Фан клуб: РК Пелистер

Член од
2 август 2011
Мислења
1.255
Поени од реакции
1.640
Tomasino и ти знаеш дека играчите кој лани играа за Пелистер целосно ги исплати Циле, дека на сите странци што беа во Пелистер Циле им ги исплати побарувањата, тренерот Циле го исплати, подготовките Циле ги плати, купот лани Циле го донесе. Е сега крајот на септеври пукна тиквата а зошто пукна сигурно не очекуваш дека Циле ке свика прес и ке се жали дека Ефто не му го дава клубот. И Ефто не свика една прес конференција и искрено без лажење да каже што се случува во Пелистер туку само лажи те не си отидоа странците, тренерот немал образование, ке довдел нов тренер. ке донеселе нови играчи и тн од се што кажа ништо не е вистина, па сега ти верувајму дека Циле не сака да влезе во клубот а тој не бил пречка одма ке ги оставел клучовите. Многу матни работи има во Пелистер но мора да знаеш дека Циле не е човек кој еднаш едно вели друг пат друго, но едно е сигурно Циле нема да дава пари а друг да раководи. Ефто ке го остави клубот е во тоа стварно не верувам многу време истото го изјавува и никако да го остави.
--- надополнето: Dec 5, 2011 6:14 PM ---
Со Силјан Мицевски или ГП “Пелистер“ имаме соработка, но не ни се дефинирани односите за оваа сезона. Ние со ЕЛЕМ имаме конкретен договор во кој се е запишано и така се одвиваат работите. Во рамките на договорот кој го потпишавме со нив како проект за општествената одговорност на ЕЛЕМ и од тоа сме презадоволни. Сакаме истото да го направиме и со ГП “Пелистер“ и се она што ќе значи соработка да го ставиме на хартија. Се надеваме дека уште во текот на оваа седмица ќе ги завршиме сите формалности со нашиот спонзор, конкретен е Божиновски

По интервјуто ке видиш дека Ефто од Циле бара да биде спонзор, а тој да раководи со Пелистер. Па мислам дека нема толкава будала која ке дава пари а друг да ги троши.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Да ти кажам право мене многу ми изгледаше дека е местена (а и така се збора). На почетокот ко го промашивме првиот пенал т.е. ко го погодивме Божиќ си реков ај грешка е, на секој му се случва. Ко примаше Мисовски онакви голој, незамисливи за него па уште и онај од мртов агол ко „не успеа“ да одбрани почнав да мислам дека е шитната. Промашените контри, чистата шанса на Папата и насмевката на лицето на папата негде на средината на второто полувреме уште поќе ми ги зголеми сомнежите за местенка. Ама како и да е, то е то. Сите играчи ни само ни ја поткреваа надежта за пласман понатаму со изјавите дека 99% врвиме итн.

Сегашната состојба во клубот е средножалосна. Незнам како стојат со плати, дали им плаќаат редовно на играчите или не, ама од то шо го имам гледано на тренинзи и на утакмици (првенствени и една пријателска) не се знај ни кој јади ни кој пие. Никаква почит се нема кон Заре и Кире, на тренинг сите се заебават, прават шо сакат.
Ете има најави дека од 1ви јануари клубовите ќе се прат акционерски друштва со цел да се подобри состојбата во спортот. Шо ќе биди од то, ќе видиме.
не би требало да е местена,ама сепак македноска работа:D се си бива!таму изгубивме 7 разлика,така да во ниеден момент не зависеше резултатот ама јбг!послаб пелистер не сум гледал на толку оптимизам спремање публика и се остнанато..многу луѓе разочараа,па нека мислат на зима да засилат и нека не драпат
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.347
Поени од реакции
5.386
АЈДЕ БЕ ДОСТА СО ТАКВИ МАЛОУМНИ МУАБЕТИ !!! :notworthy:
МЕСТЕНИ БИЛА - Жими таквото била наместена !!!!
Толку ни е силата-толку знајме !!!
Не е исто да играш со Кавадарци, Куманово, Преспа... и после одма да играш европска утакмица...
Овие сакат константно да играт со сите, е ако сакат така ќе треба на почеток да играт со појаки екипи за да се подготвуваат, не ние пред да почни сезоната пријателски игравме само со Борец, Битола и Преспа, после пак истата песна Битола па Преспа, жими една со Паок шо изиграја и то беше... И шо подготовски се овие ???
Чесно не тепаја и таму и тука, таму можи со поголема помош од судиите на крај, ама пак ќе не тепаја 4-5 разлика, а не со 7 (ако не му поможеа)..
Па во Битола нас ни поможија судиите, цело време за нас судеа, и местена била ???
Е шо требаше поќе ??? - да ни се напучат да му го стегниме по еднаш !!!
Не поминаја шо не поминаја, нека му е со среќа во 1/8 финале !!!
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Абе таму да беше до кај 4-5 разлика друго ќе беше тука
Ама ај помина сега да му ја мислиме за на пролет со Вардар
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Tomasino и ти знаеш дека играчите кој лани играа за Пелистер целосно ги исплати Циле, дека на сите странци што беа во Пелистер Циле им ги исплати побарувањата, тренерот Циле го исплати, подготовките Циле ги плати, купот лани Циле го донесе. Е сега крајот на септеври пукна тиквата а зошто пукна сигурно не очекуваш дека Циле ке свика прес и ке се жали дека Ефто не му го дава клубот. И Ефто не свика една прес конференција и искрено без лажење да каже што се случува во Пелистер туку само лажи те не си отидоа странците, тренерот немал образование, ке довдел нов тренер. ке донеселе нови играчи и тн од се што кажа ништо не е вистина, па сега ти верувајму дека Циле не сака да влезе во клубот а тој не бил пречка одма ке ги оставел клучовите. Многу матни работи има во Пелистер но мора да знаеш дека Циле не е човек кој еднаш едно вели друг пат друго, но едно е сигурно Циле нема да дава пари а друг да раководи. Ефто ке го остави клубот е во тоа стварно не верувам многу време истото го изјавува и никако да го остави.
--- надополнето: Dec 5, 2011 6:14 PM ---
Со Силјан Мицевски или ГП “Пелистер“ имаме соработка, но не ни се дефинирани односите за оваа сезона. Ние со ЕЛЕМ имаме конкретен договор во кој се е запишано и така се одвиваат работите. Во рамките на договорот кој го потпишавме со нив како проект за општествената одговорност на ЕЛЕМ и од тоа сме презадоволни. Сакаме истото да го направиме и со ГП “Пелистер“ и се она што ќе значи соработка да го ставиме на хартија. Се надеваме дека уште во текот на оваа седмица ќе ги завршиме сите формалности со нашиот спонзор, конкретен е Божиновски

По интервјуто ке видиш дека Ефто од Циле бара да биде спонзор, а тој да раководи со Пелистер. Па мислам дека нема толкава будала која ке дава пари а друг да ги троши.
Не велам дека не даде...
Се беше платено од него до моментот кога пукна тиквата...
Е сега треба да се КАЖИ ЈАСНО И ЈАВНО КАЈ ПУКНА ТИКВАТА....
Па баш ОЧЕКУВАМ ДА СВИКА ПРЕС,не само јас,туку и ЦЕЛА БИТОЛА.....
На сите ракометот ни е во крвта,сите сме изгорени за ракомет,и редно(и коректно) е Циле како чоек од кој се чека да го извај Пелистер од калта да не УДОСТОИ СО ЕДНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА и конечно ДА ЈА РАЗРЕШИ ОВАА САПУНИЦА...
Фер и коректно ќе биди....
Оти пред 5 месеци ако ти текнува во Дневник даде интервју и рече дека комплетно се враќа во Пелистер,без никакви услови...само за да поможи да се врати клубот кај шо треба...
И редно е сега пак да излези како тогаш и да си кажи,вака и вака е батиња..и чао пријатно..
Вака се напраја еден куп верзии...тој му рече,овај му рече...дрн,дрн....
А клубот си тони...
Има најави дека од Нова Година Циле ќе го преземи клубот комплетно(ама се неофицијални,непотврдени)....шо ќе биди не се знај....
Да почекаме,од 1 ви јануари се сменват работите драстично во клубојте,па ќе има подобра клима за влегвање на спонзорите,барем ќе се знај шо е како е....
 
Јас до сега не сум видел прес на Циле без разлика дали се однесува за ракометот или за функционирањето на ГП Пелистер, ниту пак се жалеше кога Чкембарите му го одземаа клубот и го дадоа на Спире па не очекував ни сега да свика прес. Човекот е многу мокен но никогаш премногу не разговара, како и во бизнисот така и во ракометот тој поставува услови ако ги прифатиш ОК ако не продолжува понатаму без нервози тензии и тн.
А дека има право има кога клубот ги имаше најголемите успеси ја имаше цела репрезентација во клубот некој се дрзна да му го одземи да го уништи до крајни граници и сега кога во клубот нема ништо ела вратисе и соработувај со тие што еднаш ти забиле нож во грбот. Било кој да е сигурно би регирал исто.
 
Абе брат ок е сето то...
Не ги бранам јас за то шо го напраја со Циле на времето,најголема грешка беше то на Чкембарите досега....
Ама Циле ја почна оваа драма,и редно е тој да ја разреши....
За брзо ќе се знај се...до февруари ќе бидат јасни многу работи....
Како и да е,дали бил Циле,Миле мора да се смени нешто..вака не можи појќе...
Или да се прај сериозно екипа со нов спонзор(ако има некој таков).....
Или пак втората варијанта шо ја спомнав,да се подмлади тотално екипата..па да се чекаат подобри деној...
Вака ништо не прајме,џабе само нерви киниме и времето ни бега........
Колку само сме назад со школата,одамна неаме изваено играч..
Ко стигнаја од таа Битолска надалеку прочуена школа денес во прв тим носители да се играчи од калибарот на Папата се гледа до кај сме стигнати....:eek:
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.255
Поени од реакции
1.640
Искрено и јас посакувам да влезе спонзор во екипата и се да биде во ред но многу не верувам во тоа едноставно клубот нема менаџмент кој може сето тоа да го направ, ниту пак во Битола има Бизнисмени кои се спремни да инвестираат во клубот. Едноставно клубот треба да му се врати на општината и таа да му го бери гајлето да стави некој екстра данок на сите фирми кои функционираат во општина Битола секоја процентуално да вложува во клубот, да постави пред се луге кои се млади способни, и пред се поштени да го водат клубот, инаку црно ни се пиши.
Што се однесува до младинската школа од тоа нема ништо во клубот треба да има играчи од кои младите ке научат, треба тренери со знаење, а не тренери од типот на Кире Поповски, Зарков, Златко Димитровски кои според мене се жртви на управата кои ги втурна неспремни во огнот и ги изгоре. И ако треба да се знае дека од секој не може да биде тренер, видетего само Зарков на тренинг или дреми или вика по играчите се дере најчесто без врска.
Едноставо јас мислам дека во моментов нема атмосфера во тимот како сите да се искарани едни со други.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
30
Поени од реакции
17
кај ке излези играч пола шо играт во младинската екипа се со врски пикнати......тие шо знат не играт, дома си седат(n)
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Абе од нова година ако не биди ништо (недај боже) нека ги палат патиките Мите и Маретиќ, за тие пари шо ги земаја тие да си ги донесиме Павловски, Славиша Димитриевски и Ќани ем поквалитетни ке сме 1000 пати ем за помалце пари
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Што се однесува до младинската школа од тоа нема ништо во клубот треба да има играчи од кои младите ке научат, треба тренери со знаење, а не тренери од типот на Кире Поповски, Зарков, Златко Димитровски кои според мене се жртви на управата кои ги втурна неспремни во огнот и ги изгоре. И ако треба да се знае дека од секој не може да биде тренер, видетего само Зарков на тренинг или дреми или вика по играчите се дере најчесто без врска.
Во глобала се сложвам со многу од твоите постови (y)
Мада за болдот мислам дека грешиш. Прво идеална прилика е овие 3ца да го испечат тренерскиот занает, во сезона кога сме убедливо најдобри. Второ тие имаат големо искуство, работеле со врвни стручњаци во оние најдобри времиња на Пелистер. И еве според тебе кој би требало да бидат тренери во школата? Долги времиња Петко Босеовски беше тренер ама сега тој си се тргна од клубот. Управата мислам дека ги изгоре Заре и Кире само во аспект на тоа дека ги постави 2та за тренери, играчите не се платени, атмосферата е нарушена, си играт курташак, а на некои толку им се можностите. Заре 10 години работи со Папата на тренинзите и резултатот е добро познат :(
Еве да се вратиме како Звонко стана тренер... Цело лето пред сезоната беше играч, тогашниот тренер се повлече (мислам дека беше Стефановиќ србин еден) и оп Звонко тренер на Заре, Ќани, Пепи, Аљушо... играчи шо беа постари од него o_O И освојвме титула благодарејќи на нивните квалитети... Времето на Звонко беше во тие 2-3 години после титулата... Кога со камења во екипата успеваше да го обезбеди тоа 3то место и колку толку да пружи отпор на Вардар/Металург... Ако се сеќаваш 31-30 изгубивме во Кале од Вардар... Звонко имаше одврзани раце, човекот воведе некои акции кои до тогаш не се играа во Битола, имаше спремна екипа со подготовки во паркот :X3: Вториот негов мандат, се гледаше дека ја нема онаа слобода која ја имаше претходно а и во една сезона толку можеше...
Така да, еве да се вратиме на Заре и на Кире... Ако поминевме со Брест (случајно) сега ќе беа херои?
Треба ако да им се дај долгорочна поддршка и тие сами да си ја прат екипата, и според мене да се разграничи јасно кој е шеф на стручен штаб а кој помошник... ;)
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Абе од нова година ако не биди ништо (недај боже) нека ги палат патиките Мите и Маретиќ, за тие пари шо ги земаја тие да си ги донесиме Павловски, Славиша Димитриевски и Ќани ем поквалитетни ке сме 1000 пати ем за помалце пари
абе другар колку нови години поминале:(...само се надеваме да го земи некој да влезат пари ама само се вртиме вместо и по малце тониме!кој е тој Павловски и Димитриевски??убо е да има по 2 играчи шо се вика на позиција,неможиме вака со 6 души па макар и најаки да се да играме во КПК,то е капацитетот,ако има резерва за секој поубо ќе биди...ние решивме да се напрај тим летово и одеднаш се падна...фалат играчи мислам дека Митревски,Папата,Недановски треба да напуштат(доколку се најди соодветна посилна замена)другите мислам дека се поарни..Мите Караиванов и Васил уште толку се немат докажано.Чантурија е добар само треба да се воигра!и тренер пример ако се повика Звонко пак да биди можи да се склопи екипа до март месец ако се работи напорно
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
30
Поени од реакции
17
славиша димитриевски е средниот бек на борец и дечкото е машина, јас се чудев оти него не го зедојаo_O
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Само Мешков да ги поминевме ке бевме во 1/4 финале
КОЛКУ СРЕЌА НЕМАМЕ
Да ги поминевме ќе се падневме со шведска екипа Луги
Чорба се ке ги добиевме и гости и дома
Ама то е то:tapp:
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
славиша димитриевски е средниот бек на борец и дечкото е машина, јас се чудев оти него не го зедојаo_O
толку е добар а???ами сигурно не е некоја си цена голема за наши услови!го немам гледано,ај можи ќе има на зима нешто,нова сторија на Рк Пелистер која ја чекаме од 2005
Само Мешков да ги поминевме ке бевме во 1/4 финале
КОЛКУ СРЕЌА НЕМАМЕ
Да ги поминевме ќе се падневме со шведска екипа Луги
Чорба се ке ги добиевме и гости и дома
Ама то е то:tapp:
е тоее,кога сме имале среќа!!!барем да стигнивме до 1/4 финале ќе се вратеа старите времиња на гледаност пак ке беше убо и за од догодина ќе биди поарно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom