Фан клуб: РК Пелистер

D

DupiMandalo

Гостин
Денес во 19ч го играме последниот "незгоден" меч во гости против Пролече... Во никој случај не смеат да влезат опуштено во мечот и да дозволат да играме егал. Уште во прво полувреме како во Охрид треба да биди јасно кој е кој на терен.
После овој меч во среда играме со Тиквеш дома и ќе биди добр увертира за полуфиналето на 17ти.

Чекор по чекор...
 
D

DupiMandalo

Гостин
Победа на двете екипи!!
Првиот тим се поблиску до титулата, вториот тим избори опстанок и ги испратија мултивитамини во втора лига.
Кошарката со брејк во Скопје и големи шанси за финале.

Успешен ден за битолските клубој денес...
Следно со Тиквеш победа и да се фокусираме кон купот.

Чекор по чекор!
Автоматски споено мислење:

Она шо треба да се хајлајтира е делот кај шо кажва дека тимот за наредна сезона е 99% познат, шо значи дека веќе се договорени играчите и 90% од екипата од ова сезона останва и наредна.
То е убо шо нема да прајме големи играчки промени и големи претумбации во ростерот.
 
Последно уредено од модератор:
D

DupiMandalo

Гостин
Уште 4 победи не делат од двата пехари. Две во првенството и две во купот.

Во првенството не очекувам изненадувања иако не смеат да се опуштат. Струга треба да биди лесно гостување и последно коло дома да се изгази максимално пред полна сала, 10 комада да го почастиме Живко, дека е симпатичен лик. Сигурно нема да присуствува во Битола на доделувањето на пехарот, ама ќе му пренесат како поминаја неговите во Битола.

Во купот без поголеми проблеми би требало да се пласираме во финале.
Е во финалето се е можно, без разлика кој ќе ни биди противник. Мора да го освојат купот за да се оддолжат за сите лоши партии и изгубени натпревари во текот на ова сезона.

Чекор по чекор...

Битола цела, зелено-бела!
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.352
Поени од реакции
2.344
Знам дека Пелистерци се по потрага за нов тренер од мене еден предлог,добар тренер,Thierry Anti за следна сезона.
 
D

DupiMandalo

Гостин
Ако освојат двојна круна, Бранче ќе си обезбеди 4 годишен договор со гаранција.
Ако не го освојат купот или недајбоже ќикснат во првенството, највероватно ќе следи смена на тренерската позиција.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.236
Поени од реакции
1.600
Ако освојат двојна круна, Бранче ќе си обезбеди 4 годишен договор со гаранција.
Ако не го освојат купот или недајбоже ќикснат во првенството, највероватно ќе следи смена на тренерската позиција.
Тоа ќе биди најголемата глупост па до нова година пак ќе менуваме тренер. Бранко нема ни искуство, ни афторитет ни знаење да води клуб во ЛШ или ЕЛ еве гледате што се случи со екипата со 1961, толку умрен вардар успеа да не добие дома што лично оди на душа на Бранко. Факт е дека имам тим за две класи подобар од останатите а ние се бориме до крај за титула.
 
Член од
19 април 2023
Мислења
207
Поени од реакции
242
Тоа ќе биди најголемата глупост па до нова година пак ќе менуваме тренер. Бранко нема ни искуство, ни афторитет ни знаење да води клуб во ЛШ или ЕЛ еве гледате што се случи со екипата со 1961, толку умрен вардар успеа да не добие дома што лично оди на душа на Бранко. Факт е дека имам тим за две класи подобар од останатите а ние се бориме до крај за титула.
Тим за две класи подобар од останатите,премногу се преценувате,,да беше така ќе освоевте барем еден бод во ЛШ.Па вашиот Бранче бара и Вајлд карта за тимот кој е две класи подобар од останатите.Титулата ќе ја освои не поради својата способност туку поради кикс на ривалот.Вештачките и да пружат отпор сигурно не може против клуб кој е за две класи подобар од останатите.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.236
Поени од реакции
1.600
Тим за две класи подобар од останатите,премногу се преценувате,,да беше така ќе освоевте барем еден бод во ЛШ.Па вашиот Бранче бара и Вајлд карта за тимот кој е две класи подобар од останатите.Титулата ќе ја освои не поради својата способност туку поради кикс на ривалот.Вештачките и да пружат отпор сигурно не може против клуб кој е за две класи подобар од останатите.
Од овај вардар со 2,5 играчи тврдам дека сме повеќе од две класи подобри. Затоа и реков дека не смеј да се остави Бранко за тренер нема квалитет ни искуство ни афторитет. Со добра тренер и засилувања (за кој се шпекулира) не е чудно и да ни даде вајлд карта. Со оглед да Охрид значително ќе се засили а мислам и алкалоид, 1961 сеуште ќе тони во сопствените долгој од Самсоненко (кој се вратени според Михајло од пред две сезони и сеуште големи според ЕХФ), и многу вероватно нема ни да бидете конкурентни за идната сезона.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.889
@joveko
Незнам и ти на кого му објаснуваш. Не го гледаш ко мува на лајно е досаден, се нешто криви дрини исправува, остај мака си има, не е се шо боли болест.
Убав ни е дворот само останува да се надградува.
Тренер да ни треба факт е тоа, но не дека гробаро е лош и тотална незналица но со тек на време ќе се научи ако не барем инаето ќе биде негова врлина, доволно е да склопи константен тим со кој само би се надградувал и резултатите сами ќе идат.
Сакаат да створат некоја основа со македонски играчи тоа е несомнено но има и голем проблем шо мн лесно го губат трпението и тој предизвик наречен конкуренција не го свајќаат позитивно.
Цветан ќе ја има најдобрата сезона во 24/25 несомнено голем отскок ќе направи на форма како Ненад. Петар гризи и тој и за брзо ќе прерасне во заменлива алка во Пелистер.
Леви бекови имаме 3ца Кузмановски, Емко и Павле. Во вториот дел од плеј офф двата добиваат активни улоги не се тоа максимум кој би можеле да го добијат но се тука некаде Емко во напад додека Павле во одбрана. Реално Павле треба мн да работи на играта во напад мн е ограничен на тоа поле.
Среден бек во 2ката е Мирче со мала стагнација ради ситните повреди, детето злато вреди за македонски стандарди тој и Шулески (Тиквеш) се покомплетни организатори него Митев кој е мн по експониран а и максимално се работеше на него.
Во 2ка Лев/Среден го имаме и Алем Хаџич детето е гол машина да клај на него мускулна маса ќе биде топ.
Десен бек ни за лек нема е овде треба да се работи на играчи кој би можеле долготрајно да ги земеме од странство, треба да се поровари малку по истокот Русија, Украина Белорусија, Грузија сигурно ќе се наклепа нешто.
Десно крило Костески дај боже да се врати и да ровари како шо ровареше и досега, кај него фали алка која се вика самоувереност малио се губи на моменти кога неосеќа потполна сигурност.
Белибој детето е оса го има сегде во еден момент на врат на противнички пикер нареден момент во контра напред солидно надополнување на Батак ќе биде, но ќе кажам штета голема и пех се тие ебани повреди во 2ката кои децата не го прикажаа сиот свој потенцијал.
Пикери Самоил дете од 17г но маж четворен исфорсиран ланска аезона и оваа година ради тој терет влечи ситни повреди. Ова дете мора да го добие вниманието од клубот и да биде долготрајна опција на 6м.
Тука би го додал Карасманакис како наше дете кое мора под итно да го вратиме оти детето ќе прерасне во пикер со страшни предиспозиции во одбрана.
Сумаќ сумарум фалични/дефицитарни сме во десна бековска, пикерска и голманска позиција. За останатото само треба константно да се работи со овие играчи и да ги надградуваат.
Испрајќање на семинари и обуки сите ама баш сите категории на тренери и споделување на искуство со останатите.
Малку повеќе работа со топка на најмалите категории и да им се дава слобода да ја осетат топкшата па после технички потковување и всадување во мозокот здрав и правилен развој, а не колку е литар греј гус во фелиција.
Во пионери има двајца близнаци (16г) лев бек и голман, голманчето има солидни предиспозиции да биде врвен квалитет, но од него не би имале фајде во наредните 5 год.
 
D

DupiMandalo

Гостин
Пелистерците Фитиљ, Пеше и Митревски во топ издание денес со репката, секоја чест!
Се надевам дека Пеше и Фитиљо ќе изиграт вака нареден викенд и ќе ја донесат куп титулата во Битола.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.277
Поени од реакции
8.115
Ubo ova so soopstenieto no ne gledam deka nesto bi se smenilo bas mislam deka ke ima contrary efekt I treba uste poke da ne motivira i za inaet da gi izgazime na dvete utakmici


Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.889
Ubo ova so soopstenieto no ne gledam deka nesto bi se smenilo bas mislam deka ke ima contrary efekt I treba uste poke da ne motivira i za inaet da gi izgazime na dvete utakmici

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Позитивен притисок ништо појќе. Не дека нам или нив мн мн ќе мени работата ако се двете на 17ти но е убо да им се прави притисок оти си плукат на својот збор.

Првата утакмица Начевски и Николов се делегирани со Тиквеш.
Другото полуфинале им е доделено на Благојче и Диме.
Финалето им го доделија на Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев.

Ќе има убај циркуси да се надеваме дека нема да бидат на лошо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom