Барзаљи да, Варгас не.
Барзаљи доаѓа како надополнување/замена за Уфо. Ујфалуши прикажа блескави партии во вилетовиот дрес и јас му сум благодарен за тоа и му посакувам се најдобро во Атлетико. Сепак гледам достоен негов заменик во Андреа... кој е доста потценет. Ако успее да ја темпира својата форма точно за Европското, мислам дека ќе го истисне Матераци од првата постава. Добро Европско првенство/Светско првенство, резултира со добра сезона.
Друго Фиорентина има одличен лев бек. Пасквал!
На кого му треба Варгас, кога во тимот игра еден Пасквал?
Плус, перуанецот е претерано офанзивен, па... кој ќе ги покрива неговите празнини? Барзаљи е пребавен, Кролдруп е склон на киксови. Затоа подобро еден искусен и стандарден Пасквал него, некој експлозивен и слаб во дефанзива бек. Всушност Варгас е повеќе лево крило него ли, лев бек. Фиорентина игра со 4-3-3 формација со Муту како лево крило, па пак ќе прашам кај ќе го ставите Варгас. Да не споменувам дека вреди најмалку 15 милиони евра... таков играч е создаден за во Шпанска лига, евентуално може да се снајде во Рома, која форсира игра со офанзивни бекови. Значи, не очекувајте да го видите Варгас следната година.
И за крај, супер засилување е бразилецот Мело. Овој играч од средниот ред беше еден од најдобрите играчи на Алмерија, која ги остави подзинати устите на сите фудбалски стручњаци во Шпанија. Немам зборови, ќе видите што само доби Фиорентина за 12 милиони евра, ѕверка. Добро ќе биди годинава, да се аклиматизира овој играч со Ливерани па полека да му се ослободи место во стартните 11 за сезоната 2009/10. Не би се зачудил ако успее уште оваа сезона да го истисне Ливерани од првиот тим. Тоа што фали во Фиорентина е уште еден напаѓач за да се зголеми конкуренцијата... со заминувањето на Виери, ќе се направи голема празнина. Кој ќе ја пополни, не знам. Сепак сум скептик кога е во прашање Џилардињо, подобро да се обидеа со некој од плејадата јужноамериканци кои сезонава ќе се растоварат на Чизмата. Или пак сега се сетив, на трансферлистата е еден Диего Милито, па зошто да не се обидат со него?
Форца Виола.