Абе не ми е јасно што е со тактикиве. Добар дел од утакмицата играме практично без пикер. Томче Стојановски едноставно не е за таа позиција, колку и да го форсираат. Аларов закован на клупа. Океј, можда потпишал за Алкалоид, ама реално има добар придонес во одбраната, а ние ич не го користиме. Крсманчиќ повреден, Танкоски исто закован на клупа. Па играј го повеќе бре. Денес максимално ги искористи минутите. И даде голови и даде асистенции и украде неколку топки.
Маргели слободно може да го пратат дома. Толку клучни грешки направи што малку фалеше да ја свртат.
Срдановиќ доби премногу време, Родригез можда изиграва Харлем Глобтротерс, ама со брзите движења често обезбедува вишок играч. И мислам дека и Пинто треба да добие некоја минута, кога веќе користи место на странец.