M
MrzaRules
Гостин
тој е висок левак со разорен удар ама без мозокКој е тој?
тој е висок левак со разорен удар ама без мозокКој е тој?
Ако идат за 2 3 месеци , поарно нека не идат !! Поарно вака отколку да не заебава некој како сака...Од клубот денеска добивме информации дека имаат позитивни сигнали од неколку фирми ,кои се заинтересирани в година да го преземат финансирањето на клубот. Сеуште нема ништо договорено ,но контактот е добар ,велат од раководството на Борец. Тие изразија надеж дека екипата ќе се врати на старите патеки и излезот во Европа ќе биде цел ,а не опстанокот во лигата.
http://www.lisica.mk/statija/20930
ИзворРакометниот клуб Борец деновиве се очекува да добие нов спонзор. Преговорите на актуелното раководство и новиот финансиер се во завршна фаза. Треба да се комплетираат најдоцна за десетина дена. Тогаш и официјално ќе се знае кој ќе застане зад велешкиот ракомет и какви ќе бидат амбициите на клубот во првата година ,но и понатаму.
Според она што неофицијално ,веб-порталот Лисица го дознаве е дека новиот спонзор е сериозна фирма од Скопје. Првичните најавите се дека планираат Борец да го вратат на старите патеки ,кога играше значајна улога во македонскиот ракомет.
Доколку се покажат точни ,тогаш набрзо ќе се организира Управен одбор во клубот. Старото раководство комплетно ќе биде заменето со ново ,а потоа ќе се направи план за ангажман на нови играчи кои треба да ја засилат екипата што го доигра годинешното првенство.
Дали конечно љубителите на ракометот ,кои во градот ги има многу ,ќе се вратат во спортската сала „Гемиџии" за да гледаат квалитетни натпревари на високо ниво. Натпревари какви што ракометарите на Борец со години ги играле.
Ташаци рендани... Попрво фудбалов ке се врати отколку ракометот !!!!И до кај е "новиот спонзор", да не заглави некаде по пат?!