kako da ne ke idele srbi nie ne mozime mladite talenti so veke gi imame da gi zadrzime pa kamoli dr da nosime
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]БитолЧани ги пополнуваат своите редови[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Николовски и Митевски се враќаат во Пелистер[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]БИТОЛА. - Полека, но сигурно, Пелистер почна да ги пополнува испразнетите места во екипата по заминувањето на дури шестмина ракометари во текот на есенската полусезона. Интересно е што и овој пат при комплетирањето на тимот, поради финансиски проблеми, битолчани ќе ангажираат, главно, свои поранешни играчи.
Првите засилувања, според информациите од раководството на битолскиот суперлигаш, се двајца повратници: искусниот среден бек Игор Николовски изминатава година настапуваше за Касторија, Грција, а деснокрилниот напаѓач Васко Митевски се враќа од Беране, Црна Гора, чии дрес го носеше во последната сезона.
Пелистерци се на добар пат да го доведат и пикерот на Струга Илинден, Горан Димитровски, во своите редови, а доколку клубот го реши прашањето на генерален спонзор, сигурно е дека во Битола ќе бидат доведени и други засилувања.
[/FONT]