се дај некој грејс период од некој месец,
Сигурно не е чоеко за фрлање и знај шо прај и шо играчи има на располагање.
Многу важно ќе биди за натамошниот тек на сезоната шо група ќе добиеме во ЕХФ Лига.
Па ќе знајме шо да очекуваме.
Како и да е, на добар пат сме да напрајме нешто солидно, шо ќе трај подолг период.
Само треба трпение, ништо не можи преку ноќ.
Пелистер до 2019 година беше на рангот на Пролет, Охрид, Бутел, сеа бараме преку леб погача, не сме задоволни од ништо
А, дотогаш треба од Општина да го реализират то идејно решение за салата, нема веќе шо да се чека.
На Битола очајно и е потребна модерна сала од најмалку 5000 гледачи, не само за спорт, еве концерти ќе се прат, ќе се рента за митинзи
, деловни простории, теретани, кафани и слично.
Исплатлив проект е, лесно можи и треба да се напрај, само треба бекап од луѓето во костуми.
Изговори не смеј и не треба да има.