Отиде некаде надвор да игра , мислам на Исланд ама не сум сигуренОвој Петров остана кај нас, многу ок пикер ми е.
Тоа да, ама пак значи сме добиле само трета опција за пикер. Што ново може он да донесе во дуелите против Пелистер?За Лазаревски не, ама за Атанасовски е измислен. Добиваме играч кој игра во два правци, за разлика од Атанасовски кој е бескорисен во два правци и нема напреднато ни милиметар.
Јас апсолутно не ги сметам за засилувања за ЛШ. Но, факт е дека моравме да ја појачаме клупата бројчано со што би се зголемила ротацијата за плејофот. Во првиов дел се виде дека имаме супер прва постава, но ротацијата ни беше катастрофална. Дури и со боранија тимови со кои игравме. Тоа беше единствена предност на Еурофарм Пелистер според мене.Само јас мислам дека Јагуриновски и Аларов не се некои засилувања во борбата за титула? ОК се трансферите, посебно на Томи, за поголема ротација и одмарање на Куни ама не верувам дека со ова нешто многу ни се зголемија изгледите за титула. Дур не се повреди, Велковски си беше прв избор на десен бек во репрезентација, а во дуели против нас со Пелистер ми делувал смешен. Не гледам како Томи би направил разлика на терен во тие дуели. Единственото добро е што Моралес ќе може да се одмори, не постоеше добри 20 минути на крај од натпреварите на кои мораше да игра цела минутажа ради умор така да многу подобро е Куни 40, Томи 20 минути него ли само Куни 60 минути ама тоа е единственото нешто што го добиваме во ситуацијата според мене. Аларов досега не ми оставил впечаток дека е подобар од Лазаревски, така да таму не знам дали и воопшто ќе се осети некоја разлика со негово носење. За Европа е пресмешно да се очекува нешто и од двајцата во ЛШ. Не се достојни ни за втора опција во тимот за тие натпревари.
Вујо мајсторе, дај боже да помогне да се оствари таков трансфер. Блиски се со Михајло.Ја гледав утакмицата Црна Гора - Иран (34-31) и Иранциве добро се прикажаа. Имаат интересни играчи како Садеги кој игра лев бек, па Вардар може да тркне по него, и може да менува со Тале, а Дутра би дошол нешто како среден бек. Тој Садеги денес 7 им лупна на Црна Гора и има маса, грамада човек. И Нуринезад игра на централна позиција, сличен тип на играч, корпулентен.