Фан клуб: МЗТ Скопје

П

Паспарту

Гостин
Новинарите непожелни во Сарај, сака ли Лирија да сокрие нешто


Управата на кошаркарскиот прволигаш Лирија, тим што котира меѓу трите најдобри екипи во македонската кошарка во моментов, реши да го сокрие вечерашниот дуел со МЗТ Скопје за јавноста, или барем за дел од неа затворајќи ги вратите за одредени новинари што беа во салата „Дитурија“ во Сарај, најверојатно за делот од нив што не се припадници на албанското малцинство.
Пред почетокот на натпреварот, новинарот од МКД.МК беше замолен од член на управата на Лирија да го напушти местото крај теренот од каде што со недели наназад ги следеше натпреварите на овој тим. Образложението беше штуро и нејасно, наводно управата на клубот решила да не им дозволува на претставниците на медиумите да седат на досегашните места туку да се преселат на трибините каде што нема ниту основни услови за работа.
Згора на тоа, посочените места се меѓу најбучните и најагресивните навивачи на скопскиот тим, навивачката група „Ребелат“, кои редовно, на секој натпревар досега сезонава, максимално безобразно го навредуваа македонскиот народ пеејќи националистички песни кои истовремено ја величеа албанската кауза за формирање „Голема Албанија“. Извршување на професионалните обврски во такво опкружување во најмала рака е невозможмо.
Во време кога фудбалскиот шампионат е прекинат поради меѓунационалните превирања, отстранувањето на јавноста од средба што се игра во Сарај може да се сфати како имање на скриени намери и агенди на кои апсолутно не им е место на спортските терени.
Потегот на Лирија е преседан каков што досега се нема случено во македонската кошарка. Колку и да имало недоразбирања на релација клубови-медиуми, никогаш досега управа на некој прволигаш не се дрзнала да му ја покаже вратата на новинар особено не на некој што со децении наназад ги следи случувањата во македонската кошарка.
Одлуката на управата на Лирија истовремено се коси со актите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), која мора да реагира во случајов и на новинарите да им обезбеди нормални услови за работа во салата „Дитурија“ во Сарај. Ако не го стори тоа, само ќе ја повтори тезата дека за Лирија сезонава важи двоен аршин во изрекување на казните и дека скопскиот прволигаш е привилегиран во однос на однос на останатите во кошаркарската елита.
Игор Крстевски
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
БРАВО за момците, докажаа дека поразот на домашен терен беше само лош ден. (y)
Го нема Грне на терен, нема проблеми. :icon_lol:
П.С. Уште една добра партија на Дејвис иако имаше само 10 поени, за целосна негова експлозија се чека сабота. :D
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Пуштам статистика и коа глеам 30 разлика водиме :вонзем:...Неочекувано,ама одлично легна :)
Иначе полека полека им се крева формата на сите играчи,поготово ме радува напредокот на Дејвис,а и Станко и Гечевски стануваат се подобри и подобри.Далман малце ме разочарува во последно време,ама тоа е...Иначе и овој црногорецот Вучуровиќ добар денес бил,сите биле добри,само Џереми Лин(Мијајловиќ)малце заебава со turnovers :icon_lol: ,ама надополнува со асистенции така да простено му е.Он коа највише треба игра не се замара со вакви дебилни клубови многу многу
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Епа нека ни е со среќа,од управа да донесат квалитетни играчи,да не се избрукаме па од 3 сезони само 2 да играме(нели ако испаднеш 1 паузираш)
Се збори дека Владо Илиевски може да дојде,тоа би било топ,исто и со Дамјан,има ептен потенцијал детето,од нашава лига да се изберат најквалитетните играчи,барем 2-3,и некој црнец...дали бек,плеј,крило или центар не е битно.Еден квалитетен црнец мора да се има,не за друго глупо е да играш кошарка а да немаш црнци во тимот :icon_lol: Да комплетираме еден тим од барем 10 одлични играчи и уште 3-4 што ќе служат да се пополни место при повреда и такви работи.
Сепак за тоа на крај на сезона,оваа сезона имаме одличен тим за нашава лига,фени не изгледа така непобедлив како предходните сезони,се мачат последниве неколку утакмици и со пресврт во 4/4 ги добиваат,така да имаме реални шанси да ги тепаме таму,и да имаме огромна предност над нив во финалето(ако и они и ние стигнеме до таму,што е реално).
За купот ќе биде интересно зашто најверојатно со нив ќе играме во финале,Торус без Трајковски се пола екипа,Лирија видовме вчера колку им е капацитетот,Работнички тешко дека ќе изненади со Торус(иако ги тепаа пред 1 недела),Куманово се добри ама од таа страна на ждрепката тешко дека фени ќе го тепаат.
Ќе бидат интересни следните неколку недели,многу работи можат да се решат сега.И ако ацо освои титула,ќе си го исполни ветеното(нели тоа летоска на прес коа се фалеше):sneaky:
Ама ајде да не летаме,чекор по чекор првин купот да го земе после ќе видиме дали и лигата ќе ја лапне.
Сум забегал со постов ама ајде :pipi: барем со причина е
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
186
Поени од реакции
104
Познати термините и уште некои детали за завршницата од Купот на Македонија...

http://www.mkd.mk/19534/sport/kup-na-makedonija-cetiri-dena-sedum-sredbi-25-evra-za-bileti/
--- надополнето: 15 март 2012 во 22:54 ---
Легендарниот Гечевски е оптимист околу излезот на МЗТ на Јадранот ...

http://www.mkd.mk/19552/sport/gecevski-mzt-e-podgotven-za-jadranskiot-predizvik/
 

F.A

Член од
3 октомври 2010
Мислења
238
Поени од реакции
54
utre nema da ja gledam zaso srce ke mi pukne.....
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Eпа после толку време мислам дека дојде време да се тепа клучна утакмица да му е*ам мајката !
Доколку издржат 1/4 и им спадне притисокот, од 2/4 натаму очекувам да ги газат лека полека за мирен завршеток.:)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Што да се каже за утакмицава со Фени, ништо ново - ГАЗЕЊЕ.
Штета што од +17 им се симнаа на +4 па сега го потат како била наместена утакмицата, МЗТ морале шампиони да бидат, џагара бугара.
Сосема заслужена победа на момците, а викендов очекувам да продолжат со истава игра и да го освојат и купчево. :)
:vozbud:
Лудница...... а и спикеров е добар, браво и за него. :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Btw му ги броеше некој бунарите на Чековски при крајот? :pos:
Што направи човече, како успеа од пред кош, со хорок бунар да направи :facepalm:
И од слободни, едното бунар, другото едвај добаци до обрачот :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom