Ма ајде 16 од тие 27 грешки се на бековската линија Фишер, Блејк, Коби. Коби е повреден и му ја додаваат топката на неколку секунди пред крај... прави што може. Голем дел од другиве грешки се заради лоши додавања. Како таа на Блејк кога му додаде прениска топка на Бајнам, не се додава таква топка на центар... посебно кога не си удвоен па можеш да бираш како ќе подадеш.
Одбраната на надворешни шутови е ужасна, поточно непостоечка. Одбраната на бековите (надвор од Коби) е ужасна, дури ни на контра не се враќаат назад. Противниците го полнат кошот на ЛА со лесни поени од фаст брејкови... се што треба да направат е да додадат топка до нивниот бек кој истрчал кон кошот на ЛА. Галинари пред некој ден даде еден куп поени така, ма сите бекови во лигава си имаат филд деј кога играат против Лејкерси. Ужас еден.
Се нервирам више со некои одлуки на Браун. Зошто не го деактивира бесполезниот Лук Валтон? Зошто не го експериментира малку со руки бекот Дариус Морис, што може да загуби?
Со ваквата игра на Фишер и Блејк, Морис ќе треба навистина да се потруди да направи полош учинок од нив.