Супер човек си е Бутко,немој да ме сфатите погрешно со ова што ќе го кажам ама...Поради ова немаме иднина во ракомет,ставаат кој стигнат да биде тренер во младински погон,како да е небитна работа во стилот ај ќе го стаиме нека зима плата.
Не се однесува ова на Недановски незнам какво знаење има за ракомет,ама не верувам дека е некој што има големо познавање за тоа како да направи ракометар.
Многу побитно е во младински категории да се донесе тренер што знае "како треба" отколку да ставаме селектор и тренер некој Шпанец,Германец незнам ти што и после да се чудиме зашто со него немаме успех.
За развој на едно дете како ракометар е најбитен период од 12 до 17 години,тогаш станува играч.
Тогаш треба да научи да погоди зицер,да додава,да не му паѓа топката од раце кога се крши резултат,неможе во сениори кога ќе дојде да му паѓа топката,а ние да викаме селекторот е крив(читај Раул).