Каква утакмица
меч со многу промашување од двете страни, меч на пресврти
Симултанка од Фил Хокинс
Дефинитивно еден од најдобрите играчи во последните 10 години шо заиграле во КК Пелистер, ако не и најдобар
Заедно со тој тогаш американецот шо го имавме Дариус Водсон (така некако беше) најдобри играчи шо биле до сега кај нас и тој тогаш растураше, како и да е се погоди американецот. Само и јас се плашам дека одма ќе ни го земат некој, не треба пуштање нека си игра овде. Се сложвам со коњаникот и јас дека џабе плачат македонските кошаркари и федерацијата за ограничен број на странци, кога нашите играчи тие шо ги имаме на располагање се скапајнца, да дојди некој американец и со една рака да игра ќе биди најдобар овде.
Гази Хокинс, уште на пријателските шо ги изигравме 4-5 колку изиграја таму дури се одложуваше стартот за почеток на лигата, изгази на сите пријателски, имаше по +20 поени, исто и на првата во Охрид.
Штета шо немаме уште еден играч како него, да прај разлика на теренот, овај сам зема влегва, финти си ги работи како сака
Тој србинот Андрејевиќ не е нешто посебно, не ме бендисва мене како игра, многу промашва, џабе му 14 поени, кога незнај основно нешто СЛОБОДНИ ФРЛАЊА да погоди
Каков бот, 2 фрли чист бунар, ни до обрач не стигна топката
Мико Голубовиќ е добар, има искуство, на искуство под кош овде можи професор да биди за многу играчи, ама го стегнаја и него годините, не е тој Мико шо беше
Анакиевски си фрла тројки од кај ќе стигни, 3 од 11 имаше
Погоди една скоро од 10 метри НБА тројка шо се вели и една на крај од 3/4 од тешка позиција, ако му тргни знај да зареди 4-5 во серија, затоа и често си фрла за тројче.