Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.696
Изгледа сме рекордери со 4ри последователни полифиналиња во европски натпреварувања, три во Лига Европа и едно во Конференциска Лига, ако го поминеме Леверкузен, ќе имаме 3 европски финалиња по ред
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.765
Поени од реакции
83.245
Изгледа сме рекордери со 4ри последователни полифиналиња во европски натпреварувања, три во Лига Европа и едно во Конференциска Лига, ако го поминеме Леверкузен, ќе имаме 3 европски финалиња по ред
Ова рекордери го толкуваш само како за Рома во цела нејзина историја што го нема никоја генерација предходно направено, или збориш општо за сите клубови? Дека знам Реал има 7 пати по ред финалиња, Јуве има 3 по ред финалиња итн...

Честитки за пласманот понатаму btw :)
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.696
Ова рекордери го толкуваш само како за Рома во цела нејзина историја што го нема никоја генерација предходно направено, или збориш општо за сите клубови? Дека знам Реал има 7 пати по ред финалиња, Јуве има 3 по ред финалиња итн...

Честитки за пласманот понатаму btw :)
Зборев општо за сите клубови, ама еве ти со Реал ме демантираш, ако си сигурен, јас затоа пишав "изгледа" пошо не сум сигурен :)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.201
Поени од реакции
3.200
Ова рекордери го толкуваш само како за Рома во цела нејзина историја што го нема никоја генерација предходно направено, или збориш општо за сите клубови? Дека знам Реал има 7 пати по ред финалиња, Јуве има 3 по ред финалиња итн...

Честитки за пласманот понатаму btw :)
Италијански рекордери се Рома со 4 полу финалиња по ред..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.696
Тутоспорт пренесува Рома заинтересирана за Киеза, наводно застанале преговорите за нов договор, а Киеза има уште една година од стариот договор. Со Де Роси биле доста блиски кога Даниеле беше у стручниот штаб кога освоија европско
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.201
Поени од реакции
3.200
Ајде малку со ладна глава..

Ново полу финале за Рома во ЛЕ а истиот противник од лани, Леверкузен.
Вчера бевме сведоци на наелектризирана публика , 11 па подоцна 10 гладни волци кои срцето на терен го оставија..
На Челик воопшто тоа не му требаше. Денес сигурно ќе беше бомбардиран од критики да беше друг крајот и да испадневме.. Човекот се извини на соиграчите како што личи зошто ептен ги утепа у поим.. Памет во глава Турче знаеме дека беше испофален после 1 меч па сега она селското топка поминува играч не..
-Свилар сигурен и умешно крадеше од секундите и минутите..
-Љоренте ѕид, 3-4 топки во 2 пол. му блокираше на Леао..
-Смолинг педантен, се исчисти синоќа не се осеќа дека го немаше повеќе од пола сезона..
-Манчо бе луда главо.. Ти си или Серхио Рамос ?? Го реши дербито па два пати стрелаше со Милан..Прав капитен и ако е 3 по ред..
-Паредес прав воин..Изгази братот..Како Де Роси и Наинголан да му всадиле од нивниот прајм..
-Пелегрини капитенски,изгина..Искрено делува на светска класа овој фудбалер од кога дојде Де Роси..Под Мурџо на ништо не личеше и бев прв за негова продажба..
-Бове во 1пол имаше грешки но во остатокот од мечот со пожртвуваноста ги сокри грешките..
-Дибала магија од играч,прекрасен гол.
-Лукаку ѕвер многу придонесе во двата натпревари..
-Де Роси чиста 10-ка оценет од сите спортски новини..Нема зборови и простор за критика.
-За крај човекот кој е нај вреден,нај тивок, човекот кој ќе ја игра секоја позиција на теренот дури и меѓу стативите..Дами и господо Стефан Ел Шарави..Би рекол МВП на овој двомеч..Изгина ја имаше најтешката задача да му помага на Челик и ги удвојуваат Тео и Леао..

Следи нај пеколниот распоред за нас..
Во следните 20 дена Рома има 6 натпревари со можност тука некаде да се уфрлат 20те минути со Удинезе помеѓу Болоља и Наполи 25 април за кој датум Рома не се сложува и бара да се одигра во мај на датумот кога ќе се одигра и Виола-Аталанта исто така заостанат натпревар..
1.Рома - Болоња
2.Наполи - Рома
3.Рома - Леверкузен
4.Рома - Јуве
5.Леверкузен - Рома
6.Аталанта - Рома

Следат натпревари на секои 3 дена идеме јако и да не заобиколат повреди..
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.201
Поени од реакции
3.200
Удинезе - Рома официјално на 25 април.
Три клубови биле против да се одигра во некој термин во мај. Трите клуба се Верона,Аталанта и Емполи..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.696
Незнам дали некој клуб има одиграно во две недели 5 утакмици, односно во една недела 3 утакмици, 22ри Болоња, 25ти Удинезе и на 28ми со Наполи.. а веќе другата недела на 2ри со Леверкузен, а на 5ти со Јувентус, па 9ти повторно со Леверкузен и 12ти со Аталанта.

Од како пратам Рома, 25 години веќе, ваков густ и тежок распоред не сме имале
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.201
Поени од реакции
3.200
Рома - Болоња 1 : 3

Дофатот на 4тото место стана невозможна мисија.Дали ќе успееме да го задржиме 5тото место кое е последниот воз за ЛШ преку калчо лигата ќе видиме..
По мојата математика уште пред некој ден за 5то место доволни беа 68-70 бодови..Е сега ние имаме 55 бода со 5 цели натпревари и еден од 20 минути в четврток.За оваа цел ни требаат 4 победи минимум и некој нерешен резултат по можност да се остане не поразен на гостувањето во Бергамо..
Во четврток против Удине мора да се оди на све или ништо..Со бод ништо не правиме,тотално ништо..Победа пак не ни гарантира ништо затоа што Аталанта тој заостанат натпревар ќе го игра во некој небитен термин и кога ќе си ја знае Виола судбината во серија а..
Ќе има измена што е дозволиво поради повредата на Лукаку ќе почне Азмун и секако друг играч место Н'дика..
Четврток 20:00 часот да се испере поразот од вчера..
Но ајде чекор по чекор и настрана математиката да се навратиме на поразот од вчера ..
Зошто таа нервоза од старт на натпреварот ? Премногу нервозно влегоја фудбалерите ,џабе беа и пораките во текот на натпреварот од Де Роси за смиреност..Место после да влезат со голема мотивираност ,ентузијазам и сл после онаа победа над Милан они баш спротивно од тоа..
Колку не сакав да испаднам во право но ете полека се остваруваат моите претпоставки дека ЛЕ си го зема данокот.
После Милан во два меча имаме еден активен нерешен резултат и пораз..
Немаме ние толкав квалитет за на овие два фронта нарочито и со распоредот што ни е..Каде да се насочиме сега ? Што да се избере бркање на 5то место или пехар во Европа ? Лани видовме со Мурџо како завршивме и со кражбата во финалето..
Околу играта огромна 0 беа Пелегрини и Дибала на нивна грешка го примивме 1 и 3 гол..Никој ништо посебно не изигра сем Шарави кој имаше 2 одлични шанси за гол и Паредес..
Абрахам не е за од 1 минута па затоа Азмун ќе стартува во четврток.
Абрахам е силен само со уште 1 партнер до него за сам шпиц не е..Би било добро да се земе некоја пара на лето од него..
Многу, многу фалеше Лукаку вчера друго е кога ќе ти навлече двајца играчи со себе..Многу влијае на играта Лукаку кој за жал и во недела со Наполи ќе биде под знак прашалник..
Главен лик за нас беше судијата Мареска.
Ја осети таа нервоза Наполитанецот и за секој додир он вадеше жолт картон..
Дури 4 жолти човече ни акна во 1 полувреме..
Никако не можам да го разберам жолтиот на Паредес кој е фаулиран едноставно се врти кон судијата го погледнува и овој баааам жолт и суспензија против неговиот Наполи..
Истото му го направи и на Љоренте само што го праша судијата овој толку чекаше бааам жолт и суспензија и за него против Наполи..Не удре највише кај што болеше.
Имам осечај дека намерно ФИГЦ има нешто против Рома..Прво не ни излегоја во сусрет за некаде во мај да се доигра со Удинезе и поставувањето на мареска за главен арбитар пред Наполи - Рома и делење жолти картони како на филмска лента..Тие ФИГЦ нека си стават прст на чело и овој успех за што Италија добива 5то место во ЛШ е најголема ама најголема заслуга на Рома кои успесите ги имаше изминативе 4-5 години во Европа покрај Интер што исто така придонесе со ланската сезона..

Нов спортски директор се шушка дека ќе биде Николас Бурдисо кому договорот со Виола му истекува во јуни..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.696
Мора да признаеме Болоња изненади со многу организирана игра, Али нашите беа многу уморни, незнам како ќе го поминеме овие две недели
Автоматски споено мислење:

И да, Киеза бил во контакт со Де Роси за потенцијален трансфер во Рома. Доколку обезбедиме пласман во ЛШ ова и не е толку нереално освен ако Јуве се заинатат и не сакаат да ни го дадат, наводно барале 14мил евра пошо има една година од договорот, што не верувам дека е точно, сигурно сум прочитал на некој фалш сајт, Али па не верувам дека ќе биде повеќе од 20-30мил и сигурен сум дека ќе ни бараат еден од најдобрите младинци и ќе го вреднуваат околу 5мил евра :D

Од друга страна покрај Дибала кој исто сака да остане и да продолжи договор незнам колку е паметно да имаме два инџури проун играчи, башка овој мислам дека вкрстени лигаменти кинеше.
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.201
Поени од реакции
3.200
Мора да признаеме Болоња изненади со многу организирана игра, Али нашите беа многу уморни, незнам како ќе го поминеме овие две недели
Автоматски споено мислење:

И да, Киеза бил во контакт со Де Роси за потенцијален трансфер во Рома. Доколку обезбедиме пласман во ЛШ ова и не е толку нереално освен ако Јуве се заинатат и не сакаат да ни го дадат, наводно барале 14мил евра пошо има една година од договорот, што не верувам дека е точно, сигурно сум прочитал на некој фалш сајт, Али па не верувам дека ќе биде повеќе од 20-30мил и сигурен сум дека ќе ни бараат еден од најдобрите младинци и ќе го вреднуваат околу 5мил евра :D

Од друга страна покрај Дибала кој исто сака да остане и да продолжи договор незнам колку е паметно да имаме два инџури проун играчи, башка овој мислам дека вкрстени лигаменти кинеше.
За 20 се исплаќа да се собере Киеза но Јуве го сака Манчини така прочитав на еден итал. сајт..Јас искрено таа луда глава само за Мбапе би го мењал..
Рома и Јуве знаат да соработуваат и ништо не би ме изненадило во блиска иднина..Мислам и за велигден 3те бода остануваат на Олимпико..
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.201
Поени од реакции
3.200
КРИИИИИИИИИССССС-ТАНТЕЕЕЕЕ
Удинезе - Рома 1 : 2 во доигрувањето од прекинатиот меч..
Екстремно важни 3 бода во борбата за ЛШ овие 3 бода се првиот чекор а допрва следат пекол натпревари.

Табела :
5. Рома 58
6. Аталанта 54 и натпревар помалку
7. Лацио 52
8. Наполи 49

Викендов 34 коло

Наполи - Рома
Аталанта - Емполи
Лацио - Верона
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.059
Поени од реакции
661
Lazio ne veruvam deka moze da se mesa za top5 , Roma i Atalanta se vo igra , a so denesnata pobeda pa i so pobeda protiv Napoli ( siguren sum deka ke pobedite ) Roma e so edna noga top5
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.201
Поени од реакции
3.200
Lazio ne veruvam deka moze da se mesa za top5 , Roma i Atalanta se vo igra , a so denesnata pobeda pa i so pobeda protiv Napoli ( siguren sum deka ke pobedite ) Roma e so edna noga top5
Имаш кафе и боза ако го тепамо Наполи..
Тешко они да пуштат големо е ривалството помеѓу Неапол и Рим ,глави летале во минатото..Не дека не можеме, со машка игра само до 3 бода..И веројатно како што кажа со 1 нога сме таму во ЛШ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom