Фан клуб - РК Вардар

Член од
31 јануари 2014
Мислења
383
Поени од реакции
1.079
Загубивме, а голманот ни е можеби и најдобар играч на натпреварот. Тоа кажува на кое дереџе сме моментално. Страшна, несфатлива недисциплина во играта, ни акција ни бутур од Струга до денес воиграно, на индивидуален квалитет само моментални блесоци пошто нема кој да повлече, неможеме асално измена да направиме па 2-3 напади ради тоа остануваме со човек помалку во одбрана и примаме гол... Борко ваков таков да не ги скинеше тие 3-4 зицери во периодот кога се понашаа како да се на тренинг немаше шанси да се стигне и до овој "позитивен" пораз.
 
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
Тренерот го имаше на располагање буџетот од Псж ама на крај сепак се реши да биде по скромен и ги донесе овие играчи. Да не претерувате малце со очекувањава? Добро е што има и оваков тим со оглед на тоа што се дешаваше минатата сезона. За Јаганјац Нексе бараше оштета да не речам колку третина од буџетот на екипава за оваа сезона, а и на крај еве да го донесат да кажеме и што со него не разбирам? Ке освоиме лш? Загарантиран ни е ф4 лш? Што треба да прават екипи со далеку поголеми буџети од нашиве кој со години неможат да стигнат до финале?... Не разбирам некои луѓе се убедени дека треба секоја година Вардар да освојува се можно.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.593
Поени од реакции
8.275
Значи од денес установивме ( се надевам и оние најгласните за некои ракометари) дека Вујин најбоље му е да се пензионира пошо више не е за ништо, Талески е ракометар за максимум 5 до 7 мин на натпревар дур одмара првиот ( а можда и вториот бек). Од останативе може и ќе може да се добие нешо ама и за тоа ќе треба доста време. Гаџа е дефинитивно ракометар со најголема прегледност, осет за гол и асистенција и по мене треба да му се дава најголема минутажа на таа позиција. Јотиќ не е лош ама сепак не е некој ракометар по мој мерак. Као што спомнаа погоре, дечкото е соло играч, слаба соработка има со лево крило и пикер, а плус и не ми е некој класичен бек на кој можеш да се ослониш као што го имавме Борозан порано или некои такви типови на бекови. За Векиќ не знам што да кажам. Со такви предиспозиции треба да растура, а он шутира само кога се прави акција на вишок и коа има празен простор за влез. Тоа може да го направи секој ракометар. Од него може и ќе биде нешо ако работи со вистински тренери. Ама тоа сеако нема да биде во брзо време пошо дечкото има уште многу фурни лев да јаде за да стане поткован офанзивен десен бек. Ако на тоа ги додадеде очајниот Вујин и Јагуриновски ондак сфаќате дека сме без десен бек годинава. Јагуриновски па е тотална спротивност од Векиќ и од Талевски. Мал, ситен ама има муда да влезе па и да шутира, за разлика од говедава кои се пичкаат да шутнат и секад прва опција им е додавање. Баш заради тоа што годинава сме прилично осакатени на бековска позицција, тешко ќе доаѓаат добри партии и од Тимур и Чупко. Денешниов натпревар е типичен доказ, пошо поправете ме ако грешам ама ја не видов една изработена акција за Тимур на крило, што е поразително ако се знае колку минути бевме со играч повеќе. Нешо слично е и со Чупко на десно крило. Исто така апла видливо беше отсуството на Столе пред се во офанзива. Останативе пикери као Глеб и Валчак не можат да напраат ни 30 % од тоа што го прави Столе у смисла повлекување играчи од одбрана на себе а со тоа и отварање на голем простор за нашите бекови дали да шутираат или да влагаат при неговите блокови. Покрај Столе фали уште еден таков вид на пикер ( нешо типа Рожерио). За Валчак уше не можам да кажам нишо, ама впечатокот поише ми е негативен него позитивен и покрај денешните последни 3 минути кога имаше добри моменти. За Алушевски више и не сакам да се повторувам. По мене колку побрзо лета толку подобро за оваа екипа од која асален тренер може да извади многу повеќе. За крај денес само пласманот и статистиката по која имаме максимални 9 учества на Ф4 Сеха (ако не се лажам) е нешо позитивно, останатото е за заборав. Искрено и не ме радува пласманов пошо кој ќе ни ги глеа муките без разлика со кој и да играме во Задар.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.541
Поени од реакции
3.755
Гаџа ми е најголема енигма на почетоков, не може играч кој што беше најдобар во Нексе, па потоа лани и најдобар стрелец на Загреб во ЛШ од бековите, да пружа така слаби партии ко тука на почетоков. Денес конечно со два-три влеза во второ покажа дел од она што го очекував од него, али многу е збунет на почетоков, ко да му е трема што игра за нас, по секоја логика тој треба да ни е најдобар бек сезонава. Тука се гледа колку е лош тренер Алушевски, воопшто цел тим е раштиман и неуигран, со чудни ротации од Стевче, едноставно делува дека не знае како да ги вклопи играчите. Не може алиби за вакви бледи настапи да биде тоа што има многу нови играчи. Многу новодојденци имавме и кога и извадивме нерешено на Барса у БТ во прво коло ЛШ. Елиминација денес ќе беше брука и ќе значеше сигурен отказ за него, али и вака мислам дека не треба многу да се чека за негова смена, Вујовиќ за него е измислен.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
880
Поени од реакции
2.706
Остајте малку простор, овој натпревар може да биде пресвртница на многу нешта.
Ќе видиме со време дали ќе е позитивен како што очекувам.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.099
Поени од реакции
2.228
Може повеќе оваа екипа ама, со друг тренер. Инаку Вујин стварно не ни требсше.

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.593
Поени од реакции
8.275
Полуфинале Сеха ф4 играме против Загреб?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.593
Поени од реакции
8.275
Со ваква конфузија на терен ќе биде тешко со секој противник, па така и со Загреб. А доколку и успееме некако да го поминеме Загреб,мислам дека со Веспрем во овој момент немаме никакви шанси за изненадување. Тоа е, бар ќе имаме уште 2 добри натпревари. Се надевам дека ќе му даде полна минутажа на Гаџа на среден бек, а Јотиќ ќе го ротира на лев со Дисинџер. Мора да работат на акции за Валчак, ама со Стево некако слабо иде.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.062
Поени од реакции
1.641
Зашто алушевски уште не е избркан? човекот појма нема што прави, вика тајм аут а ништо не кажува де крие позади играчи и го остава чупич да кажува. ц ц ц каков пацер
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.593
Поени од реакции
8.275
Зашто алушевски уште не е избркан? човекот појма нема што прави, вика тајм аут а ништо не кажува де крие позади играчи и го остава чупич да кажува. ц ц ц каков пацер
Вероватно се чека после поразиве у Задар, коа ќе не збрчи Веспрем 10 разлика. Или па Загреб у полуфинале. Ја се надевам дека веќе Михајло ја има наредено со Вујо.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.173
Вероватно се чека после поразиве у Задар, коа ќе не збрчи Веспрем 10 разлика. Или па Загреб у полуфинале. Ја се надевам дека веќе Михајло ја има наредено со Вујо.
Кој и да дојде,без бекови неможе да игра!
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.593
Поени од реакции
8.275
Кој и да дојде,без бекови неможе да игра!
Toa e точно, али Вујо може да извади многу поише од тоа што го има на бек за разлика од Стефчо. Плус ако дое мислам дека и ќе донесе некој бек по негов вкус.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.175
Поени од реакции
4.097
Многу лош потег се направи со Вујин, човеков не може да рипне, многу е неподвижен, и како секогаш да прави чекор повеќе или помалку. Кога на тренерот ќе му пукне филм и ќе го стави Чупиќ треба да игра десен бек, очигледно е дека трите играчите што се донесени на таа позиција се промашувања. Некако Гоце Георгиевски добива многу слаба минутажа, ми делува како он и Димитриоски да ќе греаат клупа цела сезона.

Ја не сум за Вујо, ама ако се доживее некој дебакал во Задар, што е веројатно, не би ме изненадило ич ако дојде.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.593
Поени од реакции
8.275
Многу лош потег се направи со Вујин, човеков не може да рипне, многу е неподвижен, и како секогаш да прави чекор повеќе или помалку. Кога на тренерот ќе му пукне филм и ќе го стави Чупиќ треба да игра десен бек, очигледно е дека трите играчите што се донесени на таа позиција се промашувања. Некако Гоце Георгиевски добива многу слаба минутажа, ми делува како он и Димитриоски да ќе греаат клупа цела сезона.

Ја не сум за Вујо, ама ако се доживее некој дебакал во Задар, што е веројатно, не би ме изненадило ич ако дојде.
Па да бидеме реални во оваа ситуација и во овој Вардар Вујо е најреална комбинација за тренер. Не гледам некој друг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom