Фан клуб: Новак Ѓоковиќ

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Маж е @RATM и е прилично наша генерација некаде 30тина плус минус. :kafence:

Да не биде џабе сум тагиран, одвај чекам да се пензионира Новак, за да престанам да се преправам дека го сакам и следам овој грозен спорт.

Патем, дечково Алкараз не само што не е антипатичен, извесна етикета што може да се залепи за шпански спортисти, туку ми е и крајно симпатичен. Ме купи во полуфиналето на Ролан Гарос, кога се повреди и наместо да предаде, а имаше причина, издржа машки против Ноло. Без гестикулации, медицински, влечења, сосема достоинствено и спортски.

Мислам дека е директен наследник на Ноло и дека на крајот, по стилот и највеќе на него потсетува. И ако го заобиколат повреди, може навистина многу да постигне во овој спорт. Дотолку повеќе што нема да се бори со Федерер и Надал, туку со Циципас, Калин Ивановски и Ѓорѓи Крстевски.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom