Фан клуб: Лос Анџелес Клиперс

Член од
24 декември 2010
Мислења
93
Поени од реакции
46
Хаха, сите се паѓаат од смеа кога ќе одговорам за кого навивам од НБА :)
Што знам, имав една игра НБА 99 или незнам точмно која беше, и пошто ми беше интересно да играм со послаби, често играв со Клиперси и ми станаа омилен тим. Од времето на Марк Оловоканди :pos: човекот што го имаат земено како прв пик на драфтот, а во истата сезона како избор на драфтот бил и Коби :kesa: Каков баксуз...
Од тогаш си ги пратам редовно. Порано гледав повеќе НБА, во последниве години послабо, али секогаш Клиперси ми се на прво место :)
:aplauz: Epten si pratel :raz:

Se vika Michael Olowokandi a ne Mark i bese izbran kako prv pik 98 godina a ne 96... 96 prv pik bese iverson a kobe 13ti...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.823
:aplauz: Epten si pratel :raz:

Se vika Michael Olowokandi a ne Mark i bese izbran kako prv pik 98 godina a ne 96... 96 prv pik bese iverson a kobe 13ti...
Мајк де, ја па Марк :pos:
Ти кажав дека го знам од НБА 99, сигурно не се сеќавам на мои 8-9 години кој бил прв пик на драфтот. Некаде сум прочитал дека и двајцата истата година биле на драфтот. Клиперс го имале право на прв пик и го одбрале Оловоканди. Кога се случувало тоа и како се случувало сигурно не сум прател :smir:
Муабетот е дека иако бил прв пик на драфтот, Оловоканди беше само просечен играч :)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238

Него паматам играчов најверојатно зошто немал некој успех а Коби 13 пик за Шарлот и друго време било тогаш сега е друго
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.823
Него паматам играчов најверојатно зошто немал некој успех а Коби 13 пик за Шарлот и друго време било тогаш сега е друго
Немаше никаков успех, да не беа игриците за сони, немаше ни да го познавам :)
Незнам зошто нашиве весници секогаш пишуваа дека тоа било најголемата грешка во НБА драфтовите што некој тим ја направил ( се мислеше на тоа дека можеле да го добијат Коби, кога немало врска...

--- надополнето ---

Блејк Грифин :cuc: ги освој мојте симпатии
Време е да покаже зошто беше прв пик лани :)
Голема штета беше што лани заработи повреда уште на почетокот па мораше да паузира цела сезона...
Голем пех имаат Клиперс со повредите, пошто кога беа во најдобар ритам, Елтон Бренд еден од најдобрите играчи на Клиперс во тие години секогаш заработуваше тешки повреди...

--- надополнето ---

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1524&stID=18874&pR=11
Сум се излапил и јас, еве за која сторија мислев, само нигде не станувало збор за Коби, туку за сосема други играчи :)
Се извињавам :)
 
Z

ziko bt

Гостин
[/COLOR]

Време е да покаже зошто беше прв пик лани :)
Голема штета беше што лани заработи повреда уште на почетокот па мораше да паузира цела сезона...
Голем пех имаат Клиперс со повредите, пошто кога беа во најдобар ритам, Елтон Бренд еден од најдобрите играчи на Клиперс во тие години секогаш заработуваше тешки повреди...
јас па го мислеф годинава е руки,како и да е сезонава е доста актуелен со игрите кој едноставно ме импресионираја јака комбинација на моќ и подвижност мене лично ми станва омилен играч покрај Картер
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.823
јас па го мислеф годинава е руки,како и да е сезонава е доста актуелен со игрите кој едноставно ме импресионираја јака комбинација на моќ и подвижност мене лично ми станва омилен играч покрај Картер
Во моментов на полувреме Клиперс-Индијана 55-58, а Грифин има постигнато 28 поена :)
За жал освен Гордон со 9 поени, никој друг не ги следи. Незнам зошто не игра Крис Кејман, барем него највеќе го поштувам од овие...
Изгледа и тој има некоја повреда :raz:
 
K

kaiser soze

Кејман подолго време е повреден,се врати на неколку натпревари,ама пак го повреди глуждот и сега ќе биде аут ако не се лажам до почетокот на февруари.Во последно време се шпекулира оти Клиперси сакаат да го разменат Кејман,кој лани имаше одлична сезона,а настапи и на Ол-Стар натпреварот.Сега засега се споменуваат размени со кои Кејман би можел да отиде во Филаделфија,а во спротивен правец Игудала,во Детроит за Тајшон Принс,или пак во Бобкетс за Џералд Волис.Барањето за трејд се должело пред се на извонредниот напредок на Џордан на центарската позоција и одличниот тандем со Грифин,па наводно Дел Негро не сакал да го вади од стартната петорка.
Мајкл Оловоканди е веројатно најлошиот избор за прв пик во НБА историјата,ако се знае и оти Клиперси тогаш можеа да изберат помеѓу Пол Пирс,Новицки или Винс Картер на пример,овие го избраја токму нигериецот кој не остави речиси никаков белег во НБА со своите настапи.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.823
Бтв нова победа Клиперс-Индијана 114-107...
Каков меч на Грифин 47 поени и 14 скокови :aplauz:
Ова му е 27-ми дабл-дабл по ред :)
Стандардно Гордон втор со 23 поени, Дејвис трет со 14 поени и 12 асистенции :)
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.848
Поени од реакции
8.694
исто како зико бт и јас покрај Картер, Блејк Грифин ми стана омилен играч, ради него колку толку почнав да ги пратам игрите на Клиперс а и ќе навивам за нив!!!
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Имаа проблеми Клиперс со повредени играчи.Лани Грифин оваа година Крис Каман (така го завикав).Клиперс имаат инзвонредна екипа и не ми беше до сега јасно како играа толку слабо.Во последно време играат како препородени и тепаа доста фаворити.Сезонава нешто послабата конкуренција на Западот и вакво темпо на Клиперси како во новата година навестува борба за плејофф.Кејман се враќа првата половина на февруари.Незнам колку е паметно да се трејдува но сеедно дали тој или друг на почеток на Февруар, Клиперс ќе добијат солидно засилување
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
Слабо Грифин а? За 37 минути 47 коша и 14 скока. Реализација 19/24 :vozbud:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.823
Победа и пораз во последните два дуели. Најпрво падна Милвоки со 126-111, а потоа пораз од Портланд.
Стандардно најдобри Грифин и Гордон, мада и Дејвис доста помогна во овие два дуела.
Во поразот со Портланд Гордон имаше 35 поени, Грифин 23 и 18 скока, но своите дабл-дабл учиноци во серија ги прекина во претходниот меч со Милвоки кога на 29-те коша додаде само 8 скока :)
Следна со Голдент Стејт:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.472
Поени од реакции
68.823
Победа над Голден Стејт од 113-109 во претпоследниот меч. Грифин најдобар со скор 30 коша, 18 скока, после него Гордон со 23 коша. Дека Клиперси ни оваа година не се дораснати за плеј оф покажа последната средба и поразот од Далас Маверикс со 7 разлика, 105-112.
Одново најдобар Грифин со 22 коша и 11 скока, а поен помалку имаше Бајрон Дејвис. Можеби причина за овој пораз беше и отсуството на Гордон. Се работи за повреда која ќе го оддалечи скоро цел месец :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom