Челзи повторно се интересира за Дани Алвес
Според англиските медиуми, Челзи подготвува понуда за дефанзивецот на Барселона, Дани Алвес.
Според Mirror, Роман Абрамович е подготвен во летниот преоден рок повторно да го одврзе ќесето и да донесе неколку скапи засилувања. Една од топ целите за Челзи ќе биде одличниот бек на Барса, Дани Алвес.
Жозе Мурињо имаше голема желба да го донесе Алвес во Челзи додека тој настапуваше за Севиља, но Абрамович не одговори на барањата на шпанскиот клуб.
Алвес потоа замина во Барселона, а сега Челзи ќе мора да плати многу повеќе за да дојде до неговите услуги.
Гласините велат дека Алвес има откупна клаузула од 90 милиони фунти, па Барселона би го продала само доколку лично тој сака да си замине.
Деко се враќа за ’три до четири дена’
Играчот од средниот ред на Челзи, Деко ги отфрла стравувањата за крај на сезоната, и очекува да се врати на тренинзите до крајот на неделата
Португалскиот интернационалец беше приморан пред време да го напушти натпреварот со Манчестер Сити, и беше заменет со Жулиано Белети. Кога по натпреварот новинарите го запрашаа Гус Хидинк за типот на повредата на Деко, Холанѓанецот рече дека ’се сомнева’ во тоа дали Деко ќе настапува пак до крајот на сезоната.
Но самиот играч даде далеку пооптимистички изјави и очекува да се врати на тренизните за неколку дена.
“Не верувам дека повредата ќе биде пречка, првичните импресии се дека ќе се вратам за три до четри дена и ќе започнам тренинг без ограничување.”
Селекторот на Португалија, Карлис Квеироз вчера најави дека првичните прогнози се претерани нешто што денеска го потврди игрчаот од средниот ред.
Јуве подготвува 11 милиони фунти за Малуда
Англиските медиуми пренесуваат дека екипата на Јувентус е подготвена да понуди 11 милиони фунти за услугите на крилото на Челзи, Флорент Малуда
The Sunобјави дека Старата Дама се решила да тргне по услугите на Французинот откако најпрвин степиле во контакт со неговиот агнет. Весникот вели дека Јуве посакува Малуда да биде замената на Чехот, Павел Недвед кој најави дека по крајот на сезоната ќе се пензионира.
Извор близок до гигантот од Торино за The Sun изјавил: “Разгледуваме неколку опции и Малуда котира високо на нашата листа.”
“Ајде да видиме што ќе се случи по крајот на сезоната.”
28 годишниот Малуда, планираше да остане во Челзи кога тренер беше Луис Фелипе Сколаи, но сега размислува за сите опции кои ги има.
По доаѓањето на Гус Хидинк во февруари тој има само два натпревари како стартер.
Французинот на Стемфорд Бриџ се пресели во 2007 од Лион за 13,5 милиони фунти, а левото крило и во минатото беше поврзуван со Бјанконерите.