Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
"Многу битен натпревар ќе биде следниот, ако изгуби Лампард можеби ќе го отпуштат..." - Фанови на Челзи во последниот месец и во следниот месец после тоа
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
"Многу битен натпревар ќе биде следниот, ако изгуби Лампард можеби ќе го отпуштат..." - Фанови на Челзи во последниот месец и во следниот месец после тоа

Лампард е отпишан. Прашањето е дали да се ангажира сега тренер што е достапен и доволно квалитетен, или да се истера сезоната со интерим/Лампард па на лето да се тргне по Нагелсман.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Ептен ја усра Лампард со тим менаџментот, исфорсира непотребно ликови кога не требаше(уште и играат лабаво во прв состав). Некои назадуваа поради тоа што не добиваа шанса во право време и на вистинската позиција, некои се изоставени без причина. Капак на се и повредите и лошата форма на поединци.
На тешка раскрсница е клубов... дали менување на тренер инстант(старата добра пракса), или да остават простор од управата да се консолидираат некако па да спасат што може од сезонава. Изгледа има уште некој кредит за користење Френк. Ја би да почекааат па на лето да се бара докажано тренерско име - кое и онака сега не е достапно. Или ултиматум да му дадат на Лампард... како главен услов - нека освои еве барем ФА куп, да стигнат што е можно подалеку во ЛШ и евентуално да се пласираат барем во ЛЕ наредната сезона.
Таман може ќе се воигра тимов и ќе почнат конечно да покажуваат нешто на терен а не мртви и тажни изданија секој втор натпревар - па да ја видиме таа фамозна 3 сезона. Инаку фала, чао пријатно.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Баш ме интересира кои се тие фудбалери што се форсирани од Лампард и играт цело време.
Маунт, Џејмс и Чивел и Канте се прва постава, ама они заслужуваат да играат.
Ако некој даваше шанса на сите фудбалери што се во состав од сите тренери до сега тоа е Лампард, никој друг.
После пораз од Арсенал, скоро пола постава смени, да беше Мурињо или Анчелити ќе излезеа пак со истите 11 кои играа против Арсенал.
Еве го Вернер нели игра сега центален и што? Лампард му е крив што не уме топка да смири?

Цела кривица му ја пишувам на Лампард за тоа што не се спремни фудбалерите 100%, ама пак најверојатно си има причина.
Од мај месец играат нонстоп поради коронава два пати во недела имаше и повредени доста, ама пак не е изговор никако што нема резултати. Но кој и да дојдеше ќе улегнеше во криза, е сега може немаше да се продлабочи како сега ама дека ќе имаше криза ќе имаше.

Ама цела кривица треба да оди на тие што ангажираа млад и не искусен трењер. Ако сакаа инстант успех требаше да го ангажираат Гвардиола кога беше слободен. Со Лампард или некој друг млад тренер многу малку се веројатностите дека ќе има инстант успех.


Друга работа ваков период имаа и други менаџери во Челзи не е Лампард само, но ги имавме Хазард и Вилиан па се шлепаа резултати на нив. Немој да ми кажете дека не е имало утакмици каде што се чекаше само од Хазард и Вилиан да направат нешто.
Ама сега немаме такви фудбалери, нема од кого да очекуваш да повлече сам.

Тимов е пун со талент само, без квалитет и искуство.
Пак ќе кажам дека во минатото се купуваше глупости наместо квалитет, после Канте ние ниту еден играч не договоривме како што треба и кој ни беше во прв план, него се купуваше колку да се замачка очи на фанови. Поради тоа си и замина Хазард, најверојатно и Конте влезе во конфликт со управата.

Моментално искуство и квалитет се на страна на Силва кој е нов во лигава и има 35 год. Аспликутета и Жиру, првиот веќе нема нозе за високо ниво, вториот рака на срце дава максимум ама толку му е капацитетот, не можеш да очекуваш 20 гола на 33 год.
Жоржињо, Рудигер, Алонзи треба ли нешто да пишам, што они имаат оставено во фудбалот.

Маунт, Џејмс, Канте, Чивел тоа е од што можеш да очекуваш фудбал.
Ама и они се релативно нови фудбалери со 1 сезона одиграно позади себе. Исклучок на Канте ама Канте е Канте не е он да ти креира игра.
Во минатото Челзи вадеше резулитати после смена на тренер, ама ги имаше Чех, Тери, Кол, Лампард, Дрогба, Балак.
Фудбалери кои беа во најдобри години и се знаеше дека од нив можеш да имаш константност и ретко повреди.
Сега Челзи нема костур кој има 3-4 сезони играно во клубов, туку фудбалери кој се 1 сезона тука, млади и само со талент.

Челзи е во смена на генерација и транзиција и тоа во јака и изедначена лига. Незнам како не ви е јасно и што уствари значи тоа.
Не наследи тим Лампард како што наследи Конте или Мурињо па да бареме резултати, туку наследи тим што беше истрошен и со просечен квалитет и сега ние бараме резултати преку ноќ.

Ајде може јас сум во криво нека дојде Алегри, може нема да му се по мерак Маунт и Чивел, нека си донесе играчи по негов кеф, па
нареднава зима нека дојде Нагелсман па нека ги шитка тие што ги донел Алегри и така во круг :D
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
@Иван CFC
Другар, никој не го спори назначувањето на Лампард... впрочем еве уште е на клупа што е и повеќе од доволен показател дека имаат сеуште толеранција од управата.
Тврдам дека Лампард беше назначен во право време и беше правиот избор во моменти кога клубот се соочуваше со забрана за трансфери и заминувањето на најголемата звезда, расклинкана одбрана и флоп голман. Идеално сценарио за почетна сезона без било какви притисоци за млад и перспективен тренер. Во една таква сезона успеа да стигне до финале и да избори ЛШ што секако е за поздравување, и беше повеќе од очекуваното.
Сега, со олку потрошени пари Челзи најмалку што требаше е да напредува, ако ништо друго барем во играта. Резултатите кога имаш игра кога тогаш ќе дојдат. Лампард сезонава најверојатно подлегна под притисокот и на некој начин несвесно го уназади(уваше) тимов, со погрешните тактити и она што го спомнав погоре. Додека фокусот на почеток беше на стабилизирање на одбраната со противници кои реално можевме и да ги победиме - добивме на анемичност на нападот која еве сеуште се провлекува.
Важно Челзи врза во тој период добра серија од 10-тина натпревари непоразен со неколку чисти мрежи и се створи една лажна слика дека сме дури и кандидати за титула.
Ама реално еве не до кај сме. Нападот се`поретко испорачува голови во последно време.
Вернер во слободен пад со формата со нарушена острина во нападот, онаа што ја покажа на почетните натпревари кога беше јасно дека е оган играч - а ја изгуби за сметка на форсот на патарушката Абрахам.
Ковачиќ тежок криминалец. Гилмур моментално ја има измислено играта за него ама ипак си преседува на клупа, па макар и Жоржињо. Одои нека го чува за туршија. Маунт машина. Дечкото може да покрие се и сешто на теренот. Кај и да го ставиш испорачува и повеќе од она што треба. На Силва толку му се можностите за годините. Ипак, носи некаква стабилност во одбраната. Рудигер - од кај го извади човеков да ми е да знам. Зума нека кисни, ќе си накреваме онака од забава корнери а нема кој да даде гол.
Чилвел во последно време повеќе мисли фризот дали му е ок и да си поприкаже и клешти со репрезентативни колеги по завршување на натпревар. Во офанзива почна да е тотално невидлив а назад остава кратери.
Хаверц сега за сега трансфер флоп на сезоната, делува како да ќе остави душа на теренот. Изгледа сеуште неможе да му се пронајде правата позиција. Останатите стандард и испод од лани.

Да, наследи Лампард можеби просечен и истрошен тим, но надограден со перспективни и млади фудбалери со голем потенцијал, кои изненадувачки стагнираат во кариерите. Ќе видиме по чија вина - времето ќе покаже.
Челзи како клуб може да си дозволи да ја пушти во вода само уште оваа сезона. Во спротивно, уште една ваква и рачунајте дека фудбалски сме потонале по смена на генерација.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ајде нов прес репорт

Еве, пред да читам, на кратко..да погодам

Секогаш има притисок, верува во младите, треба посериозно, задоволен е од младите, и сепак притисокот си доаѓа со работата и верува дека ако работиме добро ќе ја свртиме
Цело време исто се врегла :D

Ај да видиме

-Го изгубивме последниот меч , а го добивме тој пред тоа. Треба да се добива секој меч, сега треба да се концентрираме на Лутон и ќе одбере тим што верува дека ќе победи

-Не се замара со шпекулации и само се концентрира на својата работа

-Не знаел ништо за Фикајо, а после 6-7 саати беше потврдена позајмицата од пресов :D

-ПЛ е ептен физичка лига и очекувано е млади играчи и играчи од странски лиги кога прават трансфер да им треба време да се навикнат

-Убаво било да се види новиот банер на стадионот и поддршката од фановите е секогаш добредојдена бидејќи го сака клубот

-Притисокот треба да се канализира во добра игра на теренот, бидејќи тоа е побитно од соблекувалната и самодовербата се гради на теренот во натпреварите

-Поздрав до Фан Клуб Челзи на Кајгана
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
@D_T

Незнам зошто не сакате да прифатите дека Лампард наследи убедливо најслаб состав од Анчелоти, Мурињо и Конте. Тим кој е во транзиција и смена на генерација, ама со нова политика а тоа е форсирање на млади и талентирани играчи.
Самиот Лампард изјави дека Челзи ќе се оренитра на нова политика која е форсирање на млади фудалери, кои ќе бидат долгорочна инвестиција со долгорочен план.

Конте освои и имаше резултати ама погледни го каков состав имаше на располагање. Хазард, Фабрегас, Коста, Канте во многу помлади години. Фудбалери кои беа светска класа.
Анчелоти играше со Дрогба, Лампард, Тери, Кол итн да не набројувам, тим кој што играше финале лш, доволно зборува за квалитет.
Сега што имаме тим што беше зрел уште пред 2 сезони пред да дојде Лампард за ремонт. Да не ти објаснувам како беше управуван претходно знаеш и сам, причина што отворено Конте и Сари влегоа во конфликт и си заминаа.
Работата на Лампард прва сезона ја опиша и сам, да не се повторувам...

Состав кој го играше лани, може да се издвои само еден играч кој може да кажеш дека очекуваш континуитет а тоа е Канте.
Кој е 4 год постар од тој Канте со Конте или фудбалер кој е скоро па 30 год.
Ако лани Џејмс, Абрахам, Маунт играле добро не значи дека и оваа ќе играат исто. Млади фудбалери едно е да го имаш Фабрегас на 28 и Хазард на 25 кои позади себе имаат 2-3 сезони во пл па ова. Ме разбираш што сакам да кажам.

Пулишиќ и Ковачич се исто фудбалери со кратко искуство во пл и со хронични повреди ама и се за барем една класа послаби од Фабрегас и Хазард.

Доаѓаме до засилувања. Точно е дека се потрошени 400 мил ама на фудбалери кои имаат 1-2 сезони квалитетен фудбал позади себе.
4 играчи кои тек стапнуваат во пл а и самиот знаеш што е премиер лига па што е бундес лига.
Тоа што некој фудбалер е платен 80 мил не значи дека е добар фудбалер и гарантира одма добри партии.
Мурињо ти текнува ги донесе Фабрегас и Коста за 60 мил. Но Коста беше роден финишер, не паметам да имаше промашување од тие на Вернер или да не успееше да прими топка.
Не е причина што Вернер промашува од метро или не успева да прими топка тоа што играл вон позиција.
Теренот е тој, топката е таа и за полушпиц и за шпиц. Туку тоа е што Фабрегас и Коста беа готови производи а Хаверц и Вернер се играчи
како Маунт и Џејмс само платени со пари. Талентирани фудбалери кои треба тек да напредуваат.

На хартија имаме јак состав точно, ама тимов нема никаков баланс.
И тоа не е кривица на Лампард туку на долгорочна политика на Челзи, што поради глупи одлуки и потези останавме на тоа
да зависиме од играчи кои се по 20 години продукт на академија.
Едно е да уклопуваш фудбалери со Хазард, Фабрегас, Коста а друго е со Маунт, Џејмс и Абрахам.
Не викам дека они се лоши играчи ама немаат никакво искуство на високо ниво во Челзи за да можеме да очекуваме веднаш нешто
Бум.

За тоа викам дека Лампард има многу голема и тешка работа, нешто што го имаше па најблиско речено Покетино со Тотенхем, ма да мислам дека он работеше со Ериксен еден од топ 3 плејмејкери во лига.


Околу вториов дел од постот, Абрахам не е форсиран од Лампард за сметка на Вернер, туку поради тоа што Вернер мораше да игра крило затоа што немаше никој друг.
Од како се вратија Зијах и Пулишиќ на терен дали Вернер продолжи да игра на крило? Да продолжеше е тогаш може да кажеме дека Лампард греши.

Ковачич хм, па он скоро пола период он ја преседе на клупа, поради тоа што е во лоша форма. Сега игра поради тоа што Канте е повреден, а и нормално е да му се даде минутажа бидејќи лани ни беше најдобар играч. За Гилмур да во право си дека треба да почне да игра повеќе ама пак притисокот е пре голем за да би му дал шанса на него пред Кова или Жоржињо...

Одои.... зарем треба за него да се зборува еве ти најсвеж пример играше со Лесетер прва постава и каков учинок имаше, мислам дека и натпреварот после Арсенал играше Астон вила ако не се лажам со ист учинок како со Лестер.
И еве сега по твое наредниот натпревар според тебе дали треба он да почне за сметка на Зијах или Пулишиќ, за премиер лига зборам.


Околу Зума мислам дека имаше ситна повреда, нека ме поправи Змејски, небитно...
Точно е дека е по квалитетен Зума, меѓутоа Рудигер е наша прва замена како штопер. Не гледам зошто да не му даде шанса, а и таа шанса се 2 натпревари не се 5.

Не гледам ништо лошо што ете влезе како замена Рудигер, скоро 80% од натпреварите играа Џејмс, Зума, Силва и Чивел.
После ќе биде дека не му е дадено шанса како Де Брујне или Салах :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Барнсли ги победија Норвич 1-0, што значи ако во дербито против силниот Лутон Таун победиме, тогаш во следното коло ќе имаме уште поквалитетен портивник за нашите стандарди.

Мечот ќе се игра меѓу 8 и 11 Февруари, а ќе бидеме гости
Автоматски споено мислење:

Инаку против Барнсли игравме во Лига купот оваа сезона и победивме 6-0 на домашен терен
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ми фалат деновите кога луѓе ме убедуваа дека фрлање на толку пари за голман е добра одлука пошто ете, морало иначе немало да најдеме било каков голман

Како бе ова го прими бе ццц :(
90% од играчиве што го купуваме стануваат полоши откако ќе дојдат :ROFLMAO:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ова не беше гол од Кепа, но добро. Така се научивме веќе.

Зума што правеше? Очигледно повреден во моментот, ниту можеше да блокира, ниту да ја проследи акцијата.
Овој од Лутон шутна силно од непосредна близина и го проби.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
89 сениорски кариерен гол на Тами, до крај на сезона можеби би стигнал до 100
Автоматски споено мислење:

Баш ме интересира со кој тим ќе игра Лампард во среда, почна со некои интересни експериментирања во последно време, стана и занимливо да се види со каков тим би стартувал

Не би се изненадил да почне Вернер на клупа на пример

Добро, ќе кажеме рутинирана победа, не е лошо да се билдаат добри резултати без разлика на кој начин

Дајте Барнсли да си играме :vozbud: :vozbud:

П.С. Вернер бе :'(
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Освен стандардната одбрана, јас би играл со истиов тим во среда. Канте евентуално доколку е фит. И Одои на местото на Пулишиќ.

Тами хет-трик, Маунт капитен, Гилмор одличен, многу добар и Вернер, само штета за пеналот.
Коректно попладне за да смириш душа малку.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.076
Поени од реакции
2.025
Интересен состав извади Лампард.
Ми се допаѓа третманот што му се дава на Маунт, може уште од времето на Тери не сме имале ваков однос на некој што ни е од погон на Челзи.
Гилмур мора да продолжи да игра.
Кепа имаше добри одбрани, ама таа топка му беше многу блиско да раце, мораше да ја одбрани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom