Фан клуб: РК Пелистер

Член од
5 мај 2008
Мислења
92
Поени од реакции
17
Да застанам да бранам јас поарен ке бидам од то дрвото,пак ке кажам убедливо најслабиот голман кој има брането во Пелистер го молам господ да си замини оти е голман кој нема напредок во кариерата како папата од ко почна до сега исто игра
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
А генцело има напредок можи ..најголем успех му е што бранел за најслабиот Пелистер во историјата........А тосето е осекогаш бил во клубот и бил дел од најдобрите генерации на Пелистер ......и без разлика што да се случува и за каков играч станува збор сигурно со тепање ниеден проблем не се разрешува па не камоли од страна на Претседателот...
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Црно тиквешко им загорчи на кавадарчани



ВВ Тиквеш го откажува спонзорирањето на истоимениот ракометен клуб, играчите се три месеци без плата и со неизвесна иднина

По откажувањето на Прилеп од ракометната машка ВИП супер лига, и спасувањето на Борец во последен момент од распаѓање, нов проблем за РФМ е најавеното заминување на Винарската визба „Тиквеш“ како спонзор на истоимената екипа од Кавадарци. ВВ Тиквеш е третопласиран тим во домашното првенство. Управниот одбор на компанијата изгласал предлог за прекинување на спонзорството на ракометниот клуб, кој треба само да се верификува.

Клубот и спонзорот засега немаат коментар за новонастаната ситуација, ниту како ќе се заврши сезоната без проблеми. Една од опциите е клубот да му биде „вратен“ на градот, кој во иднина би требало да го управува, но тогаш сигурно би бил со многу поскромни амбиции.

Изненадувањето е поголемо од причина што Тиквеш има свој член и во УО на РФМ, и досега постојано ги поддржувал активностите на репрезентациите.

Сегашниот буџет на ВВ Тиквеш е 120.000 евра на годишно ниво. И покрај тоа, на патувањето во Полска во Купот Челинџ, се замина со автобус, и тоа со позајмени пари од претседателот на РФМ, Михајло Михајловски, кој не сакајќи федерацијата да се резили, им излезе во пресрет. Елиминацијата од еврокуповите, значи и олеснување, бидејќи во спротивно, ако не се одигра натпревар, казните од ЕХФ се за клубот и за федерацијата.

Играчите на ВВ Тиквеш од август годинава немаат добиено плата, иако, според резултатите, се веднаш зад двата најдобри тима Металург и Вардар про. На нивните натпревари тешко ја „продаваа кожата“, иако имаат многу помлади и понеискусни играчи. Лани тимот првпат избори место во еврокуповите, а целта за сезонава беше да се биде третопласиран.

Кавадарчани лани беа првиот тим што успеал да продаде играч, и да заработи, околу 30.000 евра од трансферот на Милан Левов во Металург.
Еве можност да се доведе некое засилување за екипата на Пелистер и тоа без никаква оштета..можеби везенио би се вратил :D
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
22.12.2010 год.
С К О П Ј Е
И З В Е С Т У В А Њ Е
Младинската машка репрезентација на Македонија , на ден 25.12.2010 год.
(сабота) во 09:30 часот во СРЦ Кале, ќе го има првиот собир од подготовките за
учество на квалификационите натпревари во Србија од 07. - 09.01.2011 год.Повикани се
следниве ракометари:
1. КОРУНОВСКИ ДАРКО - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
2. ЃУРОВСКИ НИНО - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
3. МАЏОВСКИ БОЈАН - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
4. ЛАЗАРОВСКИ ИВИЦА - Р.К.КУМАНОВО
5. ГЕОРГИЕВСКИ ДАРКО - Р.К.ВАРДАР ПРО
6. ОРДЕВ МИЛЕ - Р.К.ВАРДАР ПРО
7. ПЕТКОВСКИ ВИКТОР - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
8. МАРКОСКИ НИКОЛА - Р.К.ВАРДАР ПРО
9. ПЕШЕВСКИ ЖАРКО - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
10. ДИМИТРИЕВСКИ ДАРКО - Р.К.ВАРДАР ПРО
11. МАЏОВСКИ БОРЈАН - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
12. КОСТЕСКИ НИКОЛА - Р.К.СТРУГА ИЛИНДЕН
13. МЛАДЕНОВ КОСТАДИН - Р.К.В.В.ТИКВЕШ
14. БЕЛЕСКИ ВАЛЕНТИНО - Р.К.СТРУГА ИЛИНДЕН
15. ГОЛАБОСКИ МИТКО - Р.К.СТРУГА ИЛИНДЕН
16. ВАСИЛЕВСКИ КРИСТИЈАН - Р.К.ПРЕСПА 2010
17. МАНАСКОВ ДЕЈАН - Р.К.МЕТАЛУРГ
18. КИМЕВСКИ СТЕФАН - Р.К.МЕТАЛУРГ
19. КРСТЕВСКИ ИЛИЈА - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
20. МАЈНОВ ДОНЕ - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
21. АНГЕЛОВСКИ МАРТИН - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
22. КАПИДАНЧЕВ ДЕНИ - Р.К.МЕТАЛУРГ ЈУНИОР
23. КОСТАДИНОВСКИ ФИЛИП - Р.К.ВАРДАР ПРО
24. ЃУРОВСКИ ДЕАН - Р.К.ВАРДАР ПРО
25. ЧУРКОВСКИ ФИЛИП - Р.К.ВАРДАР ПРО
26. ТАЛЕВСКИ ЈОВАН - Р.К.ВАРДАР ПРО
27. ЃОРГЕСКИ ДАНИЕЛ - Р.К.ВАРДАР ПРО
28. СТЕФАНОВСКИ БОБАН - Р.К.ВАРДАР ПРО
29. ТОТИЌ ДРАГАН - Р.К.ПРОЛЕТ
30. ПЕТРОВ КОСТАДИН - Р.К.БОРЕЦ
В.Д. С Е Л Е К Т О Р
ПЕТРУШЕВСКИ СТОЈАН с.р.
Ниеден повикан за младинската селекција од Пелистер....а моментално 1 во младинска категорија се Пелистер...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
То е то. Иначе нема ништо ново во врска со играчи!!!!
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Тоа ви се вика ПАРТИЗИРАНА ФЕДЕРАЦИЈА!!!
И пред се...селектори ПОТРЧКОВЦИИ...се да им :sekss:....
Пазете..
Дрвата од Металург....губат од младинците на Вардар 30 разлика...
Ние ги ГАЗИМЕ младинците на Вардар среде Скопје со 10 разлика....и пак ниеден играч не е земен во репрезентација...
Па барем 80% од овие играчи овде се послаби од сегашните младинци на Пелистер....
И шо имаат повеќе тие од нашите деца???Имаат една работа,НЕРАКОМЕТНА за жал,играат во Скопје......
Па не треба да се чудиме зошто толку години еден салам млад репрезентативец немаме извадено....
Зошто денес ЕДИНСТВЕН УСЛОВ за да играш во било која репрезентација на Македонија е да си член на клуб кој било да е директно или индиректно...ја контролира федерацијата....
Ова на подолг план ќе ја осакати Македонија на ракометен план,ништо не е вечно...утре ќе се повлечат и Минчо и Михајло,а ракометот во Македонија ќе остани со :bip: в раце...
Видовме шо се случи со женскиот ракомет во пост.Трифун ерата...истото ќе се случи и во машкиот ракомет,само тука последиците ќе бидат далеку поголеми,и прашање е кога и дали воопшто ќе закрепниме од ваквото НЕРАЦИОНАЛНО ВОДЕЊЕ на ракометот во Македонија...:tapp::locked:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.423
Поени од реакции
8.547
Тоа ви се вика ПАРТИЗИРАНА ФЕДЕРАЦИЈА!!!
И пред се...селектори ПОТРЧКОВЦИИ...се да им :sekss:....
Пазете..
Дрвата од Металург....губат од младинците на Вардар 30 разлика...
Ние ги ГАЗИМЕ младинците на Вардар среде Скопје со 10 разлика....и пак ниеден играч не е земен во репрезентација...
Па барем 80% од овие играчи овде се послаби од сегашните младинци на Пелистер....
И шо имаат повеќе тие од нашите деца???Имаат една работа,НЕРАКОМЕТНА за жал,играат во Скопје......
Па не треба да се чудиме зошто толку години еден салам млад репрезентативец немаме извадено....
Зошто денес ЕДИНСТВЕН УСЛОВ за да играш во било која репрезентација на Македонија е да си член на клуб кој било да е директно или индиректно...ја контролира федерацијата....
Ова на подолг план ќе ја осакати Македонија на ракометен план,ништо не е вечно...утре ќе се повлечат и Минчо и Михајло,а ракометот во Македонија ќе остани со :bip: в раце...
Видовме шо се случи со женскиот ракомет во пост.Трифун ерата...истото ќе се случи и во машкиот ракомет,само тука последиците ќе бидат далеку поголеми,и прашање е кога и дали воопшто ќе закрепниме од ваквото НЕРАЦИОНАЛНО ВОДЕЊЕ на ракометот во Македонија...:tapp::locked:

Со еден збор Б(битолски)-коплекс
После се бунат оти сме ваделе транспарент Независна Битола :uvo:
Па заради вакви одлуки на федерациите и селекторите со години наназад да не спомнуваме во фудбал какви деца не се викале исто и за ракометот па и од најобичен пример години нема играно репрезентација барем пријателска во Битола за ракомет а за фудбал да не збораме пред 15 години само кога играа младинците на балканското првенство
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Можно е и доаѓањате на Лазаров ...а за останатите малку потешко тие изгледа ке си бараат екипи од странство...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Абе има многу можности ама да видиме
Лазаров можи куманово ке оди!!!!
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.423
Поени од реакции
8.547
Абе има многу можности ама да видиме
Лазаров можи куманово ке оди!!!!
Кои се тие можности не Кире ?!
искрено не сум баш премногу запознаен за сотојбата во клубот ама сум 90% сигурен дека нема ниту еден играч да земиме не за друго оти нема пари кој да дај а така за шлукање никој поќе не ни иди освен овие ветераните наши што сега се во клубот
минчо не е улав да ни дава играчи па да крениме глава а со тоа и да се отвори можност некој друг од градот да искешира нешто и да исфинасира тој и михајло и ако сакаш и трифун ен се така наивно како на времето помина тоа време сега ќе гледаат да не дотолчат оти му е од интерес
За другите можности ќе бидат кога ќе се смени управата и го земи клубот некој друг ама за жал таков кандидат се уште нема така да засилувања не очекувајте да има освен ако не тркнат како што рековме до ресен и струга да излажат некое дете да се земи на калење кај нас и се разбира паралелно да му туркаат некој факултет или средно училиште
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Пелистер сака да се подмлади и засили

Во зимската пауза управата на РК Пелистер размислува за засилувања и подмладување на тимот, со што би биле поконкурентни во првенството. По првиот дел од сезоната Пелистер е четврти на табелата со 16 бода, три помалку од ВВ Тиквеш, а 20, односно 14 од Металург и Вардар про. Златко Везенковски, Иван Шмигиќ, Игор Павловски, Влатко Јовчевски се имињата што често се споменуваат како можни засилувања.

- Засега нема ништо официјално. Допрва треба да имаме состанок со управата и да решиме што ќе правиме. Јас би сакал да се засилиме, да ја подмладиме екипата, но, тоа ќе зависи од финансиите и од слободните играчи на пазарот. Знаејќи ја ситуацијата во ВВ Тиквеш, можно е да „фрлиме око“ на некој играч. Поконкретно ќе се знае по состанокот - вели Звонко Шундовски, тренерот на Пелистер.

Едно од можните засилувања е Иван Шмигиќ, плејмејкерот на Металург кој се најде на списокот на Лино Червар за „отпуштања“. Но, Шмигиќ е скап играч за буџетот на битолчани, па едно од варијантите е да биде позајмен, но, дел од платата да ја добива од Металург со кого има договор. Јовчевски има договор со Вардар про, а играчи од Вардар тешко заминуваат во Битола. Павловски и Везенковски, играат во ВВ Тиквеш, а поради беспарица можно е тимот да биде „десеткуван“, па тука е шансата за Пелистер.

Можно е и Караиванов ама двата со Јовчевски се под договор со Вардар. Ке видиме шо ке биди има време!!!!:vozbud:
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Ајде сега од ова недела треба да се почни со новости !!!
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Шмигич отпаѓа - потпиша за Раднички, сега да видиме шо ке биди со другите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom