Не знам, со оглед на тоа дека го нема Гаџа кој се виде колку е корисен и како се шета низ одбраната на Стерјо бојс мислам дека ќе биде густа. Не знам колку Стево има подготвено план Б, со оглед на тоа дека на првиот натпревар во првенството се отворија доста карти и претпоставувам дека аптекариве ќе имаат доста сменети работи во нивната игра за разлика од првата ( бар за очекување е, пошо ако останат на тоа го јадат). Засилени се пред се на гол, мада коа го гледам и овој Хендави не ми остава не знам каков впечаток искрено. Ќе видиме, моја прогноза е дека ќе биде густ натпревар, мислам дека они помотивирани ќе влезат во натпреварот. Пак ќе биде клучно фокусот да биде на овој Периќ и Мандалиниќ, останатите нека шутираат не се кадарни да издржат цел натпревар. Ќе биде убаво да го земеме и купов, ама нема да биде никаква трагедија и ако изгубиме. Поважно е да нема повреди и да ја одработиме втората за титула.