Заслужена победа на противникот, појќе ја сакаа победата и изгинаа на терен.
Не прочитаа ко буквар, точно знаеа кај да нападнат и со кој да нападнат, како село без кучиња бевме во одбрана.
За разлика од нив, имам впечаток ( можи и грешам), дека нашиот стручен штаб влезе неспремен во утакмицата.
Никаква тактика за то шо да се игра во одбрана, да се најди противигра за Борозан, Хориха, релативно бавни играчи кои можеа и мораа да се изолираат, ако не двајцата барем еден со некој фластер или истурена 5-1 да се оддалечи од гол, по цена да се остај простор за Томи Бој или за Талибанецот десно.
Лани Јапонецо ги реметеше, брз бил, луциден, сеа шо е изговорот? ХОРИХА небаре Ласе Андерсон го напрајвме, на тренинг нема толку гола клаено, Борозан од место даваше голој, од 12 метра, со РК Беране не даваше вакви лесни голој, дури играше кратко за Ловќен, пред да го набркат на клоци...

Вака ги остајвме да си шетаат како сакаат, да ти стегнат 17,18 голој Борозан и Хориха, без ниеднаш да ги фаулираш ко шо треба, да ги прекиниш нападите, да ги удвоиш и слично, јасно е дека не заслужваш да победиш.
Видете го последниот напад, наместо да се оди агресивно, со брзо и агресивно излегвање на Хориха и изолирање надвор од 9, овие се повлекват во зона, и креват раце, демек зонска одбрана играт, овај дури и залет си зеде и лагано си одбра кај да шутни.
Има да му излезам одма дирек на рака, па шо сака нека е...
Ама неаме појќе играчи ко Ќани, Злате...имаше раката да му ја откачат на тој лепотанот..
Никаква тактика, идеја, концепт...
Па дури и бараме времето да се стопира, ете се стопира и шо ако се стопира времето на 4 секунди? Гол ќе даевме? Шо е муабетот?
Му дадовме шанса да се наместат и да не тепат, гратис победа.
Вака ќе поминеше времето и ќе шуткаја слободен од 10 метри, на поставен блок.
Друго ќе беше со бод, пак ќе бевме +1, и притисокот ќе беше кај нив, вака најлошо испадна.
Имав некоја надеж во Раул, дека ќе донеси нешто ново на тактички план, ама досега освен на 24.02. со Алкалоид и со Висла дома, се друго шо се тепа беше заради слаба игра на противник.
Со Динамо не тепавме ради некоја екстра игра, тие се паднати ептен во форма и премногу грешеа.
Ај ЛШ е друг левел, ама наместо да се креваме ние за плеј оф, контра ефект.
Ама ајде, да не хејтам, чоеко дојде на веќе напраена екипа, не ги бираше тој играчите, па има некое алиби.
Има подобрување од претходно, евидентно е то, ама требаше да биди поизразено, посебно сега, во најважниот дел од сезоната.
Цел плеј оф се шлепаме, од лоша полоша играта..
Со Тиквеш се тегневме 40 минути, со Охрид до 57 ма мин, испрличија на плеќите на Фитило, со Алкалоид од +4 во 57 минута малку фалеше да ни израмнат, ама овие не се Охрид и не им паѓат топките од раце.
Така беше остаено се и вчера, како на пријателска утакмица да сме, на рандом случки, демек ќе грешат, па ќе се вратиме, е па не фати блефот.
Минимален број на технички грешки имаа, плус кај нас очаен број на одбрани на голманите, ете кај замина утакмицата.
2,3 пречки, 4,5 зицери чисти шо љуфнаа Манасков, Радивојевиќ, зицерот на Жаре на крај на второ, 3 пенали, ете кај ојде се УТЛПМ.
Играме без ротација на бек, со 3 бека исти 90% од утакмицата, без шутери од надвор, Хосни тотално аут од форма, Цехте е ровит, браво шо се окуражи и реши да помогни.
Без бекап за Фитило надвор од 9, нема шо да бараш со овие...мора да ги уморваш и да ги тераш тие да бркат, да се трошат, ако ги остајш да ти играт ете шо ќе се случи.
2022 ги тепавме во Скопје, не знам и сам како, а беа 2 пати појаки од сега, ама тогаш Табоада и Стипе искинаа со шутој надвор од 9, сега од 34 гола, дали 3,4 дадовме надвор од 9, а примивме сигурно над 15.
Без бекој шутери не можи да градиш напад, не сме ние Фуксе Берлин.
Борзаш требаше да биди бек шутер, ама дечкото има улога на НОВИОТ ИЛИЈА АБУТОВИЌ ОД АЛИ ЕКСПРЕС..

, а реалниот Абутовиќ ко мува без гла вчера,ниту блокира нешто, ниту пикер чуваше, ништо..плус со тој аматерски потег над Борозан ни еба се по список, можи и клучен потег беше, ги врати скроз во игра, таман да ја земиме топката и да одиме за +1, со играч плус, зеде го акна

...цар...
Очај вчера, Хосни во одбрана изгубен, појќе од 50 % од голојте од кај него паднаа, речиси сите дуели ги изгуби, Цехте уште е ровит да го фрлиш во оган да се тепа со Хориха и Борозан, или шут непречен имаа, или брз пас до лево крило, или топка до Мечка...гол или пенал, нормално...
Ко стигна Крсманчиќ да не ремети небаре Патрик Чавар во најбољи дани е, то е то....
Штом на домашен терен, на ваква атмосфера, со +5000 публика не победваме, не заслужваме титула.
Да не водиш ниту еднаш за 60 минути, на домашен терен, кај шо треба да си најјак,да ти стегни 35 гола постава со Танкосен, Крсмачиќ,Томи. и два праволиниски бека, без техника, само со јак шут не треба да земиш титула и нема да ја земиш
Ако не се лажам, немаа ниту една контра тие, можи и сум грешка, ама и да имаа сигурно беа 1,2. не појќе, и пак сркнавме 35 гола, то е фрапантна бројка.
Уште еден доказ шо "изиграа специјалистите"во одбрана.
Од Фуксе Берлин не смееше 35 гола да примиме, а не пак од оние, на ваков клучен меч.
Одбраната криминал, кај двете екипи, посебно кај нас,дури и мачно за гледање.
Некој пиша атомски ракомет се играл вчера, не се сложвам, она вчера ако беше атомски ракомет, јас сум космонаут.
Ракомет со одење, дај ја до пикер или некој ќор влез по дијагонала и мести се намерно за пенал, оти знајш дека ќе ти свирнат пенал сигурно.
Судиите, кои требаше да се едни од најдобрите во свет, наметнаа такво чудно темпо на мечот, шо секој напад траеше дури не падни гол.
Срамота е она бе..Како паднаа 69 гола и сам не знам, уствари знам, свирнаа 20 и кусур пенали.
Од тие 20 и кусур пенали вкупно шо ги свирнаа, барем 30 % врска немаа од пенали, надвор од 6 метри.
Страшно лошо и неквалитетно судење, шо не им доликува на такви судии, со грешки за двете страни, ама за нијанса грешките беа на наша штета, како шо беа изгубени нашите во свемир ги дотепа тој чуден критериум на судиите.
Гледам последно на темата сум пишал по утакмицата во Декември.
4 месеци подоцна, бетер се работите кај нас.
Ништо не сме научиле, како треба да играш на клучни дуели кај шо има огромен психички набој и тензија.
Во Декември од 21-12 за едно полувреме ни прат +7, да имаше уште некоја минута ќе ни ја свртеа.
Сега од старт брзо водство 4-0, промашија овие нашите 3,4 зицери и толку се изгубија, блокада, ментал хоспитал, шо е доказ дека менталната сила на оваа екипа не е на завидно ниво.
Попрајте ме ако грешам, кога сме се вратиле последните години со некоја екипа шо сме тука со квалитет ако губиме 7,8 разлика?
Мислам дека со Кадетен само, 2021/22, во Евролига, на друг меч не памтам.
Ако не си јак на психа нема шо да бараш успех и ќе те реметат секогаш и сегде

.
Клучен меч беше овај, толку е за ова сезона, да не се лажиме и да не се заебаваме и да ни се смеат сите.
И да изгубат тие со Алкалоид, шо нема да е воопшто изненадување оти Киро има екипа со сите да се носи на домашен терен, трчат ко улај и имат игра, не прат многу технички грешки, пак џабе ни е нас, зошто ние со оваа игра нема да тепаме во Автокоманда сигурно, а и да тепаме по некоја случајност, пак ќе решава тој меч во Јане, а таму досега ништо не напрајвме, уште непочнат мечот со хендикеп губиме,а во меч кој би решавал за титула нема шо да бараме.
И да играме добро, ќе ни паднат некои деца ко Кркачев, Колевски и слични легенди и толку ќе биди од песната, доволно се 2,3 топки да ти земат и ојде утакмицата.

Треба да имат голманите луд ден, со +15 одбрани, а за да имат таква бројка некој треба одбрана да игра, а немаме такви шо ќе играт одбрана, освен близнаците, и тие да имат еден куп технички грешки, шо мислам е невозможно да се случи во пракса, посебно второто, доста подобрени се на технички план, за разлика од мандатот на јаболкарот.
Не е ништо страшно, и поразите се составен дел од играта, научени сме, децении наназад се тешиме со поразите...
Лига Европа би била идеална за некој поголем успех на меѓународна сцена, ЛШ е преголем и нереален залак за овај лимитиран буџет, таму ЛЕТВИЧКИТЕ ОДАТ СЕ ПОГОРЕ И ПОГОРЕ...и допрва ќе одат, со 1 милион и нешто буџет не се прај многу, треба да сме реални.
8 бода беа премија оваа сезона и то е успех за почит и треба да се поздрави...
Оваа сезона нека е поука за наредната,да се види кај се грешеше, да се поработи на психата малце, да се збогати на право место ростерот и да има рамномерна ротација, не да играме и ротираме со 4 бека, 3 пикери, 3 леви крила, не можи ти да имаш квалитетен напад 60 минути со 3 бека, од нив само еден класичен шутер надвор од 9, а истите тие бека ги цедиш по 50 минути во два правци, невозможно е.
Овај Видомски ми се гледа ко доста интересен играч,со јаки движења и многу добра техника, мислам дека можи да биди нешто од него.
И Хекберт е проверен играч, мислам дека ќе биди таман.
Ќе треба уште некои нови имиња, посебно екстра лев шутер и среден бек ( по можност некој шо има и шут надвор од 9, не само разигрувач ко Тајник или Скубе), ама ОТОМ ПОТОМ..нека заврши сезоната..