Фан клуб - РК Вардар

Член од
13 август 2019
Мислења
611
Поени од реакции
3.295
Шпекулацијата е за брат му Сеиф Ел Дера ама нема ништо конкретно со него, Јахиа у моментов е тотално нереално (дај боже, ама сепак нереално), прво зошто е повреден, второ зошто е важен играч во Веспрем, треба да се скроз луди да го пуштат…
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
24 ракомет -

Според египетските медиуми, покрај Ел Тајар, дресот на Вардар следната сезона треба да го облечат уште двајца репрезентативци на африканската земја, чиј селектор е некогашниот тренер на македонскиот тим, Роберто Парондо.

Станува збор за двајцата браќа, Јехија и Сеиф Ел Дера. Јехија Ел Дера игра на левата и средната бековска позиција, има 25 години и на 112 настапи за Египет постигна 97 погодоци. Тој во моментов е член на Замалек, а има европско искуство во данскиот тим Рибе Есбјерг, додека во домашниот шампионат играше за Хелиополис и Ал Ахли.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
591
Поени од реакции
1.372
24 ракомет -

Според египетските медиуми, покрај Ел Тајар, дресот на Вардар следната сезона треба да го облечат уште двајца репрезентативци на африканската земја, чиј селектор е некогашниот тренер на македонскиот тим, Роберто Парондо.

Станува збор за двајцата браќа, Јехија и Сеиф Ел Дера. Јехија Ел Дера игра на левата и средната бековска позиција, има 25 години и на 112 настапи за Египет постигна 97 погодоци. Тој во моментов е член на Замалек, а има европско искуство во данскиот тим Рибе Есбјерг, додека во домашниот шампионат играше за Хелиополис и Ал Ахли.
Страшни играчи и квалитетен голман, дај Боже да се оствари ова.
 
Член од
13 август 2019
Мислења
611
Поени од реакции
3.295
Страшни играчи и квалитетен голман, дај Боже да се оствари ова.
Кое да се оствари, ова е вест од пред 2 или 3 години, стар текст е, Јехиа кога играше во Замалек…
 
Член од
19 април 2023
Мислења
215
Поени од реакции
273
Стигна ли Аргентинецот или Столе пак на клупа со Струга.?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.965
Поени од реакции
9.602
Марко Митев гледа натпревар на Вардар. Ова дете е загорен вардарец, има спомнато и во некое интeрвју, дури имаше и слики како мал како навива во дрес на Вардар. Лагано требаше да биде наш, ама грешка во чекори. Киро и Жика направија вештачки тим и ни покажаа како треба. Штета.

Mitev.jpg
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.831
Поени од реакции
7.210
Многу пати сме дискутирале тука на форумот за лошата политика на клубот кога се во прашање млади македонски играчи, сега тоа ни се удира од глава и на крај ќе се испостави како клучен фактор кога ќе се решаваат титулите, посебно во наредните сезони кога најверојатно уште ќе се намалува бројот на странци кои можат да настапуваат во домашно првенство.

И џабе ние правиме теории како Кире ги уценувал играчите со потпис - гратис репрезентација, кај Митев тоа сигурно не беше случај, Марко не заврши во Вардар само поради незаинтересираност на луѓето што во тој момент работеа во клубот.

Митев во сезоната 2019/20 играше за Рк Аеродром во втора македонска лига и тогаш на свои 16 - 17 години беше главен играч на екипата и постигнуваше по 10 гола на натпревар.
Летото 2020 година потпиша за Бутел, а баш тоа лето беше првото после Самс ерата кога се врати Михо, тренер на екипата беше Аљуш, на среден бек ги потпишавме Гаџа и Јотиќ.
Да имаше во тие моменти некој во Вардар што има малку осет да препознае млад играч можеше да го потпишеме Митев и да го пратиме на позајмница две сезони во Бутел, сигурен сум дека многу лесно ќе паднеше договор, тренер на Бутел беше Кристијан Грчевски, изгорен Вардарец кој никогаш не го криел тоа, директор на клубот стана Бојан Спасовски, исто наше дете, буквално немаше никаква пречка да се реализира таков трансфер со позајмница на две сезони кај што тие ќе ја покријат платата.
Само во тој момент прашање е дали постоше човек во управата на Вардар што воопшто слушнал за ракометар со име Марко Митев.

Поминат е тој воз, да гледаме во иднина пак да не испуштиме некое дете кое по природен тек на настаните припаѓа во Вардар, а на негово место да играат некои како сега Крсманчиќ или оној младиот кадет Добрковиќ што цела сезона го плаќавме за вкупно да одигра 40 минути.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.965
Поени од реакции
9.602
Член од
17 април 2024
Мислења
591
Поени од реакции
1.372
Член од
19 август 2010
Мислења
3.965
Поени од реакции
9.602
Горига во стартна постава денес… Се опраи на време пред Алкалоид, добро е.
Како бе, нели требаше многу подолго да трае рехабилитацијата. Одлична вест!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom