Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
В

Вори

Гостин
Исто и од мене среќна НовА Година,до сите фанови на Челси и до сите љубители на фудбалската игра:helou:
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
412
Поени од реакции
9
И од мене Среќна Нова 2009 Година ,многу љубов,здравје и среќа да ви се исполнат сите желби... и нека оваа година биде среќна и за Челзи па да крениме некој трофеј после подолго време.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Среќна Нова на сите фанови на Челзи и воопшто љубители на фудбалот. Околу шпекулациите, мислам дека најверојатна е дека Бриџ ќе го носи светло синиот дрес на Сити... Лошото е шо ќе неаме лев бек освен Ешли Кол, а десни имаме тројца.

За Сисињо и Малуда трејдот е обична патка за полнење на страници... За Бен Арфа би можело да има вистина, и ако го зејме тој ќе ни е единствено засилување според мене, нема воопшто да се расфрламе со пари зимава.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
168
Поени од реакции
1
сисињо е добар ама не ни треба го имаме босингва а како резерва имаме 2 играчи а и малуда + 5 се многу за него
 
Член од
13 март 2008
Мислења
223
Поени од реакции
18
Среќна нова година на сите членови на Челзи од Јунајтед. Подарокот ке ви го дадеме на 10 јануари
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Се најубаво во Новата Година за симпатизерите на Челзи и сите фудбалски вљубеници.
Ќе посакам едно славење на овие страници некаде во Мај


We'll Keep The Blue Flag Flying High...
 
F

fantomX

Гостин
Најнова вест!
Дејли Меил: Челзи ја прифати понудата од Манчестер Сити која изнесува 12 милиони фунти за левиот бек Вејн Бриџ. Утре (петок) Бриџ треба да ги договори персоналните сегменти од договорот, како и да ги помине медицинските тестови.

Јас верувам во вакво нешто, иако нема официјална потврда од ниедна страна. Сепак Бриџ не игра толку, а од друга страна Сколари сака пари за ново засилување. Како лев бек веројатно ќе заигра и Фереира понекогаш ако треба (искрено се надевам дека нема да треба). Па и до академијата нека проба некош Сколари и така за то.
Со ова, треба да очекуваме уште појќе шпекулации за нов играч, но секако и то ќе се оствари.
Со среќа нека му е на Бриџ, искрено и не бев да се продај тој баш, ама 12 милиони фунти за резервен лев бек е како да си добил на лото, особено во перод кога треба малку кеш.

Среќна нова година на сите членови на Челзи од Јунајтед. Подарокот ке ви го дадеме на 10 јануари
Исто и тебе. Фала, ама не треба поклон, и без то Челзи ќе си ја напрај поуба годината на 10 јануари. :smir:
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Де бе за Вејн Брич 12 милиони фунти? да не ти се верува, али чоек кога има пари незнае шо да праи со нив. :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Според Дејли Мејл, парите од евентуалниот трансфер на Бриџ во Сити би се искористиле за доведување на Жирков во тимот.
 
F

fantomX

Гостин
На 11 јануари играме:smir:
По инерција де, во цитиранио пост пишуваше 10ти па ич не ми текна дека е на 11та јануари. :smir:

Според Дејли Мејл, парите од евентуалниот трансфер на Бриџ во Сити би се искористиле за доведување на Жирков во тимот.
Жирков ко шо знам е лев бек, не разбирам зошто би бил доведен во Челзи.

Од друга страна, еве шо е официјално:

Бриџ разговара за личните услови.
Вејн Бриџ има дозвола од денеска да преговара со Манчестер Сити околу личните услови за перманентен трансфер.
Фелипе Сколари потврди дека нема да му стои на патот ако дефанзивецот реши да се пресели во Манчестер Сити.
„Ако договорот е добар, нема проблем. Подобро би било да го прашате Питер (Кенион), бидејќи Питер знае што точно се случува. Не знам што се случило досега, и имам состанок со Питер после тренингот, за да дознаам каква е ситуацијата околу Вејн Бриџ.
Доколку било кој клуб сака да ангажира некој наш играч, треба да понуди голема сума на пари, бидејќи доколку играш за Челзи, ти си првокласен фудбалер и задоволителна е само богата понуда. Доколку се согласиме внатре во клубот и ако Вејн се согласува, тоа повеќе не е моја работа. Јас сум тренер, парите се работа на бордот и на газдата, но не и моја.“

Јануарскиот преоден рок стартува, и Сколари додаде дека не очекува ново име во својот тим.
„Време е за трансфери, шпекулации... Сега е времето, секој ден десет играчи си одат, десет доаѓаат; ама само според медиумите. Тоа е сосема нормално и очекувано, но ние ќе зборуваме само ога ќе има понуда за наш играч, или кога ние би испратиле понуда за некој играч. Дотогаш, ништо.
Ако сакам некој играч(и), прво би му кажал на Питер, секако не на медиумите. Секое има е шпекулација, од мојата уста, ништо. Среќен сум со овие играчи, не сакам други.

За дуелот со Саутенд, Сколари ќе повика тројца млади играчи во тимот, меѓу кои и Мајкл Мансиен кој се врати од Вулверхемптон каде беше позајмен.
20-годишниот стопер беше импресивен во Чемпионшип за Вулфс, поради што беше повикан и во Англиската репрезентација, и сега Сколари смета дека е време и тој да посвети внимание на Мајкл.
„Пристигнаа тројца млади играчи назад. Мансиен е еден од нив и тој ќе остане со мене, нема да биде позајмен пак. Му дадов време да напредува со тоа што ќе игра постојано, и сега е подобар отколку претходно.“
Се очекуваше да остане позајмен до крајот на сезоната, но повредите го натераа Сколари да замисли повторно.
„Имав четворица стопери, но во изминативе месеци постојано некој фалеше. Поради повреди, некогаш остануваа тројца, а некогаш и само двајца. Сега, нема потреба од страв бидејќи во случај на повреди, имам млади играчи.
Џефри Брума е млад играч кој настапува за Академијата, почна да тренира со нас, и нема да биде вратен меѓу младинците. Ќе биде или со нас, или ќе игра за резервниот тим.
И уште еден играч, кој се врати од Саутенд, Ли Сојер, исто така тренира и ќе остане со нас. Исто така, ќе игра и за резервниот тим. Утре ќе биде во тимот за натпреварот со Саутенд.“


Накратко да ги претставам играчите:
1. Мајкл Мансиен:
Англија, 20 години, централен дефанзивец, порвиов дел од сезонава го помина во Вулферхемптон, каде одигра одлично. Дури и Капело го забележа тоа.
2. Џефри Брума:
Холандија, 17 години, во Феенорд почнал како играч на срдината, едно време за младинците на Челзи играше и лев бек, за сега да е најавен како централен дефанзивец. Искрено се надевам дкеа не е така, пошо нема шанси да заигра ко шо треба во Челзи. На друго место го најдов како ол-раунд играч во одбраната. Искрено се надевам дека е добар како лев бек, пошо то ќе ни треба сега. Пред две години е донесен во Челзи, почнал да тренира со првиот, и да игра за резервниот тим сезонава.
3. Ли Сојер:
Англија, од најмала возраст во Челзи, 19 години, по дефиниција е attacking midfielder, со неколку настапи за резервнииот тим на Челзи, но се покажа во добро светло сеознава во Саутенд.

Сколари кажа двајца кои секакоп стартуваат утре:
На голот ќе биде Карло Кудичини
Во шпицот на нападот - Дидие Дрогба
 

ArsVivendi

самовработена невработена
Член од
15 април 2007
Мислења
603
Поени од реакции
31
Според Дејли Мејл, парите од евентуалниот трансфер на Бриџ во Сити би се искористиле за доведување на Жирков во тимот.
"I have a good squad," he continued.

"So I don't expect to buy anyone. I know nothing about the speculated transfers of players like Zhirkov."
- Luiz Felipe Scolari

Изгледа не... :toe:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Со ваква концизна изјава на Сколари, јасно е дека Жирков не доаѓа... Од друга страна, глупо е да не се искористат парите од Бриџ.
 
В

Вори

Гостин

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Со ваква концизна изјава на Сколари, јасно е дека Жирков не доаѓа... Од друга страна, глупо е да не се искористат парите од Бриџ.
Лев бек во моментов не му треба на Челзи, го имате Ешли а како замена тука е Фереира. Мислам дека Сколари за Португалската репрезентација во неколку случаи го има употребувано на таа позиција.

Луис Фабиано се спомнува како една цел за ангажман со парите од Бриџ ама 12 милиони фунти (или сега евра) се малку за напаѓач од негова класа.

Само што Фабиано е класичен напаѓач а Сколари во неколку наврати кажа дека сака креатор, некој што знае да дрибла, мој избор е Силва од Валенсија, или Капел поефтина варијанта
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom