Браун не погоди продолженија КВАДРИПОЛ БРАШОВ - ФЕНИ ИНДУСТРИ 87:86
(22-25; 21-18; 21-27; 23-16)
Сала ДП "Колибаши". Гледачи: 700. Судии: Цеков-Пелтеков-Јанкулов (Бугарија)
Сала ДП "Колибаши"- Брашов. Гледачи:. Судии:
Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин. Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин.
Мандаше 8 0/2 3/7 2/4 2 2 19:00 Ангеловски - - - - - - -
Вељовиќ 4 0/0 1/1 2/4 3 1 21:00 ПРЕКОВИЌ 16 4/7 2/2 0/0 1 5 37:00
ДРАГУШИН 29 0/0 10/12 9/14 9 0 40:00 Баснарков - - - -- - -
ХАЏИБУЛИЌ 10 0/1 4/4 2/4 3 1 22:00 БРАУН 6 0/0 2/3 2/4 2 2 26:00
Паличиу - - - - - - - КОЛ 25 2/3 9/13 1/2 6 3 29:00
Михаи - - - - - - - Јанески - - - - - - -
ДОУСОН 11 1/4 2/4 4/8 4 1 40:00 Димитријевиќ 5 1/2 1/1 0/0 3 2 17:00
Миловиќ 20 1/3 6/8 5/6 3 1 35:00 ГОЦЕВСКИ 10 0/3 4/6 2/4 6 1 29:00
Ислеам 0 0/0 0/0 0/0 0 0 01:00 Ѓуров 6 0/1 3/3 0/0 4 0 14:00
МИЈАЈЛОВИЌ 0 0/0 0/0 0/0 0 0 02:00 Неделков 0 0/0 0/0 0/0 0 1 05:00
Маринковиќ - - - - - - - Михајловски 6 0/0 3/4 0/0 3 0 10:00
ХАРТМАН 5 0/2 2/5 1/1 2 1 20:00 САМАРЏИЕВ 12 2/8 1/3 4/6 3 2 33:00
Вкупно: 87 2/12 28/41 25/41 26 7 200 Вкупно: 86 9/24 25/35 9/16 28 16 200
Тесен пораз од 86:87, на отворањето на 2009 година и новата сезона, за Фени Индустри на гостувањето кај Квадрипол во Брашов.
Малку тие, а многу повеќе судиската тројка, се виновни за втората загуба на македонскиот првак во Балканската лига, кој може да има рефлексија во конечниот збир на табеата во групата "Б".
Во еден израмнет натпревар, во кој ниту еднаш двете екипи немаа во цифрена предност, Фени Индустри испушти шанса да го потврди првото место.
На шест секунди пред крајот Талик Браун беше само делумен од линијата за слободни фрлања, па победата остана за романскиот тим.
Македонскиот шампион подобро го почна натпреварот. По нецели две минути игра, Фени Индустри имаше 7-0, за прв домашен тајм-аут.
Плус 8, кавадарчани имаа и во 5. минута (16-8), потоа и 18-10, што беше и највисокото водство на една екипа во првото полувреме.
Уште подобро почна Доналд Кол, и тоа со осум поени на стартот. Но на спротивната страна, "портокаловите" немаа решение за Драгушин, кој само во првото полувреме реализираше 17 поени.
Само две минимални водства имаше Квадрипул Брашов, (31-29), во 13, односно 38-36, во 16. С$ друго беше на страната на мак-шампионот. Но по 20 минути игра беше нерешено, 43-43.
Лошо продолжение имаше Фени Индустри во овој дуел. За нецели три минути, двајцата најдобри дефанзивци, Браун и Ѓуров добија по 4 лични грешки. По петте поени во серија на Кол за (48-43) за Фени И., домаќинот со серија 8:1, го врати водството (51-49), и тоа по заслуга на агилниот Миловиќ (направи неколку офанзивни скокови).
Беше јасно дека до крајот ниту еден од двата тима нема да "избега" на голема позитива, што се покажа и како точно.
Решението околу победникот падна во последните секунди од натпреварот, за жал, на крајот, со лошо сценарио за нашиот претставник.
Со 25 постигнати поени Доналд Кол беше прво име во Фени Индустри. Двоен број поени запишаа уште и Прековиќ, 16, Самарџиев 12 и Гоцевски, 10.
На другата страна, одлично издание на тандемот Драгушин-Миловиќ, кој искомбинира повеќе од половина поени за Брашов - дури 49.
Енес Хаџибулиќ застана на бројката од 10 поени, 3 скока и една асистенција за 22 минути од играта.