Надал и Касиљас убедени дека Реал повторно ќе слави на Ноу Камп
Голманот на Реал Мадрид и тенисерот број 1 во светот Рафаел Надал велат дека Кралскиот Клуб ќе победи со 1-0 во големото дерби против Барса кое се игра на 14 декември
На денешната пресконференција одржана по повод хуманитарната манифестација која ќе се одржи помеѓу, Екипата на Икер и Екипата на Надал со цел обезбедување сретста за борба против Мларијата, двајцата успешни Шпански спортсити прокоментираа околу големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид. “Рафа и јас сме убедени дека повторно ќе победиме на Ноу Камп со 0-1.” – рече Касиљас.
Хуманитарниот натпревар ќе се одржи два дена по големото дерби и иако сеуште не се знаат сите играчи кои ќе настапат, Касиљас и Надал ветуваат интересни натпревари.
Манифестацијата ќе има три дела, фудбалски натпревар, тениски натпревар и трка со картинзи.
“Сеуште не сми го потврдиле сите учесници, но сигурно ќе бидат присутни, Фернандо Алонсо, Давид Ферер, Новак Џоковиќ, и Хуан Карлос Фереро.”