Фан клуб - РК Вардар

Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
На трибина беше супер.
Очигледно ова ти е прв натпревар на Вардар во животот.Катастрофа беше и навивање и се посебно кај Комити од 500 души ни 50 не навиваа а останатата публика само за ајде вардаре се јавуваше.Со Барса кога игравме во Борис беше лудница 100 пати подобра атмосфера него ли ова денес
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094

Мој впечаток е дека во времето на Металург - Вардар ривалството, одеа повеќе млади луѓе на натпреварите и следеа ракомет. Сега откако се изгуби ривалството и падна интересот за ракомет, од тоа што јас гледам во сала, публиката е повозрасна. А, реално, Комити и немаат некој интерес за ракомет. Само на големи натпревари се појавуваат.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619

Така е, интересно е само кога има жар, монотон ракомет не е интересен.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Очигледно ова ти е прв натпревар на Вардар во животот.Катастрофа беше и навивање и се посебно кај Комити од 500 души ни 50 не навиваа а останатата публика само за ајде вардаре се јавуваше.Со Барса кога игравме во Борис беше лудница 100 пати подобра атмосфера него ли ова денес
Да, имало и подобра атмосфера, но ова вчера не беше за жалење. Имам сезонски билет, не се секирај дали ми е прва или втора утакмица.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
Друже да беше со Комити ќе знаеше за што зборам.Ваква катастрофа не се десила никад,влијаеше и резултатот и тоа што долго време немаше преполна сала.И башка тоа што 50% од салата се дојдени од други градови па кур ги боли и за Вардар и за се,како тие куртоните што го тргаа транспарентот за името зашто им сметал.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
ОНа вчера беше МРТВИЛО,во секој ссмисла на зборот.Од игра,до еуфорија,атмосфера,организација.
М Р Т В И Л О
Дури и на тв што ја гледав утакмицава сум зијан,не па да се закренам до Ск за утакмицава.Ни тесна беше ни ништо,тренинг атмосфера.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.183
Немојте да ја барате атмосферата од Борис. Тоа е неповторливо. Башка што еуфоријата беше голема по превземањето на клубот од страна на Самс кога почнаа да пристигнуваат имиња кои беа мисловна именка за македонски ракомет. Плус Комити одамна не се на своето препознатливо ниво ( не зборувам за златните години, не се ни на она ниво у Кале коа имаше топ екипа - натреварите против Решица, Иври, Магдебург у времето на Михајло. Со ова не сакам никого да навредам, Комити се уште се главниот бастион на македонската тифо сцена, само муабетот ми беше споредбата пред неколку години и сега. Што се однесува до утакмицата, нема превише што да се филозофира. Имавме одличен старт во Лигата на шампионите, фантастични партии на Милосављев, победи против Монпелје и Веспрем кои на почетокот изгледаа злато вредни но како што одминуваше времето се виде дека годинава се очај и секој што стигна зема бодови на нивен терен. За очекување е пад на формата и на Вардар и на Милосављев кој реално од година во година ќе учи се повеќе. Мора да се напомене и лошата среќа која ја имаме со повреди, ситуација која секако влијае на ротација, а со тоа и на квалитетот на Вардар. Што се однесува до десната бековска позиција веќе и сам си станав досаден со коментирањето на истата. Најголем минус за Вардар оваа сезона по мене. Секоја предност што ќе се изработи од лева страна према центар паѓа у вода коа Кристо ќе добие топка. Доволно е само да подизлезе противничниот дефанзивец и толку е. Колку само пути има донесено погрешна одлука во одреден момент. Кога нема никој пред него наместо да шутне или да влезе кога има празен простор он додава, а кога ке го навлече цел блок на него наместо да додава он ќе се одлучи на шут и едвај ќе добаци до гол. Не знам колку треба да го чекаме, ама мислам дека ова ќе биде максимумот од него ( зборувам за натпревари со врвни екипи), ме заболе ако даде и 10 гола со некои шалабајзери. Лоша е и моменталнава ситуација со пикери. Столе и Мораеш одиграа најлош натпревар баш кога требаше да бидам најсилни, али тоа е, не се може против повреди и пад у форма. Сигурно они најмногу сакале да одиграат најдобро против Барса. Штета што немаме можност да го видиме Вардар во комплетен погон, со некој добар десен бек и здрав Горбок. Да се во таква ситуација и секако со останативе ракометари во добра форма може да се очекува победа против секој. Во спротивно може да дојде до серија порази. Искрено од тоа најмногу се плашам сега. По мене во Барселона немаме никакви шанси да тепаме, а ме плаши и гостувањето на Киелце во Скопје, кои сакам да ги плеснеме најмногу од се. Углавном екипава на секој натпревар мора да покажува желба за победа, да се борат за секоја топка, да гинат еден за друг. Тоа е најважно во овој момент, не смеат да паднат психички. Никој не ну очекуваше да газат до сам крај, посебно не против екипи како овогодинашната Барса која конечно после 2 години наштима екипа која ќе гази. Парондо треба да продолжи со работа како и досега, да се работи на играта, на укомпонираниста во одбрана и како што спомна некој погоре да се обидеме да бидеме бар до трето место у група, а потоа со господ напред зошто во два двомечи да не успееме трета година по ред да играме на Ф4. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, пред се здравствениот билтен на ракометарите да биде како што треба, а останатото ќе си дојде со напорна работа.
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Друже да беше со Комити ќе знаеше за што зборам.Ваква катастрофа не се десила никад,влијаеше и резултатот и тоа што долго време немаше преполна сала.И башка тоа што 50% од салата се дојдени од други градови па кур ги боли и за Вардар и за се,како тие куртоните што го тргаа транспарентот за името зашто им сметал.
Друже имаш тотално лошa перцепција и размислување, клубот не е на татко ти па да кажуваш кој треба да оди, и дали од другите градови некого го болело или не за Вардар, па таквите и ја полнаат салата, а ти ако си идел толку често ќе знаеш што се дешава со Комити и зошто се толку слабо организирани за ракомет.
И да Вардар како клуб од луѓе како тебе, има само штета, од вашите глупи муабети,размислувања и дела.
Грмеше ја излезе Ѓурѓо, и кога ќе изгубите, ајде Вардаре, и уште неколку, така да ако и друг пат е слабо почни си од тебе викај повеќе!
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Мене не ме загрижува многу поразов. Апла на никого не му одеше, скубе и карачиќ 100 топки фрлија во аут, голманите не можеа да фатат балон, а и тоа што ќе фатеа во аут одеше. Плус варгас експлодираше. Едноставно уште на почеток потонавме и после нервозата си го направи своето. На сите тимови им се дешаваат црни денови.

Друже да беше со Комити ќе знаеше за што зборам.Ваква катастрофа не се десила никад,влијаеше и резултатот и тоа што долго време немаше преполна сала.И башка тоа што 50% од салата се дојдени од други градови па кур ги боли и за Вардар и за се,како тие куртоните што го тргаа транспарентот за името зашто им сметал.
Многу глупо размислување. Во цел свет клубовите пробуваат да привлечат фанови од другите градови, само ние глумиме некој филм скопје главен град ти реков ми рече. Што им фали на дечките од мислешево што немаат пропуштено утакмица и го пратат Вардар секогаш кога можат? Зошто да нема такви екипи низ цела Македонија? Вардар во Југославија никогаш не бил ексклузивно на Скопјани и го подржувала цела држава.
Тоа со транспарентот беше глупоштина. Веќе ако толку сакаш да изразиш политичи став потруди се да не ги замараш луѓето што дошле да гледаат ракомет. Замисли си платил 1000 денари за да гледаш утакмица со фамилија и доаѓа некој и ти лепи политички транспарент пред тебе, безразлика дали се согласуваш со пораката или не, ќе ти смета.
Иако не се согласувам со пораката, сепак не ми смета групата, а и било кој на трибини, да си ги искажува политичките ставови по најразлични прашања. Секако во границите на нормалата, се додека не им се смета на другите или па не се пропагира омраза (смрт за шиптaри е дегенско) во ред е.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
^Не верувам дека проблемот беше пораката која ја носеше транспарентот и политичките ставови, туку веројатно чисто ради попречување на видот на тие што беа во прв ред (ако сум грешка нека ме поправи некој, ова го кажувам чисто од мое лично мислење). Инаку, најмал проблем е во луѓето од другите градови, баш срце ми се полни кога ќе видам дека има луѓе што од цела Македонија доаѓаат за да го гледаат Вардар во живо, и секоја чест за таквите. Едноставно, проблемот е во распадот на Комити како група, во годините кога Вардар стана најсилен се деси тотален колапс и распад, и воопшто не се искористи ваквата шанса за привлекување на нови членови и создавање на силно и бројно јадро, има еден куп причини за падот на групата, ама да не навлагаме у тоа, веќе се правени муабетиве.. А скроз друг муабет ќе биде да имаше добра организација и навивање од Комити, тоа ќе ја понесеше цела сала, она вчера беше чисто спонтано, групата скоро и да не функционира
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
@ForzaVardar тоа ми беше поентата и мене. :D
Куртони биле зошто го тргнале транспарентот кој им сметал :pos: Ај ако не цела утакмица да гледаат у црвен најлон.
^Не верувам дека проблемот беше пораката која ја носеше транспарентот и политичките ставови, туку веројатно чисто ради попречување на видот на тие што беа во прв ред
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Не е проблемот за никој што доаѓа од другите градови, туку затоа што никој од нив не пее за Вардар, туку снимаат и си прават муабет. Не се само они, има и од Скопје такви, и таква публика не треба да пристапи во сала :) Комити се каша попара, група од 15 годишњаци што врв им е да урлаат ко нездрави не се навивачка група. Додека не се вратат тие што стварно го сакат клубот и навиваат од срце, ништо нема да биде подобро од ова моменталново. Ама тоа е пошо сме безвезе држава со глуп народ и уште поглуп менталитет. Отишле на утакмица и ќутат. :pov:
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
Каде пишав дека не сакам да има фанови Вардар од други градови? Фала богу дека треба да има ама не како 90% од овие сеа што идат на утакмици значи сакале вие да признаете или не ги боли кур за Вардар дојдени се да јадат лајна како Комити се пропалици вакви такви па потоа за играчите...Тоа со транспарентот значи како може да им сметаше кога беше ставен на ограда? Намерно го спуштија кога видоа дека дечките што го лепеа тргнаа да си одат и нема никаква врска што пишувало на него и ама баш на никаков начин не им сметаше.[DOUBLEPOST=1542075913][/DOUBLEPOST]
Друже имаш тотално лошa перцепција и размислување, клубот не е на татко ти па да кажуваш кој треба да оди, и дали од другите градови некого го болело или не за Вардар, па таквите и ја полнаат салата, а ти ако си идел толку често ќе знаеш што се дешава со Комити и зошто се толку слабо организирани за ракомет.
И да Вардар како клуб од луѓе како тебе, има само штета, од вашите глупи муабети,размислувања и дела.
Грмеше ја излезе Ѓурѓо, и кога ќе изгубите, ајде Вардаре, и уште неколку, така да ако и друг пат е слабо почни си од тебе викај повеќе!
Не е на татко ми ама јас и тие останатите "што според тебе глуупо размислуваме и му правиме штета" сме со Вардар секаде а не како тебе и тие другите што доаѓаат 2 пати годишно па види ти од кого има штета клубот
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Зборам за тоа дека е глупо да кажуваш за други, еве лично јас сум од друг град, одам на сите ЖРК, ФК и РК Вардар, и да сум жртвувал многу за да погледам една утакмица, но ете си го сакам Вардар, се трудам љубовта да ја пренесам и на други, страна за Вардар имам направено уште во 2009(на почетокот тука беше и потар човек од Лико Фанс) сум објавувал слики,статуси можеш да замислиш едно 8години така, и во време кога на интернет немаше ништо за Вардар, кога на подготовки информации зимав од српски сајтови, кај што беше Вардар на подготовки, и не жалам за тоа, се надевам дека барем малку сум придонесол за клубот.
А знам еден куп луѓе што се во Скопје и се им е на дофат, се праваат големи навивачи а никогаш ништо не направиле, али океј, добро е да бидеш пример.
И да секогаш кога сум на утакмица се приклучувам во навивањето ама баш секогаш, ете двајца за сега не има па може и сами да почнеме со навивање кога другите седаат и ќутат. :)
Спортски поздрав пријателе
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
Мене најдобра слика ми остана што после завршување на натпреварот, остана полна салата на некое време, многу мал дел си заминаа пред 60:00 мин, порано на порази 55та минута до 60та веке 40% си напуштаа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom