Фан клуб: РК Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Извештај од Струга..
Автобус од околу 40 ина Чкембари+ 2 коли,некаде околу 50 навивачи заминавме во Струга...
Фер прием од страна на домачинот,и коректен однос со полицијата шо е за поздравување....:bravo:..
Навивање на подолги периоди доста солидно,се осети мал пад при крајот на полувремето,темпото се засили на почетокот на второто полувреме,кога кулминираше подршката...
Ракометарите вратија со голема борбеност и залагање шо резултираше со голем пресврт на резултатот....
Заслужена радост на навивачите,уште еднаш се докажа дека Битолската ракометна публика е најзагреана за ракомет и е со ракометниот клуб....
Околу играта(за тие шо не ја гледаа снимката сношти):smir:-Тиквеш максимално спремен,играа брз модерен ракомет,со доста комбинаторика во нападот,посебно ова го демонстрираа во првиот дел,кога рака на срце комплетно не надиграа,и во одбрана и во напад,капак на се беше одличниот голман Кирил Колев,кој фати еден куп топки во првиот дел,+ 4,5 седмерци....
Одбраната чкрипеше во првиот дел,премногу лесно се оставаа бековите на Тиквеш да шутираат,и тоа тие лесно го користеа...
Имаат одлична бековска линија Тиквеш-Милосављевиќ,Јанчев,Китев,Везениот-среќа шо не играше Лазе Попв поради повреда...:wink:...
Пелистер во првиот дел играше преку бековите,биеја од неизградени тешки позиции,и тоа шо ќе поминеше низ зоната лесно го фаќаше Колев...
Второто полувреме беше друга песна.....:vozbud:
Се стегна одбраната,немаше лесни голови за Тиквеш,посебно не од бековите,се разбрани Тосето,проработи нападот и почна да се топи разликата...
Се фати приклучок во најдобар можен момент,некаде 50 мин се влезе со 1 разлика за Тиквеш,следеа 2 исклучувања за Тиквеш-заради ПРЕГРУБА ИГРА на Мојсие Плетварски(не знам шо му е филмот на овај играч,стално со Пелистер прај проблеми,а ПОЈМА НЕМА,игра како некој рагби играч-треба да си ја чукни :tapp:,и да се префрли на некој друг спорт,се гледа дека ракомет не е за него)....
Еднаш КУРТУЛИ во Битола само со еден АПЕРКАТ,ама изгледа не му иди УМОТ:tapp: и пак провоцира,а нема потреба зошто двата клуба одсекогаш имаше одлична соработка....
Пелистер го презеде водството,и го одржа до самиот крај...
При резултат 26-25 за нас,имавме пенал на 20 секунди до крај,Кире Митревски промаши пенал и му даде шанса на Тиквеш да израмни....
Одма напраја вишок играчите на Тиквеш на пикер,и пенал,,,ама Тосето беше на НИВОУ и го СКИНА пеналот на Милосављевиќ,пред то во претходниот напад на Тиквеш пак фати пенал,слободно можи да се кажи Тосето е јунакот на мечот....
Ќе ги спомнам и судиите,го ИСПУШТИЈА на момент мечот,доделија премногу непотребни исклучувања,за секој старт се одеше на клупа,а пола од исклучувањата не беа за 2 минути...
Треба да ЗИРНАТ малку како се игра модерен,снажен Европски ракомет,не е ова кошарка....
И немаа тајминг за пасивен напад,не знам јас шо му е на овие нашиве судии-пасивен напад оставаат 30 секунди,,,,:nesvest:
Е бе судии,имате уште многу леб да јадите за да научите како се суди во Европа....:tapp:....
Тиквеш оваа сезона имаат СУПЕР ЈАКА екипа,можи да се кажи дека ќе поматат доста сметки.....имаат буџет од околу 200 000 евра,за разлика од Пелистер кој има 10 пати помалку:kesa:...
Пелистер има Искусен состав,има неколку деца на Чурлевски син му посебно ќе го истакнам кои покрај помладите Кире Митревски,Зверо,ај и Папата.... шо можат доста добро да напреднат покрај тренер како шо е Звонко....
Знонко е тренер кој форсира млади кадри,и треба максимално да се искористи потенцијалот на децата....
Ова е на "кратко"репортот од вчерашното финале...
Честито 10 тата јубилејна титула за Пелистер на Струшкиот турнир.....
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Пак тиквеш не ни можат ништо и ова година, а папата се разигра ова сезона (на турнирот баги)!!!:kesa:
 
Бавариа

ГЕМИЏИЈА ОД ВЕЛЕС
Член од
16 март 2010
Мислења
189
Поени од реакции
10
ај честито нека ви е освоениот трофеј па се гледаме годинава :)
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.574
Пелистер е нов владател во Струга

Пелистер го совлада Тиквеш со 26-25 и го освои првото место на 38. издание на струшкиот ракометен турнир. Возбудливо и до крај неизвесно финале одиграа македонските преставници, во кое на крајот се радуваа “чкембарите“.

Јунак на мечот беше голманот на пелистерци, Тоскоски кој во последната минута ги одбрани седмерците на Шундов и Милосавлевиќ.

седмерецот кој го одлучи победникот

Наградата најдобар голман во рацете на најдобриот - Тоскоски

Петотто место на турнирот му придпадна на Јагодина која со 31-29 го победи домаќинот Струга. Најдобриот стрелец на турнирот доаѓа од редовите на стружани, Никола Костески со 28 постигнати погодоци.

Костевски 28 пати ги тресеше противничките мрежи

му дадоа посебен шмек на финалето - Чкембари

Добро е овај малиот од струга до земиме можи ќе биди нешто од него

Ја гледав снимаката лудница беше :vozbud:

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.574
овие беа од со лемго најголемата утакмица некогаш изграна во спортската сала Младост
а овие се од другиот најголем успех !!!

Спремајте се за светски рекорд!!!
 
Z

ziko bt

Гостин
http://vest.com.mk/?ItemID=E0699F8A309C764D872542A2FDE75B0F

РАКОМЕТ - ПЕЛИСТЕР СО НЕСКРИЕНИ АМБИЦИИ ВО НОВАТА СЕЗОНА

Битолчани ја меркаат балканската лига :pipi:

Битола.- Наспроти скромните средства и нерешенот финансирање на клубот, Пелистер во новата сезона влегува со нескриени амбици да избори пласман кој обезбедува учество во новоформираната Балкнска ракометна лига.
"Имаме искусна и респектибилна екипа за која повисоките рангови на натпревари се голем предизивик и шанса за враќање на реномето, но и за подобрување на материјално-финансиската состојба на клубот", рече на саботната пресконференција повратникот на кормилото на стручниот штаб тренерот Ѕвонко Шундовски, некриејќи притоа дека борбата за првите две места на табелата ќе биде тешка и неизвесна бидејќи покрај пелистерци, тука и се и Металург, Вардар и ВВ Тиквеш.
Меѓутоа, со враќањето на Поповски и Петровски, како и со доаѓањето на Недановски, Пелистер е на добар пат со силен тим да го врати имиџот.
"Ви изминатите 8 месеци клубот едвај обезбеди само 1,5 милион денари за подмирување на најнужните обврски, што е крајно мзиерно, истакна на пресот, претседателот на клубот Ефто Божиновски, кој повторно упати апел до локалната самоуправа, градоначалникот на општината и до фирмите да го поддржат Пелистер во остварувањето на амбициозната цел.
 
Ок е шо амбициите на тимот се поставени на едно повисоко ниво...
Одсекогаш очекувањата за ракометниот клуб во Битола биле доста високи,за порано да не прајме муабет,се освен титула беше неуспех за Битола...
Но да се спуштиме малку на земја,и да ја погледнеме реалноста...
Сега се други времиња,во лигата дојдоа некои НОВИ ДЕЧКИ,Вардар а посебно Металург....
Да се надеваме дека можиме со пари да им се спротиставиме е илузорно....имаат финансиска стабилност,имаат подолга клупа,посебно Металург....
За првото место-мислам Металург со една таква организациона поставеност шо ја има,и со таков спонзор зад себе,ќе нема конкуренција и оваа година....
Вардар е втор фаворит-но само на хартија,многумина од тие играчи кои го НОСЕА Вардар минатите сезони не се во клубот,дојдоа еден куп нови играчи,странци..не се воиграни,.и сигурно е дека нема да ја имаат сигурноста во играта која ја имаа последните години...
Имаат неколку врвни засилувања како Божидар Надовеза,страшен играч,мислам дека ќе биди носечка сила на Вардар оваа сезона,тука е Продановиќ....секако Борко Ристовски,Пецаковски...тоа се проверени имиња...кои гарантираат квалитет....
Но прашање е колку ќе се воиграат...
Според мене ВВ Тиквеш е рамо до рамо со Вардар,во борбата за второто место-имаат одличен млад тим,одличен тренер....негуваат брза игра,и доколку не кикснат со Вардар на домашен терен во Кавадарци имаат големи шанси за тоа второ место...
За нашиот СПОРТСКИ МИЛЕНИК- ПЕЛИСТЕР...:pipi:...
Секоја чест на еден врвен тренер Звонко Шундовски....вистински потег на управата во вистинско време....:vozbud:...
Пелистер можеби ја има НАЈИСКУСНАТА екипа во Македонија,со такви имиња во своите редови кои имаат постигнато такви успеси на кои сите ќе им завидат...
Имињата на Златко Димитровски,Александар Зарков,Кире Поповски,Кире Атанасовски....се голема предност за Пелистер како тим....нивното искуство е непроценливо...и вистински феномен е нивото на нивната прикажана игра иако се во доцните 30-сети години,Заре веќе има над 40:vozbud::pipi:..
Помладите но преискусни Игор Тоскоски и капитенот Сашо Јанкуловски,тука се повратникот Михајло Петровски,ете и Владо Недановски...Папата и Ките Митревски можат да помогнат...да ги одморот искусните играчи...
Мора да се исфорсира синот на Чурлевски,детето е невиден потенцијал и вистински заменик на неговиот татко....
Доколку не заминеше столбот на одбраната Игор Николовски -Ќани,и пред се Везенковски во Тиквеш,Пелистер со овој играчи кадар ќе беше многу блиску до тоа второ место...
И вака има некои шанси,со едно засилување на лев бек,Пелистер ќе има доста силен и компактен тим...
Очекувам доста интересна сезона,изедначена пред се....
Се надевам дека никој нема да се наигра против Пелистер,а посебно не во Битола.:vozbud:
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Овие снимки покажуваат колку се сака(ше) ракометот во Битола, преполни трибини, повеќе часовно грмење во салата...
Се сеќавам кога игравме во Челинџ куп, не пропуштав утакмица неколку години пред таа сезона за ништо на светот, се знаеше кога иди утакмица, имаше некое струење во градот, секој муабет беше врзан за ракометот. Ако утакмицата со Фредериксберг се играше во 6, јас бев во салата уште во 2 :vozbud: во 4 сатот веќе беше преполна... Кога излегуваа да се загреваат данците, 5 минути седеа на центарот и неможеа да поверват дека толку публика можи да дојди на една утакмица. Во денешнава ера на компјутери, интернет, пари... Пелистер е можеби обичен просјак, но кога тие успеси што ги постигнал Пелистер би биле во овие неколку години... тогаш ќе бевме на рамниште со Барселона :nesvest:
Чкембари се денеска навистина многу малце, луѓе кои живеаат од утакмица до утакмица уште помалце, но се се менува, кога кон подобро кога кон полошо.

Незнам зошто никој, ама на баш никој не му текнало да направи нешто за ликот и делото на покојниот чичко Мате... Па кога немаме средства за биста, тогаш за еден транспарент или пак именување на салата по него би биле колку толку достојни. Да бидеме реални, покрај добрите резултати во Европа бевме познати и по него, тој беше своевремено вистинска атракција, единствениот командант не само на навивачката група Чкембари, туку на сите оние кои безрезервно го одрале грлото, или ги поцрвенале рацете од шлукање... :smir:
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.574
Незнам зошто никој, ама на баш никој не му текнало да направи нешто за ликот и делото на покојниот чичко Мате... Па кога немаме средства за биста, тогаш за еден транспарент или пак именување на салата по него би биле колку толку достојни. Да бидеме реални, покрај добрите резултати во Европа бевме познати и по него, тој беше своевремено вистинска атракција, единствениот командант не само на навивачката група Чкембари, туку на сите оние кои безрезервно го одрале грлото, или ги поцрвенале рацете од шлукање... :smir:
:eek:ftopic:
За Мате стварно е греота не само што беше оставен на цедило во секој смисол (посебно финасиски умре во мизерија) во последните неговови од животот туку и со голема иронија и исмејување гледаа на него на крајот од неговиот живот
Најголема вина за туркањето во заборав имаат некој видни (бивши и постари)членови од групата наша и тоа почнувајќи од утакмицата со лемго за да се истакнат тие практично го избркаа од салата во подецнежните утакмици

Никогаш во животот нема да заборавам на утакмицата со лемго кога го изваде гулабот од под капата негова и тој(гулабот) целиот уплашен од публиката вртеше едно пола саат околу публиката а со тоа се направи одлична атмосвра за станвање од седиштата (бранови)Лудница беше !!! и со трубачкиот оркестар кој го носеше
:smir:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
:eek:ftopic:
За Мате стварно е греота не само што беше оставен на цедило во секој смисол (посебно финасиски умре во мизерија) во последните неговови од животот туку и со голема иронија и исмејување гледаа на него на крајот од неговиот живот
Најголема вина за туркањето во заборав имаат некој видни (бивши и постари)членови од групата наша и тоа почнувајќи од утакмицата со лемго за да се истакнат тие практично го избркаа од салата во подецнежните утакмици

Никогаш во животот нема да заборавам на утакмицата со лемго кога го изваде гулабот од под капата негова и тој(гулабот) целиот уплашен од публиката вртеше едно пола саат околу публиката а со тоа се направи одлична атмосвра за станвање од седиштата (бранови)Лудница беше !!! и со трубачкиот оркестар кој го носеше
:smir:
Точно ми текнува на тие години....
Мате се најде во конфликт со бившите водачи на Чкембарите,кои му замерија дека навивал заедно со Комити за Кометал Ѓорче Петров на некоја евро утакмица во Скопје,и со тоа му префрлија дека ја предал Битола и Чкембари...
Можеби бил на утакмица во Скопје,но она шо Мате го даде за Пелистер,за Битола,и за навивањето е ПРЕТЕШКО за да му се замери било шо,тој е ВИСТИНСКА ЛЕГЕНДА на Битолското ракометно навивање...
Нема да постои повеќе таков навивач на Пелистер....
И без разлика на кој утакмици се појавил,дали на Вардар,дали на Кометал.или било кој друг клуб-неговата прва и најголема љубов беше рк пелистер.....
Сеуште ме полазуваат морници кога ќе се присетам на тие моменти кога Мате со фракот и со диригентската палка ќе се појаваше во салата,вистински господин,вистински БИТОЛЧАНЕЦ,кога се појавуваше тој цела сала ГРМЕШЕ...
Па моментите со гулабите-кога ќе застанаше на средина од трибината каде шо се сместени Чкембари-и кога ќе поченеше да ДИРИГИРА со палката-и цела сала грмеше-ПЕЛИСТЕР А ЛЕ АЛЕ АЛЕ!!!!
Па бевме познати низ цела Југославија а и богами во цела Европа по Мате....
Мате беше нарекуван-ДИРИГЕНТ НА НАЈГОЛЕМИОТ РАКОМЕТЕН НАВИВАЧКИ ХОР:zver:
Тој е ЛЕГЕНДА НА РК ПЕЛИСТЕР-и штета е шо не му се даде ПОЧИТТА која тој ја заслужи....
Се надевам дека кога ќе се среди клубот(ако се среди)ќе му текни на некој,да му оддаде внимание какво шо заслужи Мате,и ќе добие легендата место во историјата на овај клуб,зошто Пелистер без своите навивачи немаше да стигни до кај шо стигна...
А прв меѓу тие навивачи,кои впрочем беа и основачите на таа група од која изникнаа Чкембари како навивачка група беше Мате Шундовски....:cuc:
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
СЕГА ИМАМЕ ПРИЛИКА СО ВЛЕЗ ВО БАЛКАНСКАТА ЛИГА ( ТРЕБА ДА СМЕ 2 МЕСТО ВО МАК: ЛИГА НА ТАБЕЛАТА) ДА СЕ НАПОЛНИ САЛАТА ПАК И ДА СЕ ВРАТАТ ТИЕ СТАРИ ВРЕМИЊА. АКО ВЛЕЗИМЕ ВО НЕМА ТУКА КЕ ИДАТ КЛУБОВИ КАКО ЗАГРЕЦ, СТЕАУА, ВЕСПРЕМ, Босна, ЦЕЉЕ..... и многу други но пред се ТРЕБА СЕГА НЕКОЈ ДА ГО ПОМОЖИ КЛУБОТ ЗА ДА БИДИМЕ 2-ри И ДА ВЛЕЗИМЕ ИМАМЕ ДОСТА СОЛИДЕН ТИМ АКО НЕ СЕ КЕ ОДИ ВО ВОДА!!!! А СО САМОТО УЧЕСТВО ВО ТАА БАЛКАНСКА ЛИГА СЕ ДАВААТ ЗА СЕКОЈ КЛУБ ПО 70 000 ЕВРА КОИ НЕ СЕ МАЛКУ ЗАТО СЕГА НЕКА СЕ ПОТРУДИ НЕКОЈ ДА ПОМОЖИ ВО КЛУБОТ!!!
 
Кире - Тешко таа работа брат

Нема да се најде пак таква будала како стојче и овај од фелиција (со заборајв како се викаше) да даваат пари а во тоа време спире да раководи со нив и да е главен
Не дека спире не даваше ама не даваше од џепот негов туку од рек - елем
Значи во сегашната ситуација е скоро истата работа друг да дава а друг да е главен така поќе не :uvo:

Единствено решение сега е само играчите ,прецедателот со тв камери да одат кај двојче и да му ги предадат печатите и сите документи и да вработат по некој играч во јавните претријатија
Колку за да тргни работата а потоа со текот на резултатите кои сигурно ќе ги има да дојдат (сами) спонзорите
Секако и мора да се смени прецедателот на РФМ михајло оти дури е тој се знај дека нема ние да бидеме второ место што значи мора да се клај минчо ,и не само михајло и новиот секретар начевски оти тој мајмунот цел живот бил против нас и се додека е жив ќе биде па така да не се надевај многу и со некаква финасиска инекција дека ќе успееме
:salut:
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Вервам дека ке биди то и пак на такви натпревари со великани ке биди салата ТОП!!
А за вработување на играчите најубо е не да работат туку да се на платен список на некоја фирма пример 2-3 на рек 2-3 на овој 3-4 на оној и тие да си одат редовно на тренинг исто ко на работа и да му дават плата овие !!!
П.С. ДЕНЕС ИМА ПРИЈАТЕЛСКА ПЕЛИСТЕР_ ПРОЛЕТ КАЈ НАС ОД 6 часот !!!

--- надополнето ---

Тепавме 3 разлика со Пролет иако во цел натпревар водеа тие и на моменти нерешено натпреварот го добивме на крајот.
Сепак прва утакмица е полека се ке е ок. Друга работа- незнам шо му е финтата на оние од пролет бе стално се залат ко ке дојдат овде само за нос се дрзат само ги мава некој и на 3-4 минути до крајот дојде до контакт на Кире Поповски со тој педерот од пролет незнам ни како се вика :? - само провоцират, сакат некој да му ја слапни една да ги остај на паркет??? :idea:
УТРЕ СЕ ОДИ ГРЦИЈА НА ТУРНИР!!!
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Тешка утакмица,повеќе наликуваше на лигашки меч отколку на пријателска утакмица.:tapp:..
Не знам зошто Звонко не им даде шанса на младите играчи...?:kesa:
Па на пријателски утакмици треба да се пробаат децата,да покажат колку вредат и да се наметнат во првиот состав,..:ija:
Голема грешка на Звонко-познат е како тренер кој форсира млади играчи,ама со вакви потези единствено му се нанесува штета на Пелистер,зошто?
Речиси цел меч играа искусните играчи...цел меч го одгравме само со еден голман...:kesa:....
Погрешен избор:tapp:...
Требаше да им се дај поголема минутажа на младите-пред се на Чурлевски,резервниот десен бек Мирослав Бошевски,на пикерот Игор Трајковски...на тројцата резервни голмани кои ја ПРЕСПАА цела утакмица...:kesa:..
Ок е шо се победи-мора секој меч Пелистер да оди на победа,без разлика со кој игра-ама на пријателските мечеви резултатот не е примарен..
Зошто ги мачи старите играчи,а можи да им се дај шанса на децата да покажат шо потенцијал имаат,ова беше одлична можност за тоа,добар противник....
Вака се калат млади таленти-а не кога водиме 15 разлика со некој тим и ќе поиграат 5 минути на крај...
Така не се прават играчи,младите мора да играат почесто за да се стекнат со искуство...
Не треба да се чудиме зошто ни бегаат талентите,зошто години наназад Пелистер нема извадено врвен играч од својата школа,туку сеуште се одржуваме на врвот со помош на старите волци....
Мора да се форсираат младите,и така останаа само неколку квалитетни деца,за разлика од порано кога во секој момент во младинскиот ти имаше барем 7,8 деца кои комотно можеа да бидат во првиот тим,но тогаш конкуренцијата беше страшна,и тие млади таленти беа на некој начин ИСПУСТЕНИ,и голем дел од нив се откажаа од ракомет..:nesvest:
Доколку Пелистер денес во своите редови ги имаше барем половина од тие деца денес ќе беше друга песна,ќе размислувавме за титули....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom