Фан клуб: РК Пелистер

Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
За крило пошто Недановски не е сериозен, и наместо овој малиот најдобра опција беше Макаловски
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Ај нека почнат утакмици за новата сезона и ќе видиме кој ќе биди носител на оваа генерација на играчи... И сепак сеуште го делам истото мислење за малиот дека е најдобар од засилувањата !!
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Добро е ко ќе има поќе души на форумот и различни мислења.
Во главно се сложвам со zlamija, имаме речиси исти гледања околу нови играчи, стари...
Голмани сме сосем солидни, Мисоски е еден од моите омилени, вчера преку 15 топки ги стопи, ја разбира играта, тосето е добра алтернатива и плус Менде кој вака-така се подобар и подобар е.
Леви крила... конечно Тото ќе можи да се изнаигра, за мене е невиден играч, секогаш спремен, трча дупло од сите искусен, реализација одлична. Милош Вујовиќ се знај од кои причини е донесен, за мене најобично крило е, наместо толку пари да дават на него можеа (кога веќе сме толку тенки таму) или да му понудат на Златко уште една сезона, или да фрлат в оган некое битолчанче, Босеовски на пример е 3 пати подобар од црногорецот за мене. Не го спомнувајте Макалоски... не тренира повеќе никако не ни треба, ќе ја сотри цела пијачка во градо :D
Лев бек, тука ќе бидиме пренатрупани. Кире, Мите, украинецот, Зујовиќ... Се ми се чини дека Кире ќе го пуштат во втората екипа, штета што кога требаше тој лани да биди главниот шутер, ние Фичо му го спремивме на Вујо (n)
Мите е играч без мозок, ама има неверојатен скок и топ во раката, овде мислам дека конечно ќе блесни и ќе биди баш она што лани ни фалеше БЕК ШУТЕР! Зујовиќ е добар за конкуренција, додавач ретко шутка и сигурно дека одбрана ќе држи заедно со мите и останатите над 195 cm.
среден, тука е Везенио најверојатно и Недановски ќе го заменва, мада многу подобро ќе беше да можевме да го довлечкаме Тасевски или Стојчевски, иако сите 4ца се ресенчани (автоматски и врвни техничари) овие вторите се барем 2 класи над сегашниве.
пикер, тука сме дупка... Јачимовиќ најверојатно ќе го елиминират, Папата е добра за да одигра 10тина минути од утакмицата во одбрана и толку.
десно, со Кодор и Пинки сме добро покриени, не се врвни бекој, ама ќе завршат голема работа.
крила, Чантуриа е ракета и најреално најдобро засилување, Васко е одличен, Иве прекуброен. Да, има постигнато многу во неговата кариера и капа долу за се што направил :cuc: ама ај и Абдула и Чурлевски да ги вратиме ако не...

Останва да видиме уште украинците шо ќе покажат. Јас мислам дека можевме многу повеќе да се засилиме ама то е то... Македонски играчи моментално нема слободни на пазарот, а и тие што се во Металург според мене се преценети.
Јасно е дека без странци неможи да се крени интересот во градот за ракомет, и добро е што почнавме уште одма со градење на права екипа... Полека, полека ќе си дојдат работите на свое место, ќе видиме кај фалат играчи, ама прво треба да се уиграме да видиме што е како е, после со Брест ќе видиме на кое ниво сме, и дали ќе можиме во регионална :)
 
Член од
28 јули 2011
Мислења
110
Поени од реакции
52
Мое мислење е дека сеуште е прерано за вакви анализи и коментари, факт е дека сите шо се во Пелистер добро го познават ракомето, а шо е најбитно и гледам имат желаба да се докажат (нема добиено впечаток дека некој од играчите кои моментално тренират е дојден со цел само да ги земи парите), сега е најбитен тренерот колку ќе извај од нив. Лесно можи да се деси да експлодира ова екипа како во старите времина на Мојсо и компанија, и тогаш никој не верваше во нив дека таков успех ќе напрат.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.259
Поени од реакции
1.656
За мене е важно што во РК Пелистер почхаја да се подобруваат работите, што се однесува до заилувањата да почекаме да видиме што ке биде. Едно сум сигурен и Металург и Вардар ке паднат во Битола.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
НАЈВАЖНО Е ова сезона да си го напрајме костурот на тимот, да си го задржиме и за в година + да се исфрлат 2-3 шо нема да се вклопат во екипата, да се донесат уште 2-3 супер играчи и толку треба за шампиони
Важно ова сезона да се изгради и задржи костурот на тимот а за понатаму ќе видиме шо ќе биди
 

Goebbels

Анархист
Член од
26 март 2011
Мислења
28
Поени од реакции
15
Јас мислам дека мора да му се дај поголема поддршка на македонските играчи, пред се на тие шо се "израснати" во Пелистер, и после, како втора опција, да се разгледа можноста да се донеси некое квалитетно странско засилување за да ја пополни праната позиција.. Од таквата стратегија се влечат поќе поволности, домашните играчи нема да барат голема плата, не се плаќа смешна сума за обештетување на клубот од кај шо е земен играчот ( читај 5000 евра за Вујович ), нема да се троши на сместување, се поттикнува младината ( како мали сите шо сме тренирале ракомет сме сонвале дека ќе заиграме за Пелистер ).. Плус, се сеќавате во еден период, цел прв тим на репрезентацијата беше составен од деца на Пелистер, Алушевски, Јоновски, Мојсоски, Лазаров, Темелков, Ванчо Димовски ! Треба да се работи на таков начин !
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.145
Поени од реакции
1.898
Плус, се сеќавате во еден период, цел прв тим на репрезентацијата беше составен од деца на Пелистер, Алушевски, Јоновски, Мојсоски, Лазаров, Темелков, Ванчо Димовски ! Треба да се работи на таков начин !
E сега баш ги погоде Битолчаните посебно Димовски... да кажеше: Стефановски, Алушевски, Петковски, Чурлевски, Новокмед (ај можи не толку мн да е скорс наш ама најдоброто го играше во БТ и се игграде како играч во БТ), Марковски и Зарков (мада и тој шо не е Битолчанец) а за тоа дека сите играчи кој имаат играно во репрезентација и кој сега играат во репрезентација со исклучок на браќата марковски првите главни чекори ги имаат направено во Битола за Пелистер.

Пред едно 10 години на Орбис сезона пред да дојде Маховеј за тренер, гостуваат браќата Мојсовски и Темелков:
Славко: Кажете ми за Цане Крстевски тој ви е тренер и со вас се однесува како психолог на вас помладите... шо можите да кажите за него.
Темелков онака наивно и нажален: Ами добар е можеме многу да научиме од него ни дава мн добри совети добар тренер е само шо ни вика малце отпојке кога ќе згрешиме и тогаш ни кара помалце ама мн е добар.

Инаку во врска за тимот засега добри се ако е добар тренерот за да ги стегни малце овие бековите да влегваат повеќе во дуел, кога че се кренат на шут да не гледат баш само да одат на шут да имаат малце преглед на игра да спуштат на пикер да свртат на крило тоа ќе биде најдобро.
Тото е супер играч кажав пред недела дена дека сега баш тој ја има најголемата шанса да се изнаигра на таа позиција, малце касно за неговата кариера ама премногу ќе дај на секоја утакмица.
Зујовиќ е закон заедно со Везенковски ќе проигруваат мн добро. Ако стварно имаат само на 1г потпишано со малиот не е во ред барем 3-4 години да беше со нас па ако е добар играч а имам доверба во него дека можи да се надгради во добар играч само ако го смени темпераментот и да е малце посериозен оти стварно е дете.
За пивотмент уффф најболното нешто, кажав и за тоа Папата е добар ама само во одбрана а во напад се губи како и за Кире не ги бива многу освен да изиграт 15-20 мин во одбрана а ако го прајме тоа на секоја утакмица како со Зечевич да прајме хокеарски измени да излегват 3-4ца во напад и после 3-4 во одбрана да влегват е тогаш ќе не турат од мање со брз центар. А како шо гледам засега Нахас го бива само за напад, Караиванов е тој исто не може мн да се осврнуваме на него во одбрана. значи стандарно ни се Зујевиќ и Тото во одбрана евентуално и овај новиот шо ќе дојди Украинецот.
Како и да е ова е прва сезона онака во јак состав да се вратиме и да бидеме рамо до рамо со скопјаните. Како шо кажа Кире добро е да го напрајме костурот во тимот за до година да бидеме уше по конкурентни. Само да го освоиме второто место во лигата со кое ќе ни се овозможи место во СЕХА.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Добри постови.....
Има добри познавачи на ракометот на форумов,и мило ми е шо се(речиси) сите од Битола:D
Еве го моето мислење....ќе бидам подолг,ако сака некој да чита бујрум...:D
Ќе се осврнам посебно на таа наша ШКОЛА....
Како Битолчани сите сакаме деца од нашата школа да имаат предност во првиот тим...
Битолската школа БЕШЕ поим за ракомет...(до пред некоја година)....
Намерно пишам БЕШЕ,зошто реално сега веќе НЕ Е....(за жал)....
Од кога немаме извадено,барем едно салам дете од школата,ви текнува?мене не....
А Пелистер го пратам деноноќно речиси 20 години....
Последни извадоци од таа школа беа Пинки,и малку помладите Лазе и Пецакот....
И шо се случи со нив?
Пинки стагнираше неверојатно во формата...
+Реално гледано,дечкото ИМА СТРАВ ОД ОТВОРЕН ШУТ,секогаш прво гледа да проигра некој,дури и кога сите се покриени...тој го бара или Папата,или ја врти на крило...
Ако го отстрани овај недостаток,(не е уште многу стар,има 27 години)...тогаш ќе биди страшен бек,има топ во раката...
Лазе раскрсти со ракометот...
Пецакот за жал го искинаа повредите и не изигра(многу)во матичниот клуб(освен тие неколку месеци кога беше позајмен)....
Голем талент...
Кои други деца од Битола ги има на лагер шо можи да играат во првиот тим....ај кажете....
На Папата на Кире...па и на Томе Георгиевски,на Унчевски(него го скина повредата лани).......им беше дадена голема шанса да играат....
Кире освен голот ништо друго не гледа,или ќе ја бапни одма од трк,или ќе заринка во зоната...
Папата се труди како никој друг,ама толку му е талентот....иако се подизделка малку....
Играа колку можеа,покрај вардар и металург толку можеа....
Реално гледано,без разлика шо се Битолчани и наши деца...шо би се рекло популарно ТОЛКУ ИМ Е ПИСМОТО(се лутел некој или не,како сакаш гледај реалноста е таа)...
И јас сакам да се вратат старите денови кога речиси грото од тимот беше составен од Битолчани...ама за жал поминаа тие славни времиња...
И како шо одат работите тешко дека ќе извадиме некое салам дете од младинците....:tapp:..
Освен некое голманче...(има материјал во двете малди голманчиња шо тренираат со првиот тим,иако Менде не е толку млад и веќе има една сезона стаж во Пелистер)...
Има талентирани деца,ама го немаат она потребното за да се фрлат во оган и да бидат дел од првиот тим....
Или ја немаат потребната висина за својата позиција...
Не ми текнува од кога немало играч со над 190 см во младиот тим....(освен едно дете лани со 207,ама се откажаа тренерите од него,немал талент,во право беа....):)
И не треба да не чуди зошто нема ефект од школата....
Не се вадат играчи со влог од 1 денар во нив..и со тренинг еднаш неделно...:tapp:
На времето имаше еден куп таленти,ама не можеа никако да се докопаат до првиот тим,и за жал еден куп страшно талентирани деца се испустија...
Овие години кога немавме пари и очајно ни требаа тие наши деца од кои толку лесно се откажа Пелистер...ги немавме...
Сега е времето одново да се работи...да се создадат нови бисери на Битолскиот ракомет....
И да се врати стариот сјај,зошто реално заостанваме премногу зад Металург,токму во работата со тие малди деца...
Ете си извадоа деца како Манасков,Кимевски-играчи кои можат да играат во наредните 15 години.....
И ги добија за многу малку....
Треба да се вложи во таа школа,а кога тогаш ќе се врати вложеното....
Битола е најплодна почва за ракомет,не само во Македонија,туку и пошироко...
Ама треба да се вложи за да израснат пак врвни ракометари.....да се врати интересот за тренирање кај децата,како шо беше пред 10 години....
Да се вратам пак на првиот тим...
Мораше да се вложи во екипата,да се донесат играчи од страна...какви ќе бидат ќе видиме....
Склопивме доста салам тим,колку ќе успее Ратко да ги вклопи сите играчи во една целина ќе видиме....
Потегот со Вујовиќ-НЕПОТРЕБЕН,апсолутно....(добро објаснето да не се повторвам)....
Истото важи и за Марковски....и за него доволно е кажано...
За другите играчи кажав мислење,ќе видиме шо ќе излези на крај...
Се изнапишав....одмор до утре...:pipi:
Да видиме шо материјал се Украинците...
 
Член од
28 јули 2011
Мислења
110
Поени од реакции
52
Најбитно е шо клубот се врати од мртвилото и застана на здрави нозе. Почнаја работите да се движат во правилна насока.
Е сега за тие домашни играчи од школата на РК Пелистер ке се погрижат легендите на Битолскио ракомет Злате и Кире, не се тие клаени на тренерските места „због реклама“ напротив да вадат играчи кои во наредните сезони ке бидат главни играчи на РК Пелистер.
Сите знајме каква беше состојбата претходните години во РК Пелистер, па сега неможиме преку ноќ да изградиме нешто за шо треба години за да се изгради.
То шо беше беше, и горди сме на то и секогаш ќе бидеме, но овај е нов почеток.
Заради то управат на клубо заслужва огромна поддршка од нас, како и досега, нормално и добронамерна критика.
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.047
Поени од реакции
554
Ај и јас да кажам дека ми се допаѓа што има добра дискусија во рамките на форумот ..шо се однесва за младинскиот погон ако биди како што ни најава Кире и Злате ќе биди одлично ..ветено ни е 4 тренинзи во сала во текот на неделата и сега имаме кондициони припреми..во првата екипа ќе бидиме претежно од тие лани шо игравме младинци останатото од новите кој дојдоја и така ќе биди добар начин да се стекни искуство..мислам дека од оваа година ќе можи да се стекнува искуство !
--- надополнето: Aug 7, 2011 5:39 PM ---
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.145
Поени од реакции
1.898
Ајде стварно доста се вртиме во круг ... туку кажете кој ќе играт на Струшкиот турнир...
Како шо разбрав ке идат Флензбург од Германија, Иври од Франција ќе иделе овие Виљареал од Шпанија и Дукас од Грција ... ако се лажиме хахахах не стварно има некој информација или
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Ајде стварно доста се вртиме во круг ... туку кажете кој ќе играт на Струшкиот турнир...
Како шо разбрав ке идат Флензбург од Германија, Иври од Франција ќе иделе овие Виљареал од Шпанија и Дукас од Грција ... ако се лажиме хахахах не стварно има некој информација или
Kako sto znam ke bidi Varna od Bugarija, Obilik-Srbija, Prolet, Borec, Struga i Pelister. Poslab turnir od ovaj zdravje
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Значи ќе биди "гола вода" турнирот
Пелистер го освојва 100% се знај уште од сега :)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
И лани беше ептен слаб турнирот.....(освен ние и Тиквеш,немаше некоја барем солидна екипа,се беа ИНДИЈАНСКИ ЕКИПИ)....
Оваа година ќе биди бетер....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom