Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
Ништо од сигурниот опстанок во лигата :гик:
Локомотива се премислија и се вратија во лигата. Какви циркузи човече...
Мечот со Љубанци не го одиграа и го загубија со службени 3-0.

После сите перипетии табелата изгледа вака:
1. Љубанци 19 бода (7 меча)
2. Кадино 16 бода (8 меча)
3. Маџари Солидарност 15 бода (7 меча)
4. Фортуна 13 бода (7 меча)
5. Драчево 10 бода (8 меча)
6. Локомотива 9 бода (7 меча)
7. Илинден 9 бода (7 меча)
8. Гоблен 6 бода (7 меча)
9. Беса 6 бода (6 меча)
10.Славија 6 бода (7 меча)
11. Раштак 4 бода (7 меча)

Со оглед на тоа што веќе наредно коло гостуваме кај Љубанци, очекувам да го превземеме фенерот од Раштак во наредново коло :icon_mrgr:
До крај на полусезона играме со Фортуна дома и дербито на дното со Љубанци на гости. Се надевам ќе чепнеме уште некој бод...
Патникот за општинска лига ќе се бара меѓу Илинден, Раштак и Славија. Со оглед на тоа што овие екипи имат добри односи со дел од екипите ќе си добијат сигурни три бода од некои мечеви. Ние со никој не сме блиски, така да, коефициентот да испаднеме според мене е 1.10 :гик:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
Уште еден пораз во лигата во која очигледно судиите имаат нешто против нас :facepalm:
Ајде за срамното судење во баражот викаа дека некој им кажал дека ќе сме им го продале местото на Башкими, па демек затоа така суделе, ама што ќе кажат за тоа што со години ни судат катастрофално и тоа сред Пржино? :eek:

Славија-Фортуна 1-2!
Падна договор меѓу двете екипи да се изигра еден фер и коректен меч, каков што во глобала во поново време секогаш сме имале со Фортуна. Со оглед на тоа што голем дел на играчите на напуштија, сепак имавме каков-таков состав, иако гостите беа за нијанса подобри.
Натпреварот не изобилуваше со шанси, но гостите повеќе ја имаа топката, додека ние напаѓавме по контри.
Во прво полувреме имаше скромно одмерување на силите, се додека гостите не постигнаа одличен гол од слободен удар, кој рака на срце иде на душа на голманот на Славија, Наумовски. Топката му тапна во петерецот, лошо отскокна и влезе во голот, но ни голманот не беше добро наместен.
Во првото полувреме освен некои јалови напади на Славија немаше нешто особено.
Еден од нашите играчи трчаше по целиот терен и играше поцврсто во дуелите, па дојде до мала закачка меѓу него и играч на Фортуна.
Значи мечов не беше со остри стартови и расправии меѓу играчите, туку кај нашите фудбалери постоеше гнев што судијата Ризовски (добро познато копиле) постојано не ги санкционираше нивните фаули. Нашиве стартуваа два пати поостро и одма два жолти. Играчот на Фортуна што го споенав погоре, влезе со одмазднички старт но доби само предупредување, а при наредниот фаул доби и жолт.
Имавме добар влез во шеснаесетник преку Даиловски, но добрата топка која ја додаде, не ја погоди никој од нашите осамени играчи.
Во второ полувреме тргнавме пофанзивно, но Фортуна имаа доста добра одбрана. Не беа некои копачи, туку помлади играчи, конечно го смениле стилот на игра.
Едноставо секоја топка ја собираа која доаѓаше во шеснаесетникот.
Натпреварот се разгори откако судијата свирна пенал за Фортуна :confused:
Доста сомнителна ситуација, иако можеби и беше пенал. Го реализираа за 0-2 и тука почна интересното во утакмицата.
Играчот на Фортуна кој единствен играше прљаво стартуваше многу неспортски врз Насевски и си доби втор жолт и црвен. Насевски поради повреда мораше да го напушти теренот.
При слободниот удар, постигнавме гол, односно играчите на Фортуна ја извадија топката од позади гол-линијата.
Судијата не досуди гол и максимално не оштети по што беше бркан по теренот :icon_mrgr:
Ептен ги потиснавме со играч повеќе, два удари завршија крај голот, за по една добра акција Даиловски да намали на 1-2 на 10 минути до крај.
Тргнавме напред со 5 напаѓачи :pos:
Ама при една контра и обичен дуел, судијата му покажа втор жолт на наш играч и црвен автоматски,по што целата екипа им навлезе на судиите :гик:
Копилињата се усраа, ама имаа среќа што имаше присебни играчи и полиција за да не го јадат стапот.
Секоја утакмица е иста приказна со тоа волето Ризовски, уфилман до небо...
Покажа 3 црвени картони на наши играчи, а тој волот помошникот си заработи и по некоја заушка. Ќе се расплачеше крв му ебам негова. Пушат кур на шкониве, пошто знаат дека во спортивно таму ќе ги обесат, ти ебам лигата пичкарско шконска.

И покрај тоа што останавме со 8 фудбалери имавме две шанси, но еднаш ударот заврши над голот, а при една добра акција, голманот на Фортуна спаси сигурен погодок.
Судијава не даде ни продолжение по што уште толку го навлече гневот на играчите на Славија и публиката, па имаше бркање по терен и уште еден црвен картон, вкупно 4 за нашата екипа...

Милам дека после ова тешко дека ќе продолжиме со натпреварување во лигава.

И одма се собраа и копилињата џандарски, сто дифендери дојдоа, никаде во трета лига нема толку полиција, за да го извадат тоа лигушот од терен...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И што треба да значи ова во пресрет на дербито за 7 дена? :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
И што треба да значи ова во пресрет на дербито за 7 дена? :D
Дека или нема ни да се игра натпреварот (реално не ни имаме играчи, 4 со црвени) или пак ќе се отиде да се одигра ради реда :)

Штета во каков правец отиде сезонава.
Реално на почеток имавме супер тимче, плус дојдоа уште неколку добри играчи, и со тек на време ќе бевме подобро со сигурност. Земавме бодови во ненаместени утакмици кај Кадино и Драчево, и пред главните мечеви со Раштак и Локомотива на мал фудбал ни го повредуваат најдобриот играч.
Со Раштак губиме победа во последни минути, со Локомотива не користиме чисти шанси и потоа примаме пацерски голови за пораз во Карпош, по што настанува нарушување на атмосферата во тимот, заминување на одредени играчи и тотален распад систем...

Неколку играчи остануваат и плус со дел од резервите се играат чисто ради реда останатите мечеви, за тимот да се комплетира колку-толку пред мечот со Љубанци.

Заборавив да споменам, Љубанци-Славија 3-2 во минатото коло, два гола постигна Ниотис, повратникот во тимот.

Денеска пак немавме ни 30% слична екипа со онаа на стартот, ама ипак колку-толку се подобри атосферата во тимот и на крај судиите ти поништуваат голови и ти даваат 4 црвени (не се видело ни чуло во трета лига) за да загубиш...

И тоа е тоа, наредна година општинска, освен ако не се откаже некоја екипа :)

Штета е за некои играчи да играат во општинска лига, пошто во тимот имаме поединци што трчаат повеќе од прволигашкине фудбалери и се трудат премногу, ама тоа е тоа...
 
Може да се стегнете бе, уште ништо не е изгубено, може Раштак да испадне. Ние ќе ви дадеме 3 бода у Пржино 100%.

Тој Ризовски треба да јаде еден асален селски ќутек, онака бумбар да го напраат, као Симе коа му ја изместија фацата у Струга, му ебам тоа прокељавото копиле шугаво!!!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.242
Поени од реакции
84.271
Славија во Југославија играше во општинска?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
Славија во Југославија играше во општинска?
Нема играно во Југословенските лиги, максимум втора Македонска :) (освен ако таа не ја сметаш за општинска :D).

Има доста имиња сменето клубот, имиња како Југопетрол, Фас Славија (фузија на Славија и Фас 11 Октомври), Славија Алфа-ес, ЈСП Скопје, па пак Славија, и последното е Славија Пржино :D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.242
Поени од реакции
84.271
Нема играно во Југословенските лиги, максимум втора Македонска :) (освен ако таа не ја сметаш за општинска :D).

Има доста имиња сменето клубот, имиња како Југопетрол, Фас Славија (фузија на Славија и Фас 11 Октомври), Славија Алфа-ес, ЈСП Скопје, па пак Славија, и последното е Славија Пржино :D
Има бре играно. постоеше стадионот, па ја сум бил на утакмици, живеев во Кисела Вода. (и на ФЦУ идев)

edit: Ти у ствари сакаш да ми кажеш дека тогаш клубот нема излегувано да игра во лиги надвор од републичкиве, ако на тоа мислеше ОК
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
Има бре играно. постоеше стадионот, па ја сум бил на утакмици, живеев во Кисела Вода. (и на ФЦУ идев)

edit: Ти у ствари сакаш да ми кажеш дека тогаш клубот нема излегувано да игра во лиги надвор од републичкиве, ако на тоа мислеше ОК
Да, има играно само во републичките лиги :D

Клубот во Пржино се има преселено некаде накај 1975 :)
Населбата секако не постоела пред земјотресот (имало село Пржино (делот од Пржино кој бил одма до денешна Кисела Вода), дел од населбата кое до ден денес го викаат "во селото":D) ...
Претходно според некои мои извори, клубот играл на некој стадион кај денешно МВР (Милиционар или така нешто).
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
ќе се игра ли викендов?
Господ знае до каде е првенството...
Ние треба да бидеме слободни во првото коло, бидејќи Драчево се откажа од лигата...
Нели требаше минатата недела да е првото коло?
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.552
Поени од реакции
1.548
требаше минатата да е првото ама се одложи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom