Фан клуб: РК Пелистер

Член од
14 октомври 2022
Мислења
66
Поени од реакции
384
Уште Стевановиќ бега, па после да видиме кој иди.
Од Дејвид, Даре, Нилсен и Кисум, можиме да сметаме дека само со Кисум имаме некое губење на одреден квалитет. Ама ова полусезона се гледаше некако дека нема радост во него. Било како, со новите потписи сигурно тимот ќе добие на квалитет. Од овие 3/4 полоши не би требало да донесиме.
Стевановиќ ќе го објават утре, да се надеваме дека и засилувањата нема да бидат само звучни, за 1 недела ќе се знај и за тренер, најверојатно ќе има нов. Допрва идат убај вести и на подолг план.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.889
Па јас би го додал и Руди Сери кој е на излезна врата но него мислам ќе го задржат до крај на сезона.
За овие играчи кои го напуштија/напуштат клубот очекувам барем еден пикер и капиталец на лева бековска позиција.
 
Член од
19 април 2023
Мислења
207
Поени од реакции
242
Како започнавте да ги објавувате ќе помисли човек дека носите звучни засилувања. Објавете сите одеднаш , не мора сите тие да бидат предмет на невкусни постови.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.366
Поени од реакции
2.358
Стевановиќ ќе го објават утре, да се надеваме дека и засилувањата нема да бидат само звучни, за 1 недела ќе се знај и за тренер, најверојатно ќе има нов. Допрва идат убај вести и на подолг план.
ТАМШЕ го носите ?
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.889
ТАМШЕ го носите ?
Си има скапа играчка Тамше, не бега од Нашинце. Кој и да дојде има простор за негови играчи да носи. А гарант тој тренер веќе има капарено кој да му биде донесен. Та сега та налето.
Како започнавте да ги објавувате ќе помисли човек дека носите звучни засилувања. Објавете сите одеднаш , не мора сите тие да бидат предмет на невкусни постови.
Оти невкусни постови?
Сите објави се на место и се знаеја оддамна само сега се официјализираат.
 
Член од
19 април 2023
Мислења
207
Поени од реакции
242
Си има скапа играчка Тамше, не бега од Нашинце. Кој и да дојде има простор за негови играчи да носи. А гарант тој тренер веќе има капарено кој да му биде донесен. Та сега та налето.

Оти невкусни постови?
Сите објави се на место и се знаеја оддамна само сега се официјализираат.
Можеби лошо се изразив но има коментари а посебно на Вашата страна кој баш не се најприкладни.Истите играчи беа прикажувани како засилувања а сега заминуваат како промашувања.Еве сега веќе лицитирате ко е следен за отстрел.Стевановиќ Сери.....
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.889
@makedon 23
Не ти држи вода муабетот, ко клубот/управата да измислиле топла вода со објавувањата.
Баш најпозитивно е пренесено без тензија, а за тоа кој како коментира негово право си е, секој играч има некој удел и зошто е во таква позиција која е, дали заслужува или не да остани е најмногу негов уддел како се прикажал, дали ги исполнил очекувањата и дали ги исполнува критериумите кои им ги наложува клубот.
Негледам лошо во оваа постапка, единствено оттсранет од тимот беше португалецот, но и со него најџентлменски се постапе. Нилсен е донесен од Кисум но не се наметна воопшто, Кисум кој има квалитет но не посекоја цена да се чува и за средствата кој ги зема, му излезе понуда во Данска и ја прифати. Даре дечкото е супер карактер но не неопходен за во клубот. Руди Сери ѕверот кој најмногу се залага и на терен но и вон терен трета смена, но после повредата не е тој истиот и се мачи, тром е во одбрана а во напад не може да даде било каков придонес, и шо појќе да ги чуваат сите овие ко држат месечен буџет од скоро 30к а за тој буџет можеш да донесеш 3ца кој би направиле поголема разлика.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Добар потег напраја со Кисум, една од најслабите карики ни беше, не само оваа полусезона, туку и финалниот ден од ланскиот плеј оф.
Цел ден ровареше со то тротинчето по Широк Сокак, како не му се смачи на чоеко, цар, врнело, грмело, тој ровари, со тие влечките на него и бела чарапа.:vozbud:
На плеќите на Хененберг цел плеј оф го истеравме, кој влечеше повреда, а требаше да е обратно, требаше Кисум да е ударниот бек шо ќе торпедира од надвор.
Даде Кисум добар меч во 1во коло плеј оф, на 18.02., со Алколоид, прва утакмица му беше и распука со Татран Прешов и толку беше.
Сите наредни утакмици топло-ладно, појќе ладно.
За офанзивен дел губиме еден солиден шутер, ама за одбрана според мене беше доста нестабилен и добро е шо се решават со време од него.
Многу простор имаше од кај него, таман да одбраниме некој напад и ќе се распаднеше одбраната од кај него.
Тој и Тајник беа доста слаби алки во одбрана, според мене најслаби, не го земам Сери во предвид, оти се гледа дека чоеко уште не е фит по тешката повреда.
Па уште и во средишен дел некогаш одеше Тајник, на некоја 3-2-1 или 5-1 одбрана, масакр.:boksix:
Нека добие минутажа појќе Павле Атанасијевиќ, греота е она дете да дреми на клупа.
Заедно со Петар ќе кинат во одбрана и треба да добијат фул минутажа.
Единствени играчи шо можат поголем дел од мечот да го изиграт без пад во кондиција, ко оси се двата.
Во напад да му дат слобода на Павле и да покажи потенцијал.

Исто и за Танкосен важи, греота е да дреми на клупа.
Или нека му дат минутажа или нека го ослободат.
Нема смисла да не игра ни минута за Тајник да глуми Џим Готфридсон онде и да фрла топки в раце топки, ко небаре лепчиња играме.:facepalm:
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.607
Исто и за Танкосен важи, греота е да дреми на клупа.
Или нека му дат минутажа или нека го ослободат.
Нема смисла да не игра ни минута за Тајник
Сериозен си за Танковски? Нели гледаш дека Танковски неможи да игра среден нема баш никаков преглед на играта, игра само во десно и шутира или пробивање прај, можи да влези двапати да шутни и да дај гол и 10 топки после да упропасти или враце на противник или во нодѕете на наш играч. Греота е Танковски да биде пред Павле кој мора да игра. Танковски треба во македонска лига со небитни противници да ги заменва Павле, Кузмановски или Тајник да не се уморват.
 
Член од
19 април 2023
Мислења
207
Поени од реакции
242
Очигледно титулата ќе остане во Битола. Кога тренерот на РК Вардар изјавува дека ЕПелистер е прв кандидат за титула. Дали тренер кој го води клубот изјавува дека доколку неговиот клуб доколку играл во ЛШ би го имал истиот резултат. Време е за разделба со Недановски.Ало Борко!
 

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
771
Поени од реакции
1.401
Очигледно титулата ќе остане во Битола. Кога тренерот на РК Вардар изјавува дека ЕПелистер е прв кандидат за титула. Дали тренер кој го води клубот изјавува дека доколку неговиот клуб доколку играл во ЛШ би го имал истиот резултат. Време е за разделба со Недановски.Ало Борко!
Мислам ова во форумот кај друг клуб треба да го пишиш:D
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.294
Поени од реакции
8.199
Jas pak ke recam ubo so se pustaat igraci so go opteretuvaat budzetot no ne treba prvo trener da dojdi I toj da kazi koj da si zamini a koj da ostani vaka idi deka Brance na site mu ja skroj kapata iako trebase site da si odat loso e na polusezona tolku rokadi I igraci da odat pa posle site se Germanija na prvenstvoto ke treba od novo praenje Tim I sostav a dali ke ima vreme ke vidime I najvazna rabota na site klauzula da si odat ama stranstvo a ne da odat vo konkurenti od naseto prvenstvo pa posle da si ja cesame glata no mislam deka ne problemot samo vo ovie so gi pustija oti tie slabi igri dadoja za nasiot klub ama kolku tolku bea profesionalci se mislam deka problemot e vo pijanicite "nasi " za atmosverata I rezultatite pa ke vidime so ke bidi so fitiljot imaat golem plus mozi da eksperimetiraat so sostavot no na krajot samo rezultatot e vazen I titulata se drugo e nebitno !

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.136
Поени од реакции
1.889
Vaka idi deka Brance na site mu ja skroj kapata
Мислам дека не е баш Бранче, сепак тој шо ќе си оди има свои барања а во нив не се склопуваат овие играчи т.е бара 2-3ца сега и на лето уште некој играч. А реално овај пакет кој си замина беше само за шлепање а земаа солидни плати.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.366
Поени од реакции
2.358
Мислам дека не е баш Бранче, сепак тој шо ќе си оди има свои барања а во нив не се склопуваат овие играчи т.е бара 2-3ца сега и на лето уште некој играч. А реално овај пакет кој си замина беше само за шлепање а земаа солидни плати.
ајдее кажи дека е готово со новиот тренер ,ги имаш инфо од прва рака....штета шо не напраја да се играт best of five да гледавме интересна битка Пелистер со Алкалоид за титулата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.079
ајдее кажи дека е готово со новиот тренер ,ги имаш инфо од прва рака....штета шо не напраја да се играт best of five да гледавме интересна битка Пелистер со Алкалоид за титулата.
Абе додека игравме ЛШ за Вардар пишуваше цело време, сега најомразен клуб ти станавме :D

Нема грешка дека ќе се решава титулата меѓу Алкалоид и Пелистер. Какви такви, пак сме поквалитетни од пулените на Кирца.

Инаку, од шпекулациите по широкиот сокак, отвораат простор за селекторот на Србија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom