Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Дај оладете малку...
Што е виновен Чех кога одбараната е тотално деконцентрирана. Па нели гледавте што игра Еветон? Ми се лоши од вакви пацерски тимови. Од секој прекин, макар и да е на нивна половина, они нафрлаат во шеснаесетник. Не го оправдувам голманот, меѓутоа Чех да не е крив што примаме на последниве 4 натпревари во просек 2,5 гола на натпревар. Факт е дека изелгоа малку од ритам и Тери и Карваљо. Најсилната и најнесовладилива одбрана капитулира на невидено неверојатни начини послдениве 3 натпревари.
Вредно е сега да се остане цврсто на земја. Нема сеуште никаква криза ...доаѓа период на натпревари-зицери и можност за билдање на самодовербата пред одлучувачкиот дел од сезоната.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Што беше ова еј :tapp: не ми се верува, еден нормален гол да примевме немаше да ми беше криво. Одбраната беше тапа, особено за вториот гол, среќата ни го сврте грбот за првиот и третиот.
Чех не е ни најмалку крив, при третиот јасно му кажа на Дрогба да му ја остави, негова беше, ама Дрогба сакаше да ја избие и се случи, тоа е тоа.
Многу лошо, многу. Ајде ќе биде во следното коло. Мини криза е ова, ама да се надеваме дека брзо ќе ја пребродиме.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Реков вчера дека треба да земеме одбранбен играч и напаѓач (по можност САМ) :toe:

Само 2 дел гледав, имавме извонредна игра ама не победивме.
Чех за првиот гол се изглупира невидено.

Фантом што ти е крив Анелка, ко човекот игра повеќе плејмејкер отколку напаѓач, го има на секој дел од теренот.

Ај да не должам, и јас не сум баш у добро расположение
 
Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
не, не, вака челзи не треба да игра. некои играчи тотално се изгубија од кога отиде мурињо. знам дека помина неговото време во челзи, но кога беше тој се си имаше ред, грешки помалце се случуваа а кризи поретко фаќаа.

едноставно чудно ми е кога сега го гледам челзи. едно време кога ги гледав без да им видам фаца, број или без да каже коментаторот, препознавав кој играч е по движењата. дури и знаев која измена ќе ја направи мурињо, и кој ќе излезе на негово место.

сега се некако е многу конфузно. го нема тој ред, таа дисциплина
:pos2:

Зашто ли тогаш го избркаа ?

( Немора да ми кажеш јас знам, али очигледно ти незнаеш )
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
:pos2:

Зашто ли тогаш го избркаа ?

( Немора да ми кажеш јас знам, али очигледно ти незнаеш )
Пошо Абрамович се мешаше повеќе отколку што треба, а овој по природа си е курназ и бидна што бидна... :smir:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.553
Поени од реакции
1.813

Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
Пошо Абрамович се мешаше повеќе отколку што треба, а овој по природа си е курназ и бидна што бидна... :smir:
Така е ... Зошто Челзи ништо не играше у 2007-ма ( септември ) , никакви резултати еден Розенборг дома неможеа да го тепаат , Абрамович не му одобри трансвер за пари во јануари, почна некоја криза во тимот а овој си отиде како куче ( со изговори му се мешал во купувањето на играчи па во тоа време Балак и Шева беа едни од најаките играчи у свет ) , па како ли не му беа доволни тие играчи што ги изнакупува ( Мурињо ), а сигурно да продолжеше да седи на клупата не Челзи да не дадеше оставка сигурно ќе имаше катастрофални резултати таа година Челзи ( по мое мислење ). Каде каде заврши поголема работа Аврам него што ќе завршеше Мурињо. Колку што ми е у сеќавање тоа време Челзи беа патетични. Али тоа се други теми Него целиот муабет ми е дека нема потреба Yo Blow да критикува некого без основ ( немало дисциплина и ред други работи ) па кој се на табела Челзи ? :smir:
 
Nekoj IksDe

Челзијаш
Член од
17 септември 2009
Мислења
495
Поени од реакции
9

ако зборуваш за времето на Аврам, лошо се сеќаваш патетични Челзи беа на почетокот ама затоа за 1пат играа лига на шампиони и 2 беа во ПЛ
 
јас само го кажувам тоа што го гледам. не зборам вака оти ги мразам, туку оти сакам мојот омилен тим да победува и да меле се пред себе. но ова што го гледам сега околу тимот не чини. не сакам да се карам со тебе, само си кажувам мое гледиште, а ти ак осе согласуваш ок, ако не, пак ок :smir:
 
В

Вори

Гостин
Арапина засега сме први..
Ако вака продолжиме лесно Манчестер ќе излезе пред нас..
И после бркај ги цела сезона..
 
Жути*

Kévin Constant за победа !
Член од
20 јули 2009
Мислења
794
Поени од реакции
275
ако зборуваш за времето на Аврам, лошо се сеќаваш патетични Челзи беа на почетокот ама затоа за 1пат играа лига на шампиони и 2 беа во ПЛ
Лошо ме свати зборам за последните 2 месеци на Мурињо како тренер ( менаџер на Челзи ) Август и Септември пред да поднесе оставка. Кај што имаше еден куп критики за играта на Челзи кај што не можеа да тепаат никој катастрофални резултати во Лига Шампиони и ред други работи ... Каде што Мурињо побарал повеќе средства за да донесе играчи во Јануари а Абрамович не му одобрил ( сигурно зошто сметал дека има доволно играчи што сосема се согласувам ). И тука Мурињо си поднесе оставка каде што збореше дека немал однос со управата мешање во трансвери ( Балак и Шева што он нејќел да ги види во негов состав ) и ред други работи.

А Аврам супер работа заврши никој не го критикува него што според мене и може требаше да продолжи како тренер на Челзи.

Арапина засега сме први..
Ако вака продолжиме лесно Манчестер ќе излезе пред нас..
И после бркај ги цела сезона..
Ќе ти биде поинтересно првенството ( иако не навивам за Челзи само имам симпатии према тимот ) барем мене би ми било. :smir:

моментално како што гледам Астон Вила супер работа завршува. :baeh:
 
Nekoj IksDe

Челзијаш
Член од
17 септември 2009
Мислења
495
Поени од реакции
9
Лошо ме свати зборам за последните 2 месеци на Мурињо како тренер ( менаџер на Челзи ) Август и Септември пред да поднесе оставка. Кај што имаше еден куп критики за играта на Челзи кај што не можеа да тепаат никој катастрофални резултати во Лига Шампиони и ред други работи ... Каде што Мурињо побарал повеќе средства за да донесе играчи во Јануари а Абрамович не му одобрил ( сигурно зошто сметал дека има доволно играчи што сосема се согласувам ). И тука Мурињо си поднесе оставка каде што збореше дека немал однос со управата мешање во трансвери ( Балак и Шева што он нејќел да ги види во негов состав ) и ред други работи.

А Аврам супер работа заврши никој не го критикува него што според мене и може требаше да продолжи како тренер на Челзи.
Очигледно, мислев дека за Аврам Гранд збориш.....

ајде така само нека се држи Вила..... и со нерешено ќе сум задоволен ама моменталниов резултат е уште поубав
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Ceh da mi se kaci na Ku**v i da mi go ispusi ednas dve sezoni nemoze dve partii po red da svrze kako sto treba od koga se povredi za nisto ne go biva realno,moze ne e samo toj kriv ama ako nemas asolen golman ebati timot cela odbrana togas ke ti bide nestabilna...podobro neka mu davaat sansa na hilario barem ne kiksa tolku kako ceh ali toa e toa.Imame period na kriza a bas sega treba da izigrame bolje od sto igrame sega zs pocnuva toj prenatrupaniot raspored do nova godina...(sorry za latinica ne pisuvam od doma)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.734
Поени од реакции
43.995
Така е ... Зошто Челзи ништо не играше у 2007-ма ( септември ) , никакви резултати еден Розенборг дома неможеа да го тепаат , Абрамович не му одобри трансвер за пари во јануари, почна некоја криза во тимот а овој си отиде како куче ( со изговори му се мешал во купувањето на играчи па во тоа време Балак и Шева беа едни од најаките играчи у свет ) , па како ли не му беа доволни тие играчи што ги изнакупува ( Мурињо ), а сигурно да продолжеше да седи на клупата не Челзи да не дадеше оставка сигурно ќе имаше катастрофални резултати таа година Челзи ( по мое мислење ). Каде каде заврши поголема работа Аврам него што ќе завршеше Мурињо. Колку што ми е у сеќавање тоа време Челзи беа патетични. Али тоа се други теми Него целиот муабет ми е дека нема потреба Yo Blow да критикува некого без основ ( немало дисциплина и ред други работи ) па кој се на табела Челзи ? :smir:
Што освоија Челзи после Мурињо ? И зошто ако си толку голем експерт сменија низа тренери кој донесоа зеро успех освен еден беден ФА Куп.

Зборовите на Мурињо беа, доколку Абрамович се меша во мојата работа тимот ке пропадне, а доколку јас се мешам во неговиот бизнис тогаш тој ке банкротира.
Секој клуб според секоја здрава логика бира играчи кои тренерот ги наложува ко засилувања, а не еден Русин кој благе везе нема од фудбал. :smir:

Мурињо по мечот со Розенборг знаеш за што беше обвинет ? За тоа што на трибините немало доволно публика, пази, според логиката на Абрамович Мурињо бил крив за тоа. На крај краева до носењето на Балак и Шева, играчи кои Мурињо не ги сакаше, Челзи беа скоро и непобедливи во ПЛ, 2 години по ред беа шампиони. А овие двајцава беа балони што полека издишуваат, ако веќе доволно ги познаваше работите во Челзи тој период ( а очигледно е дека не ги познаваш ) ке знаеше дека Мурињо преферираше 4-3-3 систем со само 1 напаѓач, кој кур на тимот му требаше играч од калиброт на Шева ( кој според Абро МОРАШЕ да игра прв тим ) кога веќе го имаа фантастичниот Дрогба.

Не треси зелени дека биле врв форме и слично тие играчи, истите не му требаа на Челзи, освен нормално на Абрамович.
Што е најтрагично, оноа '' ако Абрамович се меша во мојата работа Челзи ке '' пропадне '' '' по одењето на Мурињо и носењето на Шева и Балак се реализира, од тогаш тие голема титула не виделе, факат кој дури ни твојата експертиза не може да го демантира, ајт. :wink:

А да, и Аврам заврши огромна работа, освои НУЛА титули, со едни Тотенхем дозволи на смешен начин водство од 2 гола ако не се лажам да го изгубат у последни моменти во меч ( за што беше критикуван од Дрогба ), со Виган дома прими гол во 93та минута од Хески, е тука Челзи ја изгубија и титулата ( погледни ја табелата таа сезона), така да, ја не гледам како тоа Аврам завршил супер работа, или според тебе оноа almost ке освоеше ЛШ и ПЛ е супер ? Зашто '' за малце '' во фудбалот е еднакво на ништо .

п.с. Фала му на Абро што овозможи Мур да дојде во Интер и да имаат тренер со шампионски менталитет и тренер кој не трпи неуспех. :wink:
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
п.с. Фала му на Абро што овозможи Мур да дојде во Интер и да имаат тренер со шампионски менталитет и тренер кој не трпи неуспех. :wink:
Што направија Интер бе во ЛШ со Мурињо жити сФе....Освен една титула во Италија кој што се натправарува со Ш екипи....
Него друго ми беше зборот...Многу му е падната формата на Петр Чех.Откога се случи таа катастрфална повреда на черепот,некако како кариерата да му одеше и му оди во надолна линија..Се сеќаваме каков голман беше кога беа челзи шампиони,и кога ја немаше таа заштитна кацига...Не знам ама човеков се послабо и послабо брани...Не знам стварно што е работата.Како второ цела одбрана одигра катастрофално.Тери ни една топка не исфрли надвор од шеснаесетникот,Карлаљо цело време како мува без глава се шеткаше,истото беше и со Астон Вила,овие нафрлаат Карваљо место да се бори,ги гледа спротивните играчи како шутираат со глава.Единсвена светла во одбраната беше Бане,кои што човекот стварно се бореше и испрати 2 асистенции,одеше се бореше во напад и во одбрана едноставно секаде го имаше...Лампард,Балак,Џо Кол,Микел,Малуда и Белети со еден збор ТИЊА....Анелка колку толку направи нешто во нападот даде бар 1 гол,а за Дрогба секоја чест,човекот ако му речат да игра 1 на 11 против цел противнички тим ќе игра бре,и ќе се бори,а не како другиве без желба...Нема со кој да игра да прави акции...Ах како би сакал да дојде Лисандро Лопез,што ли само ќе прават со Дрогба во нападот...ццццц.Доколку продолжи со ваквите лоши партии Чех,мислам дека би можел Анчелоти да бара соодветна замена..на пример Игор Акинфеев не е лош...Ќе покаже времето во секој случај...4 меча без победа...Може комотно ако не во криза,да се рече дека сме во мала криза...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom