Не дека се загрозува учеството во ЛШ на Вардар, туку одлуката на ЕХФ ја компликува целата ситуација околу подготовките бидејќи колку и да не е правно издржано сето тоа бидејќи Вардар 1861 е друг субјект и затоа сметам дека побарувањата немаат основа. Меѓутоа, тоа е европска ќука на ракометот и секоја нејзина одлука мора да се почитува и да се биде претпазлив во најмала рака и да се знае дека не е играчка. Може да видиме дека Металург се откажа од настап во Европа, така што не треба да се потцени овој притисок, иако Вардар според мене е прегоем залак за да може туку така да се тргнер од ЛШ и од настап во Европа. Но, тоа генерално го компликува стартот на подготовките како и носењето на нови ракометари, сите потписи со евентуалните засилувања се ставени на пауза и се чека разрешницата со ЕХФ. Повторно ќе повторам, не очекувам да се случи нешто сериозно, освен предупредување меѓутоа тука треба да се биде претпазлив – смета Ристовски.