Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.
F

fantomX

Гостин
Еве сега читам дека и Паим е повикан за репрезентацијата така да сигурно не е земен во Челзи како што беше кажал некој поназад само поради познанство со Сколари и бидејки е избркан од Спортинг.
Паим не е земен во Челзи ни оти се „познавал“ со Сколари, пошо не се познавал; и не дека е избркан од Спортинг, а точно е дека е избркан.
Паим е земен од причина шо дури Сколари беше селектор на Португалија пред 2-3 години го следел Паим како доста талентиран играч. Ама во меѓувреме, Паим се изгубил пред се заради неговио лош темперамент (и зато не е пожелен во Спортинг), а следствено на то му паѓала и формата. Сега, Сколари сака една година да види дали има надеж дека еден ден од Паим че биди врвен играч. Истото не интересира и нас...
Е сеа, ја лично шо не верувам во него, не верувам. Се надевам дека че ме демантира. :toe:

Сколари ужива поголема доверба за разлика од Мурињо и Грант,а тоа значи дека Абрамович му верува и дека Сколари добро си ја врши работата...само така нека продолжи...
Не дека е нешто посебно од Мурињо и Аврам, туку очигледно Абрамович знај дека напрај глупост со Мурињо, и нема зошто да ја повтори и со Сколари. Сепак, нема врвни тренери безброј, па секоја година по еден да „врват“ во Челзи. Сепак, сеа и не му оди бизнисов на Абрамчо, читав негде ја откажал свадбата со женската нова, па и не му е до експерименти баш.
 
В

Вори

Гостин
Што ќе му е свадба со парите од неговата свадба ќе ги земеме Агуеро или Бензема:pos2:
 

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Не прави свадба зошто знае дека другарите му се во криза па нема да му донесат добри поклони, мислам декa Роман моментално нема некој поголем бизнис пошо му ја шитна фирмата на Путин, ова Русија извинете :)
 
В

Вори

Гостин
Иначе да не знае некој дали е сериозна состојбата со Тери?И дај пишете нешто заумре темава...
 
F

fantomX

Гостин
Од то шо гледав:
Пофалба за играта на Лампард и Балак вечерва. Одлично издание и за двајцата. Лоша утакмица за Ешли Кол, неколку грешки (по една Англија прими и гол), никакви пробиви по левата страна. Бриџ остана на клупа. За Тери нема ништо официјално, ама по се изгледа че се врати за в сабота.

Само информации:
Деко не беше ни во резервите, очигледно сеуште не е доволно спремен. Карваљо не беше ни повикан, оти се знаеше дека нема шанси да заигра. Фераира и Босингва изиграа цела утакмица.
Чех брани за Чешка, ама резултато е 2-0 за Полска.
Малуда играл до 39 минута и тогаш е заменет од Бензема. Ако е повреда во прашање, лошо ни се пишува. Плус, Анелка не е ни резерва шо значи не ги поминал медицинските тесотој. Уште едан лоша вест.
Иванович игра цела утакмица за Србија (уште 5-6 минути има).
Калу дал гол од пенал за Брегот на Слоновата Коска за победа од 3-0 против Мадагаскар.
------------------------------------------------------------------
Под 21: Англија - Велс 3-2
Мајкл Мансиен изиграл цела утакмица за Англија. Џек Корк и Риан Бертранд останале на клупата за Англија, како и младио голман Рис Тејлор кај Велс.
Фабио Паим со Португалија настапува во вторник.
 
В

Вори

Гостин
Ако се повредил Малуда го имаме Калу што сеуште мислам дека е подобар од Малуда..Деко и Карваљо би требало да се вратат до сабота за против Мидл...

Иначе

http://www.tribalfootball.com/?q=content/chelsea-face-competition-uruguayan-vieira

Детево викаат дека било уругвајскиот Патрик Виера па сеа ќе видиме...
 
F

fantomX

Гостин
Ако се повредил Малуда го имаме Калу што сеуште мислам дека е подобар од Малуда..Деко и Карваљо би требало да се вратат до сабота за против Мидл...

Иначе

http://www.tribalfootball.com/?q=content/chelsea-face-competition-uruguayan-vieira

Детево викаат дека било уругвајскиот Патрик Виера па сеа ќе видиме...
Сепак, не би се потпирал само на Калу. Ако е повреден воопшто Малуда; за пократко време да, ама за подолго мож да биди заебано.
Карваљо и не мора да се брза, Иванович е во добра форма, вчера даде и гол за Србија типично стоперски, со гла. Деко е пожелен да се врати шо порано.

За новивов Виера, ако виделе нешто во него и решиле да се земи, че го земиме. Слично ко со Ди Санто. Ако не, останува уште една „точна“ информација од „почитуваните медиуми“.
 
В

Вори

Гостин
Ако не се врати Карваљо да сабота јас би му дал шанса на Иванович пред Алекс,некако Бране ни е во подобра форма...
 
В

Вори

Гостин
Ешли Кол и Чех се повредија значи баксузи сме.....се надевам дека не е ништо сериозно!!
 
F

fantomX

Гостин
Официјално известување за Петр Чех:
Голманот на Чешкиот национален тим Петр Чех го помина исцрпниот тест на повредениот мускул. Тоа дава надеж дека тој може да се врати за мечот со Словенија во среда. „По извршената магнетна резонанса, утврдено е дека нема ни хематом, или нешто слично. Сега, тој се рехабилитира во клиниката за (цитирам) „docenta Kolar“. Дали ќе стартува во среда, ќе се одлучи понатаму.“, вели портпаролот на Чешката репрезентација, Лукас Тучек.

Официјално известување за Џон Тери и Ешли Кол:
Откако беше изпитуван од медицинскиот тим на Англиската репрезентација утрово, утврдено е дека Џон Тери го пропушта натпреварот на Англија против Белорусија во среда.
Тери работеше со физиотерапевтот Гери Левин вчера, но не беше во можност да земе учество во денешниот тренинг.
Ешли Кол исто така ќе го пропушти натпреварот поради повреда на тетивата под коленото. Кол доживеа истегнување на десната тетива на мечот со Казахстан, и рендген-снимката потврди дека не е во можност да игра во среда.
Двајцата фудбалери го напуштија кампот на репрезентацијата утринава и се вратија во Челзи за понатамошен третман.
Капело вели: „Разочарувачки е да се изгубат двајца, многу важни играчи како Тери и Кол за мечот со Белорусија. За жал, нема никакви шанси да заиграат, па најдобро е да се вратат во Челзи.“


Многу е ова ебаго.
Моментално повредени: (некој можи че се врати за брзо, некој не)
Петр Чех
Џон Тери
Рикардо Карваљо
Алекс
Ешли Кол
Деко
Џо Кол
Дрогба
*Анелка
*Малуда
Малуда беше заменет во првото полувреме против Романија, да се надеваме дека не е заради повреда. Анелка воопшто не беше во тимо, по се изгледа не ги поминал медицинските тестој, пошо така беше најавено.
Да се надеваме дека в сабота че бида спремни за настап барем 3-4 од овие, оти инаку многу лошо се пишува.
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
ако се сите повредени тешко ке вее во сабота
 
В

Вори

Гостин
Богами секоја година исто па исто..повреди па повреди..не е ова работа некој некоја тешка клетва ни фрлил..Иначе Минеиро ќе заигра некад или никад!!
 
F

fantomX

Гостин
Ајде и Балак!
Михаел Балак играше во саботата против Русија, кога доби удар во мускулот на ногата под коленото, и не тренираше денеска со националниот тим.
„Михаел и нашите доктори и физиотерапефти, продолжуваат со интензивен третман. Мора да чекаме неколку часа за да видиме што ќе биде.“, рече менаџерот на националниот тим, Оливер Бироф денеска во Дизелдорф.

Ова е катастрофа вејче, се надевам дека појчето се полесно повредени и че се вратат за во сабота, оти инаку че треба со младинци да играме. :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom