Загубија добиен меч.
Клучен беше зицерот на Павлетиќ за +3.
Можеше да се добие мечот.
Не е ни важно шо изгубија, сепак се работи за пријателски турнир.
Џабе толкава тензија се прај, за небитен турнир.
Не им доликува на професионални играчи, со толкави плати да се однесуваат така, на пријателски меч, без значење.
Поважно беше да не се повреди некој.
Играта мене ме загрижва, пак истите рани од ланската сезона.
Не само со Вардар, и со Металург се мачеа, држ не дај работата.
Иако позитивна работа е шо ростерот доби на ширина, пред се на бековска линија, Обрадовиќ и Табоада се покажаа како солидни засилувања.
Плус го добивме Радовиќ, да не се тресиме со Мараш и Мартинче.
Дечкото е алфа и омега за горенаведените, да не прајме муабет за одбраната, камо да имаше некој см плус.
Околу мечот со Вардар.
Многу грешки, избрзани.
Посебно на бековската тројка во иста постава- Периќ- Мандалиниќ- Мараш.
Не ми е јасен Бабиќ со тие хокеарски измени на цели бековски постави, без да се види дали тие играчи можат да функционираат заедно.
Против 5-1 зона се губат овие тројца, не ми е јасно.
Статисти Стипе и Мараш, укопани в место.
Прочитани ко селски буквар.
Периќ е пребрз за нив во иста постава, без движења од другите бекој, или помош од пикер џабе се форсира дечкото.
Не е ни чудо шо еден куп топки се изгубија, фрлени без идеја.
Ај Мараш го разбирам, младо е детето, зелено.
Ама Мандалиниќ, толку еднолиниски играч немам видено, ако му го скратиш просторот, без да има простор за скок шут се губи тотално дечкото.
Невидлив, какво пробивање последен напад, леле, леле.
Ни крило да види, абе ништо,му ја поклони в раце топката, браво, цар.
На 10 секунди до крај на продолжение.
Една топка до лево крило не пушти, ни да вкрсти со десниот бек, ни да влези во директен дуел со играчот шо го чува, па со некоја финта или да се пробие или да пушти топка до пикер..
СТАТИСТ ДЕЧКОТО, неам коментар, сеа гледам зошто не му се играше во Бундес Лига и се врати назад, во познати краеви.
Настрана шо е подложен на повреди.
Арно 2 пенали даде, колку да има нешто во статистиката за дечкото.
Иначе празно ќе беше кај него.
За таа плата шо ја зема дечкото треба стативите да ги крши.
Периќ ко ќе игра заедно со невидлив Стипе, односно да му прај игра на Стипе исто изгубен, сега немаше простор за пробиви, зошто одбраната на Вардар беше погуста.
Упорно, пикер бара на секое, или дијагонала до десно крило, еден куп топки фрли во ветер.
И со тие пеналите и квази шутој, аман жити се, Мишел Гигу, дај бе друже, не се заебавај.
Пикерите многу слабо, посебно Кушан е паднат во форма по повредата и паузата, не се ни виде со Вардар.
Граџан мора да поработи на тие зицерите, не можи да се промашват такви шанси.
Кесељи, Обрадовиќ, Табоада и Божиќ Павлетиќ се покажаа како големи засилувања.
А и Кизиќ мислам дека ќе се покажи, добар потег, сосема различен тип на голман од Чаневски и Трајкоски.
Прв вистински тест е Мешков во сабота.
Да видиме до кај сме реално.
До кај ни е чергата.
Досега ова шо го видовме не е реален тест за вистинските можности на екипата.