Фан Клуб: Челзи

C

confusion

Гостин
Донесоа два нови голмана, ниту еден подобар од Кепа.
Какво фијаско.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Логиката на управата на Челзи (со многу играчи, уште од времето на Роман, ова само како пример го користам)

Луис Хол.
Добар играч.
Од академијата на Челзи што е една од најдобрите академии во светот.
Имаше неколку добри натпревари во подготовките.
Факт е дека изгледа како да има огромен потенцијал.

Ама, зошто да се мачиме со овој млад играч и да трошиме време и инвестирање, кога никој не ни гарантира дека овој играч ќе го достигне потенцијалот??? Ризик е сепак. Можеби ќе... можеби не? Башка млад играч е, ќе сака да игра прв тим, а има играчи како Џејмс и Чилвел тука, не е тукутака дека ќе игра ептен. Ако дојде време да даваме шанса на сите играчи како Конор Галагер и Били Гилмор што имале добра сезона во екипа од рангот на Кристал Палас и Норвич... кај ќе ни е крајот???

Дај им го таму на Њукасл нека крши глава...


Марк Кукуреља.
Добар играч.
Од академијата на Барселона што е една од најдобрите академии во светот.
Имаше неколку добри натпревари за Брајтон.
Факт е дека изгледа како да има огромен потенцијал.


Да, имаме играчи како Џејмс и Чилвел, ама ако потрошиме време и инвестираме во овој играч, можно е да го достигне својот полн потенцијал! Нормално, ќе сака да игра прв тим ептен, ама зошто да не игра прв тим, па за џабе ли ќе фрламе пари за на клупа да седи??? Што, ај ако не Ешли Кол да го вратиме на 50 години да игра?? Мора младите да играат, Џејмс и Чилвел се секако стаклени и често се повредуваат. И што ако играл во Брајтон, па сите мора да почнеме од некоја екипа од ранг на Палас, Норвич, Брајтон или шо ти знам...

Фрли 62 милион фунти за малиов, има потенцијал.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Колку е подобар од Слонина? Зошто мора овакви трансфери не ми е јасно.

А за ова со Хал и Кукурела, единствено логично ми е дека никако не можат да го продадат Кукурела ради висока плата па мора да се продаде еден бидејќи Покетино сака помал состав и Матсен е сеуште тука, 4 ќе беа. Плус дека фамилијарно се за Њукасл.

Ама па од друга страна, не е лев бек Хал и место да ги земавме Лавија и Сантош можеше он да покрие таму. Ама ај, се надевам дека знаат што прават.
 
C

confusion

Гостин
Затоа ви викам што помалце да читате, тежок ПР е Челзи и твитер медиумот од како се дојдени американциве, Романо исто работи за нив. Мизерија, во секоја ситуација се они победници.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Yes, please, call for Greenwood availability next, we still need 10. :vozbud:

Па и ова го изјави на едно од првите интервјуа. Нема ништо против Лукаку, ако се погодат ќе го врати во тимот.
Најлошто нешто што би го направиле по оставањето на Кукурела во тимов.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Нелогично оптимистични фанови на Челзи за ова сезона:

Па еве, прва сезона е глупо да очекуваш дека КОМПЛЕТНО сменет напад одма ќе ти вроди со плод.
Глупо е и да очекуваш дека одма во прва сезона млади играчи би имале инстантен импакт.
Ок, некои викаат дека не треба да се фрлаат ептен пари на injury-prone играчи, ама не е дека намерно тимов бара такви играчи и дека намерно главните во екипава сакаат тимот да не успее.

Резултат во 2026: ќе видиме дали се во право или тимов не е на прав пат


Истите фанови во 2020:


1692977767085.png

Челзи во 2023: 12 место

(добро де, јадам гомна малце, не бидете буквалисти, никој не можеше да ги очекува срањата во УК,Украина,Русија... Ама поентата стои дека не треба да се глуми оптимизам кога нема потреба за тоа)
 
C

confusion

Гостин
Па добро општо познат факт е и меѓу наши фанови и генерално дека таа генерација се фејл, се виде кроз години, посебно се психички лабилни и неконстантни, затоа и се продадоа толку играчи и се донесоа други.
Едини што реално вредеа од таа генерација, останаа во Челзи, Чилвел и Џејмс.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Гледам еве, гледам и ги познав Стерлинг, Чилвел, Тиаго, Хернандез.
Другиве само некои црнци во екипата...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.318
Лутон се ептен слаби, ама ова се бараше, ваква победа за кревање на духот.
Во вакви утакмици против вакви противници 1-0 не врши работа, мораше вака, уверлива победа каде сите ќе можат да бидат задоволни.

Да сврзат пар утакмици вака ќе биде маестрално, не смее да се пропушти шансава што ја имаме на почетоков со вака лесен распоред.
После кога ќе дојдат тешките периоди нема во Европа да играме што би требало да е олеснителна околност.

Секоја чест и за Џексон, одлично е што релативно рано му дојде првиот гол па не мора да има некаков притисок (а башка и не е толку скап трансфер, што исто треба да е олеснително да го нема истиот притисок како другите трансфери)
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Џексон е право изненадување, се виде уште во припремите. Се надевам кога сите ќе се фит и воиграни ќе добива повеќе креирани шанси за гол, вака он повеќе креира за другите. Со сите фит играчи би сакал да видам ваква формација.

Џејмс-Фофана-Силва-Колвил
Лавиа-Каиседо
Стерлинг-Енцо-Нкунку
Џексон
 
C

confusion

Гостин
Генерално, не баш толку добар меч на ниво на тим, многу осцилации во игра, на моменти играме како Реал Мадрид, на моменти играме селска лига Обреновац Југ.
Мечов го добивме на индивидуален квалитет на Стерлинг, Енцо, Густо и Џексон. Буквално изгинаа на терен, Стерлинг трет меч по ред ни е најдобар играч, голов денес беше прајм Хазард, Енцо е стандардно најдобар играч во средина, контрола, прегледност, све има. Густо и Џексон ме изненадија, мислев дека ќе им треба многу повеќе време да се навикнат ама веќе изгледаат спремни за ПЛ, одлични комбинации, одлично играат, секоја чест за управата од кај ги извади.

До сега не сум задоволен од Покетино и Чилвел, првиов затоа што не е доволно храбар и се глупира со формацијава и го става Чилвел кај што не му е место, тотално се губат со Колвил на таа лева страна во бранење зони и преземање играчи, значи нема потреба да се комплицира, не знам зошто изиграва Потер со формацијава и почнува да ми иде на живци.
Вториов, еве трет меч по ред е ужасно лош, погрешни одлуки, лош говор на тело, во многу ситуации иде со газ напред да гради топка, не знам, шокантно лош е првиве три утакмици, можеби зошто игра на глупа позиција со различни улоги и се губи ама ова е првпат од како е дојден да го гледам волку изгубен.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Најбитно нешто, на одредени играчи треба да им се забрани сами да си ја бираат фризурата. :pos:
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.951
Поени од реакции
1.923
Со 5 нови играчи во состав нормално е да изгледаме така, после 2-3 месеци може да дискутираме на тој план.
Џексон ептен ми се свиѓа како игра само треба да поработи на завршница.
Генерално има огромни подобрувања од лани ќе видиме сега за сега клучно е да вржеме неколку победи за самодоверба.

Копитово најверојатно во Рома кај Мурињо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom