Фан клуб: РК Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.530
Баш да видиме денес на шо личи Пелистер по промените....:D
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Мене не ми е јасно кој е проблемот, шо праеја толку тензија, стварно она е катастрофа, се отепаја провоцирање. Ама то е од страната на Петко кажано како да прат, ко петлиња некој скокаја хахахах се изнасмеав, а син му мана можи 20 топки погоди 0 хахаххаа и абер нема да го извади !!!!
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Мене не ми е јасно кој е проблемот, шо праеја толку тензија, стварно она е катастрофа, се отепаја провоцирање. Ама то е од страната на Петко кажано како да прат, ко петлиња некој скокаја хахахах се изнасмеав, а син му мана можи 20 топки погоди 0 хахаххаа и абер нема да го извади !!!!
Pa zaradi nego go napraj klubot :)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.530
Од такви банана тренери ко Петко да му се одмили на чоек и ракомет и се....:eek:
Шо тренер е овај бе?
Играчите му урлаат на терен,зафати од К-1,овај си го лади..ништо,ни да викни,ни да ги седни на клупа да ги смири,да ги опомени.......резил:facepalm:
Уште ко ќе го видиш со кожното сако:facepalm:на утакмица...
Каде бе?:eek:не сме на пазар кај менувачниците:pos:
Не знам само шо ги сили децата...
Шо му напрајл Пелистер него не знам?
Дремеше како некој пес секој ден на тренинг летото,кукаше да му дат некој играч на позајмица,сега истите тие ги сили да маваат и плукаат по Пелистер..(а речиси сите излегле од Пелистер)....
Со јак Пелистер и неговиот тим ќе има ќар(како шо имаше летото).....ама на кој ќе му кажиш?:tapp:
Пак иди муабетот дека од нашите страда Пелистер...
Наместо брендот Пелистер да се сака и штити од сите Битолчани,вакви банана екипи и проекти гледаат да наштетат...
Резил беше она преѓе,мизерија...онакви стартови,тензија...шо ќе беше да се повредеше некој....
Добија то шо го сакаа,и нашите не беа нималку нежни,со вакви така треба...
Вака да беа агресивни на Петко децата на другите утакмици ќе беше добро,ќе накалапеанекој бод плус,ама некако се губат. со другите..:D
Не вреди да дискутирам за вакви луѓе..
Си го форсирал син му:pos:
Јас освен едно шанкуре шо сака да пробва некој удари АЛА КРЕЧМАР:facepalm:ништо не гледам во него....
Го стопи Тосето,се му прочита....:pos:
Доста за Битола,не заслужуваат респект,имав некоја почит спрема нив,ама по ова денес,не заслужуваат да го носат името...:tapp:
За Пелистер,слабо,слабо..:cautious:
Посебно бекојте.....:facepalm:
Везенио тотално отсечен,незаинтересиран,иако даде некој гол(пред се од контра и полуконтра)....
На Иве очигледно не му е местото на десен бек,подобро нека одат само со Миро и да тераме така,вака не оди....
Радува фактот шо Пелистер добива еден нов бисер,од славната ракометна лоза Чурлевски...
Дечкото е невиден потенцијал,роден ракометар,одамна имав пишано дека детево е нешто посебно....
Колку лесно се движи само,филинг за асистенција,за шут,за ослободување простор.....играч на мечот дефинитивно.....
Ова дете ако го испушти Пелистер арам нека му е на сите шо се во и околу клубот...
За другите помлади деца шо влегоа,не добиај некоја минутажа,а и таа шо ја добија не ја искористија,му се секоја рачињата.....посебно то бекчето шо влезе на крајот,Скијачо како го викат:unsure:
Нормално е до негде,млади деца,неискусни,прв меч,тремата си го напрај своето,се играше пред 500,600 гледачи........за прв меч простено е....
Ќе видиме како ќе се развиваат,засега Пелистер го доби само Филип Чурлевски,за другите ќе покажи времето....
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.530
Денешен спорт..
Утакмицата Битола-Пелистер се игра денес во 18 часот:facepalm:
Добро бе,кој аматери сте вие?..
Кој ви дава плата вас не знам......:tapp:
Тешка мизерија од весник.....:гомце:
Толку ве мрзи да се крените еден телефон и да се информирате за мечот....
Туку ракометот во Македонија е само Металург,другите клубој не се важни....
Знам дека го читате форумов па еден срдечен ПОЗДРАВ АМАТЕРИ:гик: ....
Keep up with the good work:tapp:
П.С.
http://zoran-misevski.blogspot.com/
1500 гледачи имало,машала,машала:X3:
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.203
Поени од реакции
1.519
Од она што го видов на утакмицата со Битола, мое мислење е дека РК Пелистер, го достигна дното, надолу повеке не се можи. Најслабиот состав на Пелистер од неговото постоење. Нема бекови, нема пикер, нема голман единствена светла точка се крилата и надежниот Филип Чурлевски, се друго е или престаро за играње на ракомет, или премладо за играње на ракомет или неталентирано па се нашло во Пелистер само да потполни бројка. Со оваа екипа нема да можиме да се носиме со Овче Поле, а да не ги спомнивам Металург и Вардар, кои ке си поигруваат мајтап со нас. Па уште СЕХА лига бараме а не можеме да направиме екипа која барем ке им даде барем отпор на Вардар и Металург. Кога лани се направи каква таква екипа, кога дојде Филип Лазаров, се вратија Везенковски и Митевски се мислев дека работите конечно тргнаа, плус летото се обекаваше се носеа играчи убеден бев дека еве се спрема екипа и одеднаш сто крај одиме од почеток, не од почеток туку од дното.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.530
До негде Јове е во право...
Само ќе корегирам малце...
Не можи да се бара од децата шо ги кладоја во оган сега уште од старт да пружат добри утакмици...
Нормално е дека ќе имаат трема,немаат играно некои посериозни утакмици...
Треба да поминат најмалку неколку месеци па да видиме шо квалитет имаат....
Мислам дека покрај Филип ќе излези уште некое салам дете,типувам на пикерчето Дарко....;)
И голема замерка пак до стручниот штаб.....
Толку да се нема ФИЛИНГ кога да се напрај измена.....:facepalm:
Иве одвај одеше,играше напад-одбрана цели 55 минути..
Ами извај го бе,гледаш дека не можи,нека одмори малку...
Гледаш дека не можи ниеден шут да упати кон голот,ко шо треба,клај го Миро,пробај како ќе оди нападот....
Изротирај ги играчите,нека земат душа малце старите.......
Посебно на таква тензична утакмица како шо беше со фајтерите на Петко:pos:
Чантурија цела утакмица изигра,спремен е,ама треба некој да го смени малце....
Папата 10 зицери љуфна,извај го малце,нека се среди...:D
Се знај како функционира модерниот ракомет,добра ротација,по 30-40 минути игра во просек на то јадро на тимот....
Ние цел живот старското,од ко памтам никогаш Пелистер немал квалитетна ротација....можеби исклучок се сезоните 95/96,и 2001/02..ама тогаш имавме тренери од типот на Зечевиќ и посебно Богдан Маковеј...
И на времето со Манасков,Новокмет,имаше долга клупа,ама пак истите играчи играа цело време,па не треба/ше да не чуди шо не толчеа во евро купојте појјаките екипи во второ полувреме,ќе се умореа нашите и после второто ќе не решеа...
Примери еден куп со Фленсбург,Ковопретрол,Џенерали итн...
Не знам само шо бркаат, Кире и Заре сега,титула?Врти сучи замина сезоната,резултатите сега не треба толку да не интересираат...
Демек толку ќе беше срамно да изгубиме од Петко?:eek:
Сега ако навистина мислат да тераат со млади деца,треба полека да се зголемува минутажата на младите деца,па да видиме дали навистина вреди некое дете или не......
Ама треба да добијат салам шанса,не ко порано,клај го на неколку утакмици,не се покажва,и избркај го....
Само да не напрат на лето пак по старо ПУ,ПУ НЕ ВАЖИ,па да бараат пак играчи на GOOGLE SEARCH:)
Од то се плашам јас....шо не работиме на долгорочен план,сите работи во клубот во овие 10 им кусур години се одвиваа по принципот КУПИ ДЕН ПОМИНИ или благо речено СПОНТАНО!!!
Клубската политика се менваше толку често,како да менваме чорапи:pos:
Видовме кај не донесе таквото НЕ-планско работење...:facepalm:
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
од титулите и таквите работи за слава се далеку....ко веќе уфрлија играчи млади,треба да му се дај стабилен договор и да се работи напорно да си напрајме сами играчи....како шо излегоја генерацијата на зарков,томче,боро и компанија можи и сега да се изградат такви играчи и по неколку години да има успех...Е СЕГА НАШИТЕ ТО ДА ГО МИСЛЕЈА ВО 2006-2007 ДОСЕГА КЕ БЕШЕ ПОДРУГО,а и сега не е касно да се почни,АМА САМО ДА СЕ ПОЧНИ!!!ако не му се овозможат услови на децата се знај како е песната...Нека играт и онака ништо не губиме само можи да се добие добар играч,за титули не се надевам наредните 2-3-4 годни,освен во струга турнирот:icon_mrgr:
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
баш пред некое време ко зборавме за навивачката атмосфера во Битола дека осптојува...си ебало мајката,незнам можи ја видовте та сликата шо излезе на фб сликана во саботата низ широк сокак кај шо нема игла кај да се фрли!!!чисто онака ми долета од некаде кон мене видеото па решив да го постирам,да се види ние кафеџиите и оние кои напорно работат да напрат нешто да личи...и после Битола имала навивачка атмосфера....порано ДА,и то најака во Македонија....а денес??

http://www.youtube.com/watch?v=uZX2VQOM8f8
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.203
Поени од реакции
1.519
Јас еднаш реков и уше еднаш ке кажам, не верувам дека двоецот Кире-Заре можат да направат екипа од млади деца, едноставно нивното знаење елимитирано (не велам дека нема во иднина да ги биде за тренери особено Кире, за Заре се гледа дека кај него нема ни Т од тренер), во моментот не се дораснати да бидат тренери а пособено не на прва екипа која има цел од млади играчи да се направи екипа. Немаат чуство ама никакво играме со Битола и 90 % од времето го поминуваат во игра со Иве, Папата, Тосето, Кани и другите стари играчи кои дале зеле, им фали исто и педагошки приод кон децатаи тн. Папата игра 50 мин, па од Папата допрва ке правиме играч човекот нема ни чуство, ни талент, ништо буквално од ракомет едноставно се нашол на местото и сега игра, од Иве десен бег ке правиме на 36 год. и тн. Според мене без разлика колку се талентирани децата нивниот максимум во вакви услови ке биде просечен играч за македонска лига од типот на Везенковски и тн. за врвни играчи треба многу повеке од талент (јака екипа, јак тренер за да има од кој да учат). Според тоа прашањето за успех и титула за мене е затворено се додека не се среди клубот и да се почне се одново да се инвестира да се носта еден до двајца квалитетни играчи, квалитетн тренер, да се додаваат квалитетни младинци и потоа да се чека ти младинци 2 до 3 години да созреат па да се атакува на титула. Ова сега што се прави е само МИЖИ АСАН ДА ТИ ЈАДАМ СЛАТКИТЕ, и отиде се што вреди барем малку останаа само тие што немаа каде се приклучија млади и кадри и некадри и од нив Кире - Заре ке прават играчи, номој молимте, ако беше така лесно и Вардар и Металург а и Пелистер до 2000 год. така ке функционираше нема да фрлаат пари.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Пелистер во овој момент е многу слаб, то е реална слика и нема бегање. Од тренери до играчи се е испревртено. Имаме состојба значи на млади играчи кои не можат да ти извадат утакмица оти се неискусни, а од друга страна на играчи кои веќе одамна си го кажале последнио збор, а тие неможат да ти извадат утакмица оти во 40та минута неможат да дишат, не можат да дошутнат од 9м ито буквално неможат да шутнат.
Не се сложвам шо постојано се хејтат кафеџиите, јас искрено дневно врвам по 8 сати на Шиток Сокак, ама таја е традицијата шо да прам,дедо ми одел, татко ми, а и јас ќе одам до последниот ден, а секако то не ми смета да дојдам на утакмица и да гледам. Да тргниме една линија,Пелистер години наназад гледано е гигант, значи не во Македонија, не во Југославија, туку во Европа.Секоја утакмицаимаш шо да видиш, да навиваш за попеда. Сега сме станале нанвивачи само задерби и тогаш бевме дерби навивачи, само шо секоја утакмица беше дерби, Ц. Звезда, Металопластика, Бања Лука и т.н., не треба хејтање, треба да се најди начин да се рекламира нештото и такада успејме да собираме гледачи на трибина !!!
 
Член од
20 октомври 2010
Мислења
56
Поени од реакции
22
убо шо си го даде мислењето Но престанида го пишиш тој глуп зор Хејтањееее.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Хејтање е модерен интернационален збор, за преземање на активноста мразење. Хејтерите се луѓе шо мразат се во што не се вклучени, или се тие шо не прат. То не е многу глуп збор, низ темата се среќаваат и поглупи зборови, ама чим ти дупи очи, ГЛА КРШАМ АТЕР НЕ КРШАМ !!! хахахаха
 
Член од
20 октомври 2010
Мислења
56
Поени од реакции
22
многу удира на модерниот македонски јазик(скопски0 сигурно студираш или си струдирал скопје па затоа тоа ти е и вметнато во твојот вокабулар на изразување ние си имаме баш наш збор Мразење а не Хејтање или наш битолски Нејќење ,интернационален е акосе употребува во повеќе земји региони а не во Англија и Скопје !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom