Полека малку другари, не е Покетино крив што Чилвел и Џејмс не можат да останат 2 недели здрави, што Мудрик има 1 добро нафрлување по утакмица, што средината не знае да ли сме во напад или одбрана, што Броја не може да прими пас цела утакмица, што на Џексон му требаат по 10 шанси за еден гол, што идиотиве направија 3 црвени до декември ( во претходните 2 сезони имаа напревно волку, како сега за 4 месеци ) и плус ако го рачунаме Џексон со жолтите картони што му следуваше забрана тоа се 4.
Челзи моментално има повредни 12 играчи од кои 4(5) се сигурни првотимци ( Нкунку, Чивел, Рис, Фофана и во прашање ситуацијата и улогата на Чуквуемека кој коначно фати солидна форма ) и не го рачунам Санчез како најнов додаток на листата, и сите останати би имале голема улога во ротацијата.
Факт е дека американциве го водат клубот повеќе како бизнис. бизнис отколку како тим и од чиста пасија спрема фудбалот, но не можеме да кажеме дека свесно го водат клубот во пропаст. Верувам дека барем 95% од оние падобрански купувања ќе се исплатат на финансиски план ( претежно мислам на трансферите на младите јужно американци), еден да искочи класа би било одлично, што за продажба што да се носители на тимот. Двајца да искочат би било веќе фаќање на лото. Отсекогаш јужните американци ми биле фасцинанти како играчи, што заради талентот, што заради нивниот темпарамент итн. Ме радува што се стремиме кон ваков тип на играчи, ми скурчи веќе од инфлуенсери, фешн блогери, лајф коучови во обид итн. итн. Ова го зборам за целиот фудбалски свет каде ваквиот тип на играчи ги има се повеќе и повеќе не само за Челзи.
И не заборавајте дека се уште се гради тимот и не можете да очекувате во 5 месеци да имаме структура како Сити и останата компанија што се градени со години, а пола од нашиот тим за прв пат се видеа во живо пред тие 5 месеци.
KTBFFH