Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Слушај го татка си, тој е во право. Деко е одличен играч. Прашање е како ке се снајдево англиската лига.
Можеби ке биде милениче на Сколари, па ке менува формација за него, или ке жртвува некој. Останува да помине време и да видиме.
 
Член од
23 април 2008
Мислења
457
Поени од реакции
4
Не мора крилни море, може и без крила, еве пример.
-----Дрогба-----Шева-----
------------Деко----------
----Лампард----Балак-----
-----------Есиен----------.........
аууу ми се свига формацијата!! само шева да игра, па за другите не ми е мн. гајле.
на пример да остане лампи, па тогаш деко ке си седи на клупа, а и верувам дека и двајцата би се изиграле, кога ке знаеме колку сме баксузни со тоа повредите...
 
F

fantomX

Гостин
Не мора крилни море, може и без крила, еве пример.
-----Дрогба-----Шева-----
------------Деко----------
----Лампард----Балак-----
-----------Есиен----------.........
Сколари го знам од првенството во 2002, кога го водеше Бразил. После премина и во Португалија. И милсам дека нема шанси сколари да постави ваква формација.:toe:
Не мора крилни, ама мислам дека Сколари е тренер шо преферира крилни играчи.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Сколари го знам од првенството во 2002, кога го водеше Бразил. После премина и во Португалија. И милсам дека нема шанси сколари да постави ваква формација.:toe:
Не мора крилни, ама мислам дека Сколари е тренер шо преферира крилни играчи.
Па да де. Ова беше само пример како може и Лампард и Деко во иста формација, може и во друга и тн..
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
Абе ако сака Сколари да ги бутне сите во една формација може. тао теоретски би изгледало вака

-------------Есиен------------
--Лампард---Балак----Деко---
--------------Кол--------------
-------Шева/Дрогба-----------

или есиен да седи на клупа, да се менја со некои од средните играчи и да се стават Деко Лампард и Балак како МС, а Калу со Кол да играаат крилни, со што повторно ке се игра со еден шпиц
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
и трета варијанта :pos2:

Со двајца МС, Кол и Калу крила а еден од овие тројцата на игра АМС.
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Четврта варијанта-како сакаш врти ги еден е вишак!
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Четврта варијанта-како сакаш врти ги еден е вишак!
Коооооореееект. Вишок играчи има од кога дојде Абрамович. И веке се ке ги има. И затоа е лошо кога има многу варијации на играта во текот на една сезона
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Сакам да ти кажам дека Лампард или тамо некој друг ке си оди!Тоа на сите им е јасно,само вие дека премногу го сакате Лампард си се тешите па дури го ставате и како одбрамбен играч али битно да игра:):baeh:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Сакам да ти кажам дека Лампард или тамо некој друг ке си оди!Тоа на сите им е јасно,само вие дека премногу го сакате Лампард си се тешите па дури го ставате и како одбрамбен играч али битно да игра:):baeh:

Кај го виде Лампард како одбрамбен играч. Да, тој ни е омилен. Да , ние го сакаме ни донесе радости. Овде дискутираме како со доагањето на Деко без заминување на Лампи може да се игра. А не да го правиме него дефанзивец:tapp:
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
не се слагам со вас.
неможе сите да играат 90 минути. Жозе Мурињо се стремеше кон тоа да направи тим во кој на секоја позиција ке има по минимум двајца добри играчи, и затоа играше систем на ротација. Зашто таков стил на игра да не се примени и сега? Ем ќе има одличен тим во кој ненадејна повреда на Балак да речеме воопшто нема да се примети. Можеби и затоа не го земаа Диего како што некој пиша погоре. Затоа што нема да има простор каде да се развие. Од каде сте толку сигурни дека Деко ке игра прва постава на секоја утакмица? Ако е се за да играат португалски играчи тоа значи дека Фереира ке игра лев бек затоа што и он и Босингва се десни бекови. Друга работа, се 2 малерозни години на Челзи, години каде што и Балак и Лампард беа повредени. Зашто би се ризикувало и оваа година и да се купи не толку искусен играч како што е Диего да речеме па да не се снаоѓа добро. И Алекс е одлицен играч па седи на клупа. Баш сакам да ги чујам вашите мислења за ова. Долго време пратам шо пишувате ама ме мрзеше да одговарам. Прерано го отпишавте Лампард а сегде пишува дека му се нуди нов договор. Од каде знаете што мисли Сколари???
Чекам одговори.....
 
F

fantomX

Гостин
не се слагам со вас.
неможе сите да играат 90 минути. Жозе Мурињо се стремеше кон тоа да направи тим во кој на секоја позиција ке има по минимум двајца добри играчи, и затоа играше систем на ротација. Зашто таков стил на игра да не се примени и сега?

Ем ќе има одличен тим во кој ненадејна повреда на Балак да речеме воопшто нема да се примети. Можеби и затоа не го земаа Диего како што некој пиша погоре. Затоа што нема да има простор каде да се развие. Од каде сте толку сигурни дека Деко ке игра прва постава на секоја утакмица?


Ако е се за да играат португалски играчи тоа значи дека Фереира ке игра лев бек затоа што и он и Босингва се десни бекови. Друга работа, се 2 малерозни години на Челзи, години каде што и Балак и Лампард беа повредени.

Зашто би се ризикувало и оваа година и да се купи не толку искусен играч како што е Диего да речеме па да не се снаоѓа добро. И Алекс е одлицен играч па седи на клупа.

Баш сакам да ги чујам вашите мислења за ова. Долго време пратам шо пишувате ама ме мрзеше да одговарам. Прерано го отпишавте Лампард а сегде пишува дека му се нуди нов договор. Од каде знаете што мисли Сколари???
Чекам одговори.....
Прв болд - точно.

Втор болд - дали Деко е тип на играч кој 70% од сезоната би прифатил да седи на клупа?

Трет болд - не е се во португалски играчи, туку играчи кои се по ќеф на Сколари (или Абрамович). Нема шанси Ферериа да игра лев бек! Во португалска репрезентација нема соодветно решение за таа позиција и зато се игра со Ферерира, како „посигурен“:uvo:
За повредите, тогаш зошто да се чува еден Балак па и Лампард? Не е баш така... Секој можи да заработи повреда, ако гледаме така...

Четврт болд - зато шо треба и помлади играчи, а не сеа да го глеам Деко, кој по две години, максимум три, че го нема во Челзи.
Алекс е одличен дефанзивец, но е докажан само во холандска лига (и бразилска), а додека Деко е прекален играч (дооден) во силната Примера, а за меѓународни натпревари и да не зборувам... (двапати освојва ЛШ)

Петти болд (и последен:)) - Скоалри шо сака нека мисли, ама тешко изводливо че е во игра шо тој преферира, па и друга формација овие четворица да се заедно на терен. Овде глем пишувате најразлични комбинации, но практично се потешко издржани. Тројца многу слични креативци се на мал простор ан средината. Не е то то... А од тие тројцата тешко кој само така би прифатил голем дел од сезоната да е на клупа. Освен ако Скоалари не е некој со супер моќ и влијание врз играчите па и вез такви ѕвезди..:)
Се надевам дека грешам, ама се на тоа врти...

:helou:
 
F

fantomX

Гостин
Сколари доби 250 милиони фунти за новиот Челзи
Роман Абрамович е познат како газда што секогаш ги исполнува желбите на своите тренери, барем во почетокот на соработката. Така, рускиот милијардер ги ангажираше буквално сите фудбалери што Жозе Мурињо ги побара од него во првите две години од престојот на Португалецот на кормилото на „Стемфорд бриџ“. Потоа, кога веќе соработката со Мурињо беше прекината, Абрамович плати 15 милиони фунти за да му го доведе најпосакуваниот фудбалер на новиот менаџер Аврам Грант, францускиот репрезентативен голгетер Николас Анелка.
Анелка воопшто не ги оправда очекувањата ниту на Грант, ниту на Абрамович, но израелскиот стратег не може да се жали бидејќи го доби токму она што го посакуваше.
Сега кога на Грант му беше врачен отказ и на негово место веќе беше ангажиран Луис Фелипе Сколари, јасно е дека Абрамович ќе биде максимално великодушен кон бразилскиот стратег, особено кога станува збор за фондот за трансфери за овој преоден рок. Според весникот „Дејли стар“, Русинот му порачал на Сколари воопшто да не жали пари при преговорите за најнови засилувања бидејќи на располагање ќе има неверојатни 250 милиони фунти. Со оглед на фактот дека Челзи и онака има одличен тим, ќе биде интересно да се види како и во колкава мера Сколари ќе ги искористи овие пари.

Голмани

Ова е можеби единствената позиција каде што на Челзи не му се потребни никакви засилувања. Петр Чех е несомнено еден од најдобрите голмани денес, без оглед на големата грешка на клучниот меч од ЕВРО 2008 против Турција. Неговата резерва Карло Кудичини можеби и ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, но во тој случај Сколари ќе може да смета на португалскиот ветеран Хиларио, кој е сосема солиден за да ја пополни резервната позиција.

Одбрана

Главен проблем за Сколари во овој дел од тимот е убедувањето на Рикардо Карвалјо да остане на „Стемфорд бриџ“ и да потпише нов долгогодишен договор со Челзи. Според последните информации, тоа нема да се случи и токму затоа „сините“ веќе го вратиле својот дефанзивец Алсидес од позајмицата во ПСВ Ајндховен. Во отсуство на Карвалјо се очекува многу поголема шанса да добие Бразилецот Алекс, но несомнено е дека Сколари ќе инсистира на ангажман на уште еден централен одбранбен фудбалер од светска класа. Филип Мексес од Рома е многу интересна опција за Челзи, исто како и Кристијан Киву, кој лесно би можел да стане достапен доколку Карвалјо реши кариерата да ја продолжи во Интер.
Челзи веќе се засили на позицијата десен бек со ангажманот на одличниот Босингва од редовите на Порто, додека на левата страна Сколари на располагање го има стандардниот англиски репрезентативец Ешли Кол.

Среден ред

Една од првите работи што Луис Фелипе Сколари ја побара од Роман Абрамович беше да му биде доведен Деко на „Стемфорд бриџ“. Тој трансфер се реализираше пред неколку дена, но според информации од Португалија, Деко нема да биде единственото големо засилување за средниот ред на Челзи. Португалскиот репрезентативец Мутињо, кој одигра одлично на натпреварите од ЕВРО 2008, се споменува како можно засилување на „Стемфорд бриџ“, исто како и одличниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт. Ангажманот на Деко според многумина по автоматизам значи и разделба со Френк Лампард, кој ќе му се приклучи на Жозе Мурињо во Интер. Од оние чие заминување е веќе најавено тука се и Стив Сидвел (се наоѓа пред трансфер во Астон Вила), Шон Рајт-Филипс (најблизу е до враќање во Манчестер сити) и Флорен Малуда, за чии услуги се најзаинтересирани челниците на Барселона.

Напад

Имајќи го предвид стилот на игра што го претпочита Луис Фелипе Сколари, Челзи во следната сезона сигурно ќе настапува со еден класичен и двајца странични напаѓачи. Затоа, за очекување е најголемиот дел од парите што му се дадени на располагање Сколари да ги потроши токму на ремонт на навалната линија, што минатата сезона не функционираше најзадоволително.
Шпекулациите за мегапонуда до Ливерпул за услугите на Фернандо Торес беа отфрлени од челниците на „црвените“, по што за очекување е Челзи вниманието да го насочи кон Давид Вилја, најдобриот стрелец на ЕВРО 2008. Во случај да не успее да се договори со Валенсија, Сколари своите погледи ќе ги насочи кон Клас Јан Хунтелар, кој веќе најави дека летово ќе го напушти Ајакс. Од офанзивните крилните фудбалери што во моментов ги има во тимот, Сколари е задоволен само од Џо Кол, па нормално е што новиот менаџер на Челзи планира ангажман на најмалку две засилувања на овие позиции. Португалскиот репрезентативец Рикардо Кварезма се наоѓа на врвот на желби на Челзи, чиј газда без никакви проблеми ќе ја плати отштетата од 30 милиони фунти што ја бара Порто. На лично барање на Роман Абрамович се водат и преговори со Зенит за трансферот на рускиот репрезентативец Андреј Аршавин, додека Сколари не ја крие желбата на „Стемфорд бриџ“ да го донесе и Роналдињо. Не смеат да се заборават ниту преговорите што „сините“ веќе ги стартуваа со Реал Мадрид за трансферот на Робињо, така што Челзи дури и без Дрогба во тимот, следната сезона сигурно ќе има неколку елитни гол-мајстори во своите редови.


Ајде една „фина“ анализа од „Шпиц“ :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
25
Поени од реакции
0
na vesti kazvea deka murinjo mestel utakmici vo champions league ko bese sampion so porto! vi se vervit? jas ne vervam
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom