Фан клуб: РК Пелистер

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.419
Поени од реакции
8.542
Ќе рачам само Шандор Ходик!!! кога прајте муабет за голмани никој друг :salut:
инаку тосето томас не да е слаб ама сигурно дека имало поарно од него кај нас што биле а не добиле шанса од гинимале го заборајв какос е викаше после брнаеше во преспа или јафа беа тогаш не му текнува и многу други па ако сакаш и мите од чкембари беше поарен голман од него ама се испусти Слабе тосето и никогаш не бил за прв голман а од сег аовие вистина треб аповеќе шанса д аму се дава на тој малиот :smir:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Горан,не велам јас дека Тосето е најдобар голман..или дека е подобар од тие шо биле порано...
За моменталната ситауција во клубот...Тосето е таман...е сеа шо не е во форма...то е друга работа...
Уствари има премногу падови....една утакмица има 20+ одбрани,на друга е под ниво....
Тој голман шо го спонуваш од Генимале..сигурно е Фацата..не му знам име и презиме...само на прекар како го викаа..имав прилика на времето да гледам некоја утакмица со него...навистина дечкото беше звер...
Заради огромната конкуренција,,,замина....како и многу други големи таленти...
Никогаш не доби шанса....се сложвам дека беше класа голман...
Сега е мислам помошник...на Томче Петрески во РК Битола.....
Е сеа...џабе ќе го тупиме овде...
Ситуацијата во клубот е таа,играчите се тие..
Рака на срце,мора да бидиме реални и да признајме дека сме послаби од Тиквеш....и мораме да се задоволиме со 4то место...(ако се избориме и за него)..
То е то....
И ова шо го покажа Пелистер овие години.без скршен денар,ги надминува очекувањата....
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Фацата бранеше во Преспа пред неколку сезони, а сега е во РК Битола дали само како помошник или и голман незнам.
Инаку кога сме до талентираните голмани во градот, имаше едно голманче, заборајв како се викаше низок со кратка црна коса, времиња работеше во месарницата (шо ја затворија) карши Лео на Широк сокак. Само што од младинци замина во тогашна РК Пелагонија која пропадна покасно и тој остана само како талент :nesum: Има уште неколку што се млади голмани како Журо, Шола, Анто... итоа сите се перспективни, е сеа шо не се повеќе дел од РК Пелистер, то е друга работа.

Јоше, да се разбериме... Те со Тосето, те без него пак ќе си бидиме 4ти :tv: Дивио беше абдал, ќе фатеше понекогаш и 25 топки... и ќе фрлеше 30 ќори контри :pos2: Тосето има 31 година, така да има време уште да ме убеди дека е солиден :smir:

Инаку морам да се сложам со дел од скопјаните кои коментираа во претходните страници, дека не се криви само Хари, Михајло, Минчо, Брацо за состојбата во спортот во Битола... Има кривица и во нив, ама самите си сме виновни за се што ни се случува сега. Односно криви се поединци, ама не би сакал да ги наведвам.
И прекинете со муабетите од типот: ќе ве видиме ко ќе ве остај Михајло... :uvo:
Тешко вас ако живејте со таа цел во животот и ако се надевате само на то :kesa: Додуша ова е место кај шо секој можи комотно да си искажи мислење и искажи незадоволство ама дајте малце успорете и размислете подобро :smir:
 
Абе докторе...не ме заебавај сеа и ти...
Кој рече дека друг ни е крив оти Пелистер нема банка?
Криви се сите....шо го донесле клубот на ова дереџе....
Коментарите за Скопјани се во друг контекст даени...
И чисто за споредба....колку има Пелистер подршка со никакви финансии...колку вардар со милионски буџет....
Тука беше споредбата....
И шо играчи иаме ние извадено.шо играчи тие...
Јасно е како ден каква подршка имаа низ времињата...и шо се правеа со судиите за да не добијат...мал си ти,ама сигурно ти текнуЈЕ...
Е сеа никој не ни е крив шо Михајло секоја сезона фрла тешки пари во вардар,а ние неаме сол да си фрлиме во очи...
Секој кој реално гледа на работите и следи ракомет ,ќе заклучи еден ФАКТ....НЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СПОНЗОРИ ВО ГРАДОТ за помагање на спорт,не зборам да му купат трењерки,патики....зборам за сериозни вложувања.......или пак обратно...Нема некој да ги привлечи во клубот...
Една од овие две работи е...како и да е,ЕПИЛОГОТ Е...КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА...
Е па сеа никој не е крив шо не можиме 10 години да најдиме спонзор....
Нема тука ништо спорно и дискутабилно...
Вардар скоро 15 години се потпира на готови пред се странски играчи...Пелистер продуцираше кадри..и тие шо беа од страна дојдени играчи,без изделкани овде...
Сега се сменија работите,немаме пари да донесиме млади таленти,младата школа полека го губи приматот....клубот оди надолу....
Сега колку толку се крепиме со постарите волци...кога ќе ги нема нив ќе дојдиме на дереџе да се бориме со Пролет....за избегнување бараж...
Среќа шо сеуште нема уште некоја појјака екипа па и за 4тото место да се бориме...
Куманово навестува дека можат да направат појјака екипа...ете си го лапнаа Јанев,според мене еден од подобрите млади пикери во Македонија...зеле некој Русин,,го имаат Ангеловски,страшен бек...,добро голманче...имаат добра екипа и ќе ни прават проблеми до крај за тоа 4то место...
П.С.Хаха Соте Касапот е тој голманот...
Е шо генерација беше тогаш,да ги задржевме сега барем дел тие деца од тие години Пелистер ќе се бореше за титула...
Какви само деца се испустија на времето..
Се покажа на долгорочен план колку скапо ја плативме грешката од времето....
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Застани брат слушни се се што збораш ...Филип се отакжа од ракометот а Генцело оди на работа и станва јасно дека не му е за ракомет него како сакаш да го стави ко на тренинзи оди кога ке може само...и далеку е од тоа да биде добар голман....ако разбираш што се случува барем не коментирај без причина види ги на тренинг па потоа коментирај ...позз
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Застани брат слушни се се што збораш ...Филип се отакжа од ракометот а Генцело оди на работа и станва јасно дека не му е за ракомет него како сакаш да го стави ко на тренинзи оди кога ке може само...и далеку е од тоа да биде добар голман....ако разбираш што се случува барем не коментирај без причина види ги на тренинг па потоа коментирај ...позз
Како бе се откажа Филип...:nesvest:
Затоа значи го немав видено на тренинг...
Штета,после подолго време...извадивме добар играч од школата...и тој се откажва...
Детето ќе беше еден од најдобрите централни во државата...:jaj:
За Генцело знам дека работи во РЕК,и дека не ги фаќа тренинзите од сабајле....
То е сега,не игра,не игра..
Да не ја спамираме темата...
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Јоше, да не навлегуваме во болните теми, ама факт е дека најголемата кривица лежи во нас. Во ред, ниеден клуб нема таква подршка каква што има (ше) Пелистер кај нас. Е сеа неможиш со сила некој да го пикниш в сала... И ти и јас знајме порано зошто имаше по 6000 на секоја поголема утакмица, оти идеа за да победи Пелистер (што е многу важно за што иделе) и затоа што фирмите ги откупваја картите. Факт е дека имаме извадено играчи, додека Вардар секоја полусезона можи да си дозволи цела екипа да ја смени :toe: ама прашање е колку сме добиле ние како клуб од сите тие играчи? Или не сме добиле ништо, или пак поединци си ги собрале парите и ги нема сега... Е то е затоа што сите паѓаме на ефтини ветувања, се лажиме со арапи, со словенци со бугари... Треба клубот да им припаѓа на поранешни спортисти, на луѓе кои ќе привлечат спонзори и ќе направат долгорочен план, а не кој шо стигна претседател стана во било кој спорт во градот. Тука еднаш треба да се направи граница.
И уште 100 години да бараме спонзор нема да најдиме се додека не се сменат од корен работите. Ниеден не е будала да фрли пари в бунар, па дури ни државни пари. Да има чиста сметка, да има некоја цел можи и ќе има инвестиции, ама моментално никој не би ризикувал да влегва кај шо не му е местото.
Колку спонзорите или газдите на скопските клубови имаат ќар од се, самите си знаат. Kaj нас ниту има интерес, ниту има поволности доколку сака некој да биди финансиер.

Тоа дека се местеле судии, се местеле утакмици едно друго... неоспорно е дека ги има, кога лигата ни е приватна во последнава деценија. Федерацијата треба да е независна и да им помага на клубовите, кај нас кој шо има пари тој си е и претседател на федерација. Е ама еве Металург ваков-таков, маалски клуб, онаков клуб... вложи еден тон пари и го пердаши Вардар како шо ќе стигни.

Тука е она ти што го кажа погоре, КОЛКУ ПАРИ... ТОЛКУ МУЗИКА :toe:

Сум спомнал милион пати, политиката со играчите ни е очајна. Наместо да продаваме играчи, ние испуштаме играчи без да добиеме ни една штека цигари за нив :jaj: Е сеа во ред, некој треба да ги плаќа тие играчи за после да добие клубот одредена сума од нив. Никој поќе не игра за семки, тоа им е професија и редно е да заработат нешто од тоа, независно колку знаат и умеат.
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.419
Поени од реакции
8.542
Да прајем отворено муабет дури е еф*о прецедател нема да мрдниме од 4 место и тоа е успех за играчите кои играаат без пари неколку месеци .Вистина дека го сака клубот и дека има големо значење кај нас ама брат кога не даваш пари односно не можеш да најдеш бегај исти курац дали тој ќе биди прецедател или не кога се е без пари .Уште утре да објави дека си бега еф*о другиот ден гарантирам дека ќе се најде човек што че дава пари можеби не како на времето што даваа циле и спире (од рек и тендерите) но во секој случај ќе му биди подобро на играчите .Овај сака да се прави главен со синму на записничката маса а тој во копот за сликање на конзули и други портали а пари да не дава па после се жали по тв оти купил топка вредна 7000 денари па кој сака да ја плати јас ?!Не сум јас прецедател ако не ти чини бе еф*о бегај палиги патиките се виде твоето колку толку поможе ама сега не се пушта пуста фотеља се заигра му се заубај и не го остава клубот
За михајло не е мајтапот што ќе ги остави без пари тој нека си го води клубот ама брат да не биде прецедател на рфм исто важи и за начевци нека си заминат од рфм ,јас гарантирам и да најдеме спонзор дека нема да бидеме 2 место или прво оти пак ќе не дупат како до годините со судиите како на времето со металари и браќата начевци оти едно исклучвање и едно пробивање ќе ја реши утакмицата

ps.тој сака друг да дава пари а тој да биде главен како0 шо беше на времето ама арно сега нема поќе такви будали да ги излажиш и само се шлепа со помошта на двојче Кга си се нафатил играј го орото до крај или бегај остај го клубот и печатите на играчите!!!

--- надополнето ---

Utre od 18 casot vo Bitola Pelister-tineks odlozenata od pred dve kola :salut:
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Како бе се откажа Филип...:nesvest:
Затоа значи го немав видено на тренинг...
Штета,после подолго време...извадивме добар играч од школата...и тој се откажва...
Детето ќе беше еден од најдобрите централни во државата...:jaj:
За Генцело знам дека работи во РЕК,и дека не ги фаќа тренинзите од сабајле....
То е сега,не игра,не игра..
Да не ја спамираме темата...
Како да не се откажи кога во екипата има се само нема спортски дух сите викаат по помладите..и си најде детето работа и се откажа сфате дека нема убајна во ракометот барем не моментално...
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.371
Поени од реакции
5.461
Утре со Борец во 18:00h очекувам победа од 7-8 гола
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Натпреварот е поместен во 19:30. Незнам зошто. Ако знај некој нека кажи
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Натпреварот е поместен во 19:30. Незнам зошто. Ако знај некој нека кажи
Не беше поместен...
Убо си пишеше на плакатата уште од пред 1 недела......
Во 18 играат младинците...во 19 и 30 сениорите....
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Добро е ...Уште една победа на нашите ракометари...одиме понатаму...Четврток во 18 00 во Автокоманда против екипата на Металург...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom