- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.059
- Поени од реакции
- 5.564
http://www.g-sport.mk/vest-statija/74548/vaka-se-igra-od-sega-vaka-da-igrate
Вардар следната сезона нема да биде ова што е. Нема да згасне како женскиот, сепак, традицијата што ја има машката екипа е поинаква приказна. Можеби буџетот нема да биде со седум блиску до осум цифри, туку ќе биде со скромни шест кон седум, но сите тие што ќе го облечат „црено-црниот“ дрес, ќе мора прво да сфатат каде дошле и што треба да прават.
А, ако некогаш се најдат пред ѕид или препрека што од прв, втор или трет обид не може да се мине. А ќе има безброј такви, нека погледнат снимка од вчерашниот натпревар, таа нека им биде водич во кариерата и репер за тоа како треба да се однесуваат на теренот. Оваа екипа, остави богатство што не се мери со пехари и купува со пари во нивно наследство.
Публиката вчера беше за десетка, социјалните мрежи вријат, но да потсетиме на еден малку подзаборавен факт. Вардар вчера не го одигра последниот натпревар во Скопје. Ќе игра и во понеделник со Металург, ќе игра и во Купот на Македонија, ќе игра уште натпревари на домашна сцена, ќе го гледаме и наредната сезона, каков и да е. Повелете... лани славеше шампионски пехар во „Јане Сандански“ пред 20 гледачи. Годинава нека не биде така.