СВЕТСКАТА ФИНАСИСКА КРИЗА НЕ ГО ОДМИНА НИТУ ФЕНИ ИНДУСТРИ
Шампионот го скрати буџетот!!!
Глобалната ситуација во Европа, па и во светот, пред се финансиска, извесно е дека нема да ја промаши ниту Македонија. И тоа на највисокото можно ниво, особено кога се говори за спортот, поточно кошарката. Имено, од вчера, раководството на Фени Индустри, во моментов водечката екипа и бранителот на двата домашни трофеи, донесе одлука дека со оглед на околностите, како превентивна мерка за колапс на клубот, го редуцира целокупниот буџет на клубот за 50%.
Како што информираа челните луѓе на Фени Индустри, оваа непосакувана одлука доаѓа токму како резултат на глобалната ситуација, односно поради намалувањето на спонзорството на генералниот Спонзор на клубот Фени Индустри АД Кавадарци, кој како што е добро познато, се труди да го надмине тешкиот период во кој се наоЃа обоената металургија во светот.
Согласно со новонастанатата ситуација, раководството на актуелниот македонски шампион, и лидер на една од двете групи на Еврохолд БИБЛ лигата, со потврда дека почнувајќи од првиот месец од 2009 година, ќе ги намали платите на играчите и стручниот штаб.
Клубот им изразува посебна благодарност на сите играчи кои одлучија да останат во клубот и покрај тоа што платите ќе бидат намалени. Освен тоа да се заблагодари и за постигнатите врвни резултати како во домашната, така и во Еврохолд Балканската лига. Согласно со тоа иод раководството на клубот се вели дек во целост ги разбира оние играчи кои Ќе одлучат да го напуштат клубот и воедно им посакува се најдобро во иднина. Посебна благодарбност оди на надреста ана шефот на стручниот штаб, Емил Рајковиќ, особено за одличните резултати кои ги постигна со клубот, но и за неговата подршка во овие теШки моменти кои ги преживува клубот.
Б. Радуловиќ
Посебна благодарност до Даскалакис и Мистракис
И во онаа нималку розова ситуација во која се најдоа кавадарчани, не забораваат на оние кои даваат особен придонес во одржувањето во Ќживот на кошарката во кавадарци. Затоа управата на КК Фени Индустри му се заблагодарува на генералниот директор на Фени Индустри, г-динот Константинос Даскалакис, како и на членот на Управата г-динот Јоанис Мистракис.