Џабе ко чекаш Шева. Ништо нема да биде од него освен добар стопер за пред гол
Сакам да земеме ПЛ или ЛШ годинава, ама многу посреќен би бил и кога би се воиграле новите играчи (може и без титула во тие 2 натпреварувања). Го имаме Оби (22 год, може да игра деструктивец или плеј, зависи како ќе го насочи Анчелоти). Го имаме Жирков (25 години спрема 30-те на Малуда), Матиќ (21 година, може да го мења Лампард ако биде нешто од него на што највеќе се надевам и радувам
), Стариџ (замена за Дрогба), Калу (замена за Анелка). Е овие играчи ако се воиграат и ги биде во Челзи, тогаш може да се надеваме на многу титули во следните години...
Шева ќе го видиме в зимо, сега не очекувам ништо појќе од преведувач на Жирков и Анчелоти (по потреба за вториов).
Не можеме така да размислуваме, прво Матич ко шо знам, ќе игра сегде на средина, само не зад напаѓачите. Нереално е Стуриџ од сега да го прајме директна замена на Дрогба.
Да тргнеме од резервите, фијаско од 0-4 против Астон Вила. Сепак, со Стив Холанд нов менаџер, со „дијамантот“ за прв пат, со 90% новаци, не треба многу чудење. Како и да е, од извештајот од натпреварот, или Лолихон и Арнесен гадно се (не) заебале со Трнбул, или овај имал ненормално лош ден. Но и Стуриџ затаил, како и едно „жабарче“ Борини, кој очекував во сезонава и следната да дотурка до клупата и настап во куповите, ама тешка работа изгледа.
Имено, во четвртокот Арнесен го следел Анхел Ди Марија од Бенфика пак, а имал шо да види. Како задолжен да бара играчи кои Анчелоти ќе ги „разигрува“, изгледа почнал со шетање, макар шо изборов не ме бендисува. Сепак како за секој млад играч, така и за него....времето ќе покаже.
Спомнато е, ама ме постети да докажам дека и Белети почнал со тренинзи.
В зимо, без африканците, имаме ваков среден ред: Матич, Балак, Деко, Малуда, Лампард, Жирков, Џо, Белети. Најмногу еден да е повреден, пак сме солидни. Нападот ќе биди проблем, ама јебига, Лампард мора да „раздвижи“ некогаш, 20 гола просек мора да се брка.
И за Есиен така мислевме ...
Извини, шо мислевме за него? :smir: