Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Се надевам ако ништо друго барем за понаредна сезона ќе го потпишиме Ел Дера, тврдам дека е страшен играч кој слободно можи да игра во топ 3 клуба во европа, голема работа ќе завршиме доколку го договориме, + е среден бек кој игра во два правци, Гурбиндо исто игра во одбрана, Кудуз сум го гледал само во напад, незнам дали игра во два правци.
Игра, позиции 4 и 5. Колку квалитетно е друг муабет.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.698
Да не ве цитирам по претходните страни, имате многу чудни мислења за минатото, а богами и нереални.
Убаво спомна некој претходно, да не го барам постот.
Некако сите ги темелите мислењата врз основа на последните две сезони пред влезот на Самсоненко.
Патем, во едната освоивме СЕХА, а во првенството го изгубивме убедливо, додека во последната дојдовме до титулата. Титулата не беше воопшто лесно освоена, имавме кикс со Струмица, прогледување низ прсти за Столе за глупоста која ја направи и го имавме идиотот Медолино кој со најслабите екипи играше со прв состав и му се повредија половина тим.
Истата таа сезона, Вардар на пример испадна од Европа уште во прво коло, губејќи од смешен клуб како Извиѓач.
Да не споменувам како минувавме во ЛШ, топовска храна за сите, со неколку повремени блесоци во историјата, како бодот на гости со Загреб, победата над Кил и нерешено со Магдебург. Кога влеговме во ЛШ во 2009, после квалификацискиот турнир во Скопје, губевме како магариња од кого стигнеме со огромна разлика. Еднаш на 6 години игравме полуфиналиња во европски купови, ама таму секогаш налетувавме на јака екипа која не парчосуваше. Да се присетиме на сезоната кога игравме полуфинале со Гумерсбах. Поминавме некој умрен тим од Луксембург, па ги минавме Копенхаген кој беше пред банкрот и едвај ја поминавме Решица која исто така имаше големи проблеми. За во полуфинале да изгубиме со вкупно 100 гола разлика од посериозен тим. Да ве потсетам колку гледачи имаше на реваншот од полуфиналето?
Па кога ќе прочитам како Вујо вадел играчи, по по по...
Кои се тие играчи? Единствен класа играч кој излегол од Вардар е само Карачиќ од таа ера. Сите други беа просек, освен Прибак чија вредност малку ја преувеличуваме дека ни е миленик.
Некој напишал, ПОМИЛО МУ БИЛО ВО ТИЕ ВРЕМИЊА, ОТКОЛКУ СО ПЛАТЕНИЦИ КОИ НИ ДОНЕЛЕ ЛШ :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
За да ги преброиме играчите кои тие години играа во Вардар, ни треба ЧЕТИРИЦИФРЕНА БРОЈКА. Какви само акрепи минаа низ клубот. Михајло носеше играчи, за месец дена ги бркаа, исчезнуваа сред сезона. Пример, Јан Собол играше до финалето од СЕХА, го освоивме и инстантно си замина, не го дочека ни крајот на сезоната. Какви само петардетини минаа низ клубот, сомнителни срби, црногорци и слична боранија во тие години кога Михо со сите напори пробуваше да го симне Металург од тронот.
И некој ќе ми каже уживал во тие времиња :pos:
Работата е што тие времиња ги поврзувате со емоции од годините кога сте биле помлади и нешто многу поважно, СО ГОДИНИ КОГА КОМИТИ БЕА БАШ ДОБРА НАВИВАЧКА ГРУПА.
Интересното на натпреварите го правевме ние со нашето ривалство со Металург и со Пелистер. Да не се сеќава некој на квалификациите за ЛШ во 2009 и групната фаза? Никој не памти како завршиле натпреварите, сите ја памтат атмосферата, паролите, кореографиите, противничките навивачи од Минск и се што е поврзано само со навивањето.
Да се вратиме на таа фамозна сезона кога отпаднавме од Фленсбург.
Прво, во таа сезона Самсоненко веќе беше подвлезен во клубот и веќе имавме неколку руски ракометари во составот. Значи не е дека стигнавме подалеку со пулените на Вујо, туку составот беше ДАЛЕКУ посилен од претходната сезона. Во Вардар играше Душаебаев, играше Дибиров, играа Растворцев и Чиупурин и ред други играчи.
Второ, таква сезона се одигра на еуфорија, на мускули. Тој состав немаше теоретска шанса да го повтори успехот наредните години.
Видовме колку време се мачевме да дојдеме до тој фамозен Ф4, што ВООПШТО не е лесна работа.
И некој ќе ги нарече тие играчи платеници?
Па реално, Вардар освои две титули само поради хемијата во клубот и публиката. Дружбата меѓу играчите беше тоа што ни носеше титули. Вардар со многу послаб состав од другите екипи и со многу помали финансиски средства, дојде до 2 ЛШ титули во 6 посериозни сезони, успех кој НИКОЈ нема да го повтори. Веспрем сонува титула, а 3 врвни постави може да состави.

Вратете се во реалноста, а таа е дека:
1. Комити не се ни 2% од навивачката група од тоа време. Дури и во најсилните години на РК Вардар (по 2017, ние бевме 0). Направете споредба само од првите 2 сезони во Јане Сандански и крајните. Не распаднаа присилно и систематски, а тука враќање нема.
2. Вардар тогаш беше во позиција на најдобар клуб во Македонија, а сега е со реноме на двократен ЛШ првак. Публиката е гладна за резултати, без резултати истата ќе си замине. Пртазна сала, нема притисок за противниците, автоматски и резултатите ќе бидат послаби.
3. Среќа што Михо уште се држи, ако нешто му се случи (не дај боже), толку е од Вардар. Затоа наместо да се враќаме во филм дека ќе градиме екипа од 0, ќе правиме некои млади да бидат врвни играчи (никогаш Вардар не бил расадник на таленти, а и ниту еден клуб што брка титули, нема време да формира цели постави од 0), треба да се искористи тоа што уште има некакво реноме клубот, за да се привлечат спонзори и да се одржи каков-таков континуитет. Работата шкрипи, веќе за наредна сезона, ќе биде мноооогу густа борбата за титула. Состав се гради од сега, летото веќе ќе биде доцна. Проблемот не е само тоа што не наоѓаме нови играчи, туку не наоѓаме ни нови спонзори. Михо се обидува, ама се погоди и корона кризава на наша штета.
4. Заборавете на Кале. До Кале изградија зграда, ни самата околина веќе не е иста. Салата се користи за кошарка, се запусти цел тој дел.

Сите сакаме клубот да се препороди, Вујо да извади 7 играчи како Карачиќ, па магично на крилја на публика да газиме се', ама тоа е научна фантастика.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Единствен класа играч кој излегол од Вардар е само Карачиќ од таа ера.
Се сложувам во целост освен со ова, сигурен ли си дека само Кара излезе од таа ера? :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.698
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Столе, Илија и Игор ако не се лажам беа единствени играчи кои од ерата на вујо играа во шампионските генерации. Марче се е у право нема збор, само не сакам сеа да се депримирам и негативно да размислувам. Еве и за фк уште сум оптимист дека за некоја година ќе се вратиме и ќе бидеме шампиони. Убаво ме потсети на утакмицата со гумерсбах. Кога дојдоа тие киклопите мислев дека тоа е најдобриот ракомет што ќе го видам во животот :D
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.184
Па друже тоа го трубат и играачите и Михајло више година ипол. Дисингер рече дека останал во Вардар зошто му било ветено дека ќе се прави екипа со амбиции за 1/4 во ЛШ. Еве ти и Михајло што рече пред две недели. Не измислувам јас.
Прегледај го приврзокот 294961
Да, и ја го имав прочитано ова али аутоматски пошо вика најдобрите осум ми се увртело осминафинале. Добро не е дека не е возможно, по мене ипак пореална варијанта е пласман во осминафинале.Исто Сајбер што спомна некои моменти за ерата на Вујо. Па вадење на тројца врвни ракометари во таа ера каде Вардар реално беше сиромаштија клуб (секоја чест на Михо), каде ретко кој нормален ракометар се решаваше да дојде кај нас е вистинско бинго. Тие порази од гигантите во тој период итекако беа очекувани, а имаше и натпревари кои ги игравме сосема добро и знаевме да чепнеме бодови со заебаните. Во тој период играњето во групна фаза за нас беше као да сме се пласирале на Ф4. Да му се земе титула на оној Металург кој према наш Вардар беше стварно појак е достигнување, е сеа можеме ние тука да набројуваме да не бил лудион Медолино да ги форсира ова она не ќе сме земеле титула. И баба да има муда би била дедо. Реално секој размислува индивидуално и тоа е тоа. Јас искрено оптимизмот го темелам и на тоа дека Вујо ќе биде тренер и на дел од ракометарите за кои стварно сметам дека се сосема ок и ќе дадат доста во Вардар. Да беа некои други можеби ќе бев повеќе скептик. Исто така очекувам да се реализираат уште добри трансфери ( не е невозможно да потпише и египќанецот) така да по мене место за песимизам нема. За тоа Михо да ни е жив и здрав си во право, пошо многу веројатно да не беше он клубот веќе ќе имаше слична судбина као ФК. Затоа треба да бидеме среќни што воопшто сме во оваа ситуација и ракометари као Гурбиндо, Ѓукиќ, Кудуз, Ел Тајар поптпишуваат за нас.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Тројца таленти на КЛ7 на мета на сите клубови во Македонија - 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)
Доколку заминуваат од КЛ7, нека го соберат со време Ѓорговски, пример договор за од понаредна сезона, на местото на вечити таленти како Јагуриновски или остала боранија од играчите кој се во РК Работнички.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Да, има навистина неколку интересни деца во КЛ7 на кои ние како клуб треба да обрнеме внимание во сезониве кои доаѓаат. Со оглед на тоа што бројот на дозволени странци редовно се редуцира, финансиските можности не ни се многу големи, ќе бидеме приморани да потпишуваме домашни играчи кои сметаме дека можат да одиграат на високо ниво во иднина.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Столе, Илија и Игор ако не се лажам беа единствени играчи кои од ерата на вујо играа во шампионските генерации. Марче се е у право нема збор, само не сакам сеа да се депримирам и негативно да размислувам. Еве и за фк уште сум оптимист дека за некоја година ќе се вратиме и ќе бидеме шампиони. Убаво ме потсети на утакмицата со гумерсбах. Кога дојдоа тие киклопите мислев дека тоа е најдобриот ракомет што ќе го видам во животот :D
И Џамбо и Бутин. :ROFLMAO:
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Бутин - 2 Лига на Шампиони титули
Хансен - 0.
Ресен најракометен град :D
Прв македонски тим кој играл во ЛШ е Јафа Преспа + го има играчот со најмала минутажа во историјата а воедно и со 2 титули ЛШ.
Шо би рекол Бутин: Фала му на Господ и соограчите што ми донесоја 2 титули во ЛШ за кои јас немам никаков придонес. :pos:
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Ресен најракометен град :D
Прв македонски тим кој играл во ЛШ е Јафа Преспа + го има играчот со најмала минутажа во историјата а воедно и со 2 титули ЛШ.
Шо би рекол Бутин: Фала му на Господ и соограчите што ми донесоја 2 титули во ЛШ за кои јас немам никаков придонес. :pos:
Пола средни бекови во супер лига се од Ресен, од школата на Цане Рапо со најмизерни услови во МК.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Пола средни бекови во супер лига се од Ресен, од школата на Цане Рапо со најмизерни услови во МК.
Да да, Крстевски, Кукуловски, Карапалевски, Ќосевски (крило), од школата на Иван Ангеловски мислам се презиваше, нема некој ракометар ?
можи од таму се некој што ги спомнав погоре, не сум сигурна за сите
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom